Талат Џафери се сретна словенечкиот премиер Марјан Шарец

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Словенија,  Марјан Шарец.

Посакувајќи му топло добредојде и изразувајќи задоволство од повторната средба, претседателот Џафери ја искажа благодарноста за континуираната помош и поддршка на Република Словенија во остварувањето на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ. Како држави со заедничко минато кои решија самостојно да го остварат својот пат како држави, бевме исправени пред многу задачи. Вие успеавте прилично брзо да ги завршите и да станете земја членка на НАТО и ЕУ и продолживте да ни ја давате вашата безрезервна поддршка на тој пат, оцени Џафери. Претседателот Џафери го информираше претседателот Шарец дека Република Северна Македонија за релативно краток временски период успешно ги надмина отворените прашања со Република Грција и Република Бугарија и го отвори патот за членство во НАТО, како и за процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО, кој бележи поголема динамика од претходните членства, особено поради фактот што за 9 месеци имаме заокружени ратификации во 23 земји членки со очекување следната 2020 година тој процес да заврши и земјата да стане полноправна членка во НАТО. Притоа, тој ја искористи приликата да и се заблагодари на Република Словенија за првата ратификација на Протоколот по Република Грција оваа година. Во однос на ЕУ, претседателот Џафери изрази очекување дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот Самит на Советот на ЕУ.

Претседателот Шарец констатираше дека Република Северна Македонија направи оргомни напори и инвестираше многу во процесот за зачеток на евроатлантските процеси. Како земја пример во регионот за заеднички соживот, земјата заслужува да отпочне преговори и да биде самостојно оценувања за нејзините досегашни достигнувања, со што ќе може реално да направи придвижување во својот евроинтегративниот пат. Тој го увери претседателот Џафери дека Република Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ да ги убеди европските партнери дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Двајцата соговорници беа согласни дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи со несмален интензитет на поле на економијата, културата и во други области од заеднички интерес, а дијаспората да служи како мост на поврзување и унапредување на соработката на овие полиња, се наведува во соопштението од Собранието.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер