МИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати
2МИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати
Други спортовиТајсон неодамна изјави дека ќе умре, сега е снимен во инвалидска количка „Си велам дека сум при крај, дека ќе умрам многу брзо“, изјави неодамна Мајк Тајсон, еден од најголемите боксери на сите времиња.Со таа изјава 56-годишниот Тајсон ги загрижи фановите, а сега уште повеќе ги загрижија фотографиите на легендарниот боксер во инвалидска количка. Тајсон е снимен на аеродромот во Мајами и се движи во инвалидска количка. Тој веќе некое време боледува од ишијас, поради што во 2020 година помина две недели во кревет. Поради проблеми со долниот дел на грбот стави крај на кариерата, а минатиот месец беше фотографиран како оди со помош на бастун. Професионалната кариера ја започна во 1985 година, а една година подоцна, на 20-годишна возраст, стана најмладиот светски шампион и првиот боксер кој истовремено ги освои титулите ВБА, ВБЦ и ИБФ. Кариерата ја заврши со 50 победи и шест порази. Пред две години во јули, тој направи егзибициска борба против Рој Џонс Џуниор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзмените на Изборниот законик влегуваат во завршна фазаДенеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда.Членовите на Работната група ги разгледаа препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за кои беше постигнат консензус се прифатени и соодветно вградени во предложените решенија. Воедно беа разгледани и предлозите доставени од политичките партии и надлежните државни институции. Целта на предложените измени е понатамошно усогласување на изборното законодавство со меѓународните стандарди, јакнење на правната сигурност, унапредување на транспарентноста на изборниот процес и имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Со тоа се создаваат услови за дополнително зацврстување на демократските процеси и јакнење на довербата на граѓаните во изборниот систем. Работната група констатираше дека е постигнат значителен напредок во подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. Најголемиот дел од клучните прашања се веќе разгледани, а во наредниот период ќе продолжи усогласувањето на преостанатите предлози со цел подготовка на конечниот текст. Следната седница на Работната група е закажана за четврток, на која ќе бидат разгледани останатите отворени прашања и ќе се финализираат предложените решенија. Се очекува во краток рок да биде подготвен сеопфатен предлог-текст на измените и дополнувањата на Изборниот законик, кој ќе ги одразува постигнатите усогласувања и прифатените препораки. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМИНЧЕВ НА ЦЕФ ФОРУМ 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултатиГоран Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа. Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, министерот Минчев истакна дека во време на сè покомплексни предизвици, способноста за координација меѓу институциите претставува еден од најважните предуслови за успешно спроведување на реформите и испорака на квалитетни услуги за граѓаните. „Најголемиот ризик во услови на неизвесност не е недостатокот на идеи или стратегии, туку ситуацијата кога институциите не успеваат да се движат во иста насока. Координацијата, довербата и заедничката визија се темелот на секоја успешна реформа“ - порача Минчев. Осврнувајќи се на реформите во јавната администрација, тој го посочи процесот на подготовка на новиот реформски пакет како пример за успешно управување со комплексни промени во услови на различни очекувања и предизвици. Дополнително потенцираше дека реформите во јавната администрација се директно поврзани со процесот на европска интеграција, професионализацијата на јавната служба и јакнењето на довербата на граѓаните во институциите. Во своето обраќање, Минчев ја истакна и важноста на континуираниот професионален развој на административните службеници, нагласувајќи дека најважната инвестиција за секоја институција остануваат луѓето. „Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати. Ако сакаме отпорни институции, мора постојано да инвестираме во знаењето, вештините и лидерските капацитети на јавните службеници“ - истакна министерот. Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведувањето на реформите кои ќе придонесат за модерна, професионална, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација, усогласена со европските стандарди и подготвена да одговори на предизвиците на иднината.Тагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаПредложен притвор за семејно насилство во тетовскоНа 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари.Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36