Тајната врска на Колин Фарел и Елизабет Тејлор - Канал 5

Тајната врска на Колин Фарел и Елизабет Тејлор

Холивудскиот шармер, актерот Колин Фарел откри како ја завел славната колешка Елизабет Тејлор.

Тајната врска на Колин Фарел и Елизабет Тејлор

Колин Фарел е актер со бурно минато, многупати е поврзуван со познати убавици, но јавноста е изненадена по неговата изјава дека бил во врска со 36 години постарата колешка легендарната Елизабет Тејлор.

Фарел признал дека тоа била „неговата последна романтична врска “.

-Беше тоа последната врска барем во мојата глава, врска која сум ја имал и која секако никогаш не била консумирана, изјавил Колоин Фарел.

Нивниот однос започнал кога Колин во болница го очекувал раѓањето на својот помлад син. Тогаш го сретнал менаџерот на славната актерка кој му рекол дека токму сега на Лиз и вгадуваат стент. Колин го замолил да и ги пренесе неговите поздрави и бил уверен дека легендарната дива нема да знае за кого станува збор. Но, само две недели подоцна Елизабет му испратила орхидеи.

Брзо потоа стапиле во контакт и нивната врска главно била преку телефон. Траела скоро две години. Колин потоа се пошегувал дека ќе стане нејзиниот осми сопруг, но околностите сепак не им оделе на рака за такво нешто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоиден робот го удри програмерот: Терминаторот започна (ВИДЕО)

Хуманоиден робот за време на демонстрации во Кина го шутна човекот што го управуваше и му го собори далечинскиот управувач од рака. 

Хуманоиден робот го удри програмерот: Терминаторот започна (ВИДЕО)

Видеото од необичниот момент го објави Fox News, а сцената веднаш предизвика бројни шеги за Терминаторот и Скајнет на социјалните мрежи.

Видеото прикажува човек со далечински управувач во раката додека хуманоиден робот пред него изведува серија брзи движења. Во еден момент, роботот ја замавнува ногата кон програмерот, удирајќи го и соборувајќи го далечинското од рака. Потоа роботот продолжува да ги извршува движењата додека човекот се оддалечува.

„Сара Конор нè предупреди“

Снимката привлече голем број коментари, а сцената веднаш потсети многумина на научнофантастични филмови за роботи кои се свртуваат против луѓето.

„Само да имаше филм од 80-тите што се обидуваше да нè предупреди...“ се пошегува еден корисник.

„Сара Конор нè предупреди, но ние едноставно не сакаме да слушаме“, напиша друг корисник, осврнувајќи се на Терминаторот.

„Скајнет станува свесен за себе“, „И велат дека Скајнет е невозможен“ и „Никој што го гледал Терминатор не е изненаден од ова“, се само некои од коментарите.

Други се потсетија на филмот „Јас, Робот“. „Јас, Роботот почна“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Дали никој не го гледаше Јас, Роботот? Ова е само почеток!“

Дали човекот само му се пречел на патот на роботот?

Сепак, некои корисници предупредија дека видеото не покажува дека роботот решил сам да го удри човекот. Со оглед на тоа што човекот го држи далечинскиот управувач во рака, можно е роботот едноставно да извршувал дадена низа движења, а човекот се приближил премногу до него.

„Повеќе изгледа како човекот само да му се пречел на патот на сопствениот робот откако притиснал копче на далечинскиот управувач“, коментирал еден корисник.

„Тој стартувал програма што била инсталирана, а потоа му се пречел“, се согласил друг.

„Зошто на роботите им се предаваат боречки вештини?“, прашал еден корисник, додека друг коментатор едноставно ја опишал целата ситуација како „механички дефект“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врнежлив викенд со температура до 32 степени, од вторник заладување

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР.

Врнежлив викенд со температура до 32 степени, од вторник заладување

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

18 Попова Шапка, 24 Крушево, 26 Маврови Анови, 27 Претор, Берово, 28 Охрид, Крива Паланка, 29 Прилеп, 30 Виница, Битола, 31 Тетово, Струмица, 32 Гевгелија, Демир Капија, Штип, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје Петровец, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо со сериозно предупредување: Нема да дозволам Словачка да биде вовлечена во конфликт со Русија (ВИДЕО)

Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди за можен конфликт на НАТО со Русија и рече дека не сака Словачка да биде вовлечена во војна поради Член 5 од Северноатлантскиот договор.

Фицо со сериозно предупредување: Нема да дозволам Словачка да биде вовлечена во конфликт со Русија (ВИДЕО)

Според словачкиот премиер Фицо, Западот бара изговор за голем конфликт со Русија. Фицо, исто така, рече дека ќе направи сè за да осигури дека Словачка нема да биде вовлечена во воен конфликт, објавува „Hlavný denník“.

„Многу сум загрижен што сега се бара само изговор за голем конфликт меѓу НАТО и Русија“, рече Фицо.

Словачкиот премиер ги критикуваше некои европски лидери за она што го оцени како претерано воинствена реторика и праша со кого всушност треба да се подготвува Северноатлантската алијанса да се бори.

„Се чини дека понекогаш постои тенденција да се компензира неможноста за решавање на проблеми како што се нелегалната миграција, конкурентноста или високите цени на енергијата со воинствена реторика: ајде да се бориме. За Бога, со кого сакаме да се бориме? Со кого?“, праша Фицо.

Потоа Фицо коментираше за можното активирање на Член 5 од Северноатлантскиот договор, кој го воспоставува принципот на колективна одбрана во случај на вооружен напад врз една или повеќе членки на Алијансата.

„Можете ли да замислите, дами и господа, активирање на Член 5 од Договорот за НАТО? Може ли некој да го замисли тоа? Може ли некој да замисли дека ни велат: обучете пет илјади војници, десет илјади војници и тие ќе одат некаде да се борат? И ние дури и нема да знаеме против кого, зошто и за што... Не сакам Словачка да биде дел од некаков воен конфликт поради некаков Член 5. Како премиер, ќе направам сè за да се осигурам дека Словачка никогаш нема да биде вовлечена во воен конфликт“, рече Фицо.

Словачкиот премиер долго време се залага за потребата од дијалог со Русија и тврди дека војната во Украина нема воено решение. Во интервју за TASR во јули, тој рече дека има директен однос и со Владимир Путин и со Володимир Зеленски и дека треба да се води нормален дијалог со двајцата.

Член 5 на НАТО не подразбира автоматски испраќање на одреден број војници. По вооружен напад, секој сојузник обезбедува помош што ја смета за неопходна, вклучително и можност за употреба на вооружена сила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер