СветТајмс: Администрацијата на Трамп сака да убеди четири земји-членки да излезат од ЕУАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да убеди уште четири земји, по Брегзит на Лондон, да излезат од Европска Унија.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да убеди уште четири земји, по Брегзит на Лондон, да излезат од Европска Унија, со цел „Повторно да ја направат Европа голема“, според подолгата, сè уште класифицирана верзија на Стратегијата за национална безбедност на САД објавена минатата недела, објави британскиот весник Тајмс (Times). Весникот наведува дека има и предлог за создавање на нов елитен форум Ц5 или „Јадрото на петте“ (Core Five), составен од светските сили, кој ќе го замени Г7 и ќе ги вклучи САД, Кина, Индија, Јапонија и Русија. Според протечените детали објавени од американската веб-страница за одбрана „Дифенс уан“ (Defense one), четири земји-членки на ЕУ, кои се сметаат за цели по Брегзит се Австрија, Унгарија, Италија и Полска. Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели негираше дека постои таква верзија на документот. Таа за „Дифенс уан“ посочи дека „Нема алтернативна, приватна или класифицирана верзија“ на Стратегијата за национална безбедност на САД. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Весна Јаневска во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Весна ЈаневскаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми. Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството. Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем. Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот. Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа. Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата. Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизОткриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun). Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд. Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера. Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“. Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година. Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook