ТАЈЛАНДСКО ЈАДЕЊЕ СО ПЕЧУРКИ И БРОКУЛА - Канал 5

ТАЈЛАНДСКО ЈАДЕЊЕ СО ПЕЧУРКИ И БРОКУЛА

РЕЦЕПТ НА  АНЕТА НАКОВСКА .

ТАЈЛАНДСКО ЈАДЕЊЕ СО ПЕЧУРКИ И БРОКУЛА

Потребни состојки:1 кг. свежи печурки, 500 гр. брокула, 200 мл. супа од печурки, 300 мл. кокосово млеко, 500 гр. ориз, 200 гр. индиски ореви, 2 лажици зелена кари паста, малку масло, малку соја сос, малку кечап, малку ѓумбир и малку вода.

Постапка: Во тенџере се ставаат сечкани печурки да се пропржат. Се додава супа од печурки и се продолжува со пржењето. За тоа време во сад со малку вода се додава кокосово млеко. Малку се промешува, се додава во тенџерето со печурки и се остава на оган уште 5 минути. Во друг сад се ставаат 2 лажици зелена кари паста, малку соја сос и малку кечап. Состојките се промешуваат и се додаваат во тенџерето. Потоа се додаваат индиски ореви и сите состојки се промешуваат. При крај се додаваат брокулите и се зачинува со ѓумбир.

Јадењето се сервира во чинии со варен ориз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонија ја спасува царската лоза, но жените и понатаму не можат да ја наследат круната

Јапонскиот парламент усвои закон со кој се ублажуваат правилата за наследување на царскиот престол. 

Јапонија ја спасува царската лоза, но жените и понатаму не можат да ја наследат круната

Одлуката е поттикната од загриженоста поради намалувањето на бројот на членови на царското семејство. Сепак, законот не го менува правилото што им забранува на жените да седнат на престолот; следствено на тоа, принцезата Аико – единственото дете на актуелниот цар – и понатаму нема право да ја наследи круната, пренесува Би-Би-Си.

Обезбедување на редот на наследување Јапонија се гордее со најстарата континуирана наследна монархија во светот, со лоза што, според податоците, опфаќа повеќе од 2.600 години. Во моментов, прв во редот за престолот е помладиот брат на царот, 60-годишниот Фумихито. Втор е неговиот син, 19-годишниот принц Хисахито, додека третото и последно лице на списокот е 90-годишниот чичко на царот.

Доколку законот не беше изменет, редот на наследување ќе згаснеше доколку принцот Хисахито не добиеше машки наследник. Новиот закон го решава ова прашање преку овозможување машките потомци од 11 поранешни гранки на царското семејство повторно да бидат вклучени во главната лоза. Овие гранки биле исклучени од семејството по Втората светска војна.

Според новите правила, членовите на царското семејство ќе можат да го задржат својот статус доколку стапат во брак со лица кои не припаѓаат на царското семејство. Претходно, тие беа обврзани да се откажат од своите титули и да го напуштат семејството – како што тоа го стори принцезата Мако во 2021 година, кога се омажи за својот партнер од студентските денови.

Оваа промена обезбедува поголем број членови на семејството кои ќе можат да ги извршуваат официјалните должности, како што се учеството во дворски церемонии и јавните настапи.

Сепак, децата родени од женски членови на семејството и од лица кои не припаѓаат на царското семејство и понатаму нема да имаат право да го наследат престолот.

Ова е прва измена на Законот за царскиот дом од 1949 година и претставува најзначајна реформа на јапонскиот царски систем во последните неколку децении.

Прашањето за недостигот на машки наследници долго време поттикнува дебати во јавноста во Јапонија, особено во однос на тоа дали на жените треба да им се дозволи да седнат на престолот.

Премиерката Санае Такаичи и други конзервативни политичари го поддржуваат правилото според кое само мажи можат да го наследат престолот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Префинето музицирање на триото „Кимера“

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.

Префинето музицирање на триото „Кимера“

Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата млади уметници за што беа наградени со бурни овации.

Виолинистот Стефано Ракањи рече дека за фестивалот конципирале посебна програма и оти акустиката во храмот, како што кажа, била топла, особено за пијаното.

-Репертоарот е посебно создаден за фестивалот „Охридско лето“. Ги имавме „Петте куси пиеси“ од Триото број 1 на чешкиот композитор на модерната класична музика Бохуслав Мартину. Тој пишувал долги сонати, но не и во овој случај. Пред тоа отсвиривме потрадиционална класична музика од Бетовен. Тој како млад композитор сакал да ги покаже своите способности пред публиката во Виена и затоа го создал ова Трио во Це-мол опус 1 број 3 кое е најромантично и истовремено бурно по карактер дело. Вечерта ја завршивме со славното дело на Дмитри Шостакович, Трио бр.2 напишано за време на Втората светска војна и посветено на неговиот драг пријател Иван Солертински, руски музиколог и полиглот, појасни Ракањи.

„Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“.Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет

Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет, до 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети.

Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати.

Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026.

„Вработување и раст на правни субјекти“ е прва мерка од овој повик преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра.

Додека првиот повик за Самовработување од Оперативниот план беше насочен кон лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, овој јавен повик е насочен кон микро, мали и средните претпријатија кои сакаат да ги прошират бизнисите со отворање нови работни места, а неповратни финансиски средства можат да добијат за вработување на најмногу 5 лица.

Паричните средства варираат согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари, додека за невработени над 29 години 160.000 денари по лице.

Со оваа мерка се таргетираат и македонските повратници, така што за секое вработено лице повратник, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, на работодавачот му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ваквите мерки, креира еднакви можности професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна бизнис клима за раст и развој на македонската економија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер