Тајван го проширува производството на чипови во Европа, почетна точка е Германија - Канал 5

Тајван го проширува производството на чипови во Европа, почетна точка е Германија

Една од најголемите светски компании за чипови и полупроводници TSMC планира да изгради повеќе фабрики во Европа, со фокус на пазарот за чипови за вештачка интелигенција (AI), според високиот тајвански функционер Ву Ченг-вен.

Тајван го проширува производството на чипови во Европа, почетна точка е Германија

„Тие ја започнаа изградбата на првата фабрика во Дрезден и веќе планираат уште неколку фабрики во иднина за различни пазарни сектори“, рече тој во интервју за ТВ Блумберг.

Ву не ја прецизира временската рамка за понатамошното проширување на тајванскиот производител на чипови во Европа и изјави дека самата компанија ќе треба да процени дали да ја прошири својата прва европска фабрика во Дрезден или да започне со изградба на нови капацитети во други области на Европската унија.

Прекуокеанските фабрики на TSMC, исто така, создаваат можности за блиските земји и градови да обезбедат инвестиции за нивните добавувачи, а Чешка веројатно ќе има најголема корист од локацијата Дрезден, која е блиску до границата со Чешка, додаде њујоршката агенција.

Како што е наведено, фабриката во Дрезден е заедничко вложување меѓу компанијата TSMC, која поседува 70 отсто од акциите, и компаниите Robert Bosch, Infineon и NXP Semiconductors, а фабриката формално ќе биде назначена со кратенката ESMC.

Во фабриката ќе се инвестираат вкупно 10 милијарди евра и се очекува да се отворат околу 2.000 директни работни места за висока технологија.

Минатиот август, тајванската TSMC донесе стратешка одлука за првпат да го прошири својот производствен капацитет во Европа и да изгради фабрика во Германија, привлечена од владините стимулации во Берлин, објавија медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари.

Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места.

ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.

Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови

Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер.

Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри.

Меѓу загинатите, наводно, има и деца.

Некои од патниците биле заробени во уништеното возило.

Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Виткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според податоците од услугата Flightradar.

Авионот Боинг Ц-32А слета на аеродромот во Жешов околу 2:30 часот по московско време, додека истиот авион полета од московскиот аеродром Внуково околу 00:30 часот, според рускиот портал „Известија“.

Разговорите во Москва меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траеја три часа и 10 минути, според рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков. Разговорот беше суштински и отворен, оценет како конструктивен и доверлив.

Путин изрази голема доверба во овој процес, нагласувајќи ја корисноста од ваквите контакти. По Москва, американските претставници планираат да го посетат Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер