Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЗдравјеТајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот Тајланд регитрира над 50.000 нови случаи на Ковид19 за само една недела, при што здравствените власти предупредуваат дека порастот, поттикнат од видот Омикрон XEC, кој бргу се шири, сè уште не го достигнал својот врв.Според Џурај Вонгсават, портпаролка на Одделот за контрола на болести, меѓу 11 и 17 мај биле забележани 49.065 случаи, а уште 12.524 нови случаи се пријавени од 18 мај, објави „The Nation“. XEC, една од најновите подвидови на Омикрон, се верува дека е примарна причина за скокот, и се шири седум пати побрзо од сезонскиот грип, според Министерството за јавно здравје на Тајланд, објави „Bangkok Post“. Сепак, стапката на смртност останува ниска, околу 0,02 отсто поради високиот степен на вакцинација и пристапот до антивирусни лекови, забележа Џурај. И покрај благата сериозност за повеќето пациенти, официјалните лица ја повикуваат јавноста да помогне во заштитата на ранливите групи, вклучувајќи ги постарите лица, оние со хронични болести, бремените жени и малите деца. - Луѓето со респираторни симптоми треба да останат дома, да се самотестираат и да побараат лекарска помош доколку се позитивни, советува Џурај. Се очекува актуелниот бран да продолжи уште два до три месеци, но стапката на инфекции може да се намали порано доколку луѓето одржуваат строга лична хигиена и превентивно однесување. Додека Тајланд воведува бесплатни вакцинации против грип за ранливите популации меѓу мај и август, бустер дозите за Ковид19 нема да бидат обезбедени бесплатно. Лицата со висок ризик се охрабруваат да се консултираат со медицински професионалци во врска со подобноста за бустер доза. Во Банкок моментално има најмногу заразеаи со Ковид19 и со грип. Тагови: корона Тајланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашањаФинансирањето на прославата за независнота, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Финансирањето на прославата за независноста, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Од опзоициската сдсм повторно критикуваа за одобрените средства од Државна лотарија за Денот на незвисноста и бараа одговори дали биле обезбедени преку спозорство или донација. Власта уверуваше дека се било транспарентно и дека опозицијата само барала мани и покрај одлучната организација на прославата. Опзицијата критукуваше и за лошата демографска слика во земјава, уатувајќи обвинувања до власата дека не ја спровеле ветена национална стратегија и дека граѓаните останеле без ветените финансики мерки. од власта уверија дека мерките се кројат и наскоро ќе се најдат пред пратениците. И на денешната седница за пратенички прашња на изостанаа забелешките од опозициските партии за неприсуството на дел од министрите и на премиеорт Мицкоски, кој како што посочија и потпретседателот на Собранието и од владеачката вмро-дпмне е на претходно најавено патување во САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗР со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени местаСо помалку од половина од предвидениот број инспектори, Државниот пазарен инспекторат во 2024 година извршил над 28 илјади контроли.Од 313 предвидени инспекторски места, пополнети биле само 148, 5 одделенија биле без раководител, а во одделението за безбедност на производи имало само 5 од потребните 14 вработени. Ова се дел од наодите на Државниот завод за ревизија за работењето на ДПИ во 2024 година. Според извештајот на ДЗР истата година 19 административци биле незаконски прераспределени како инспектори без буџет и план за вработување, од кои 17 решенија подоцна биле поништени. Ревизијата утврдила и слабости во дигитализацијата поради нецелосна примена на системот „Е-инспектор“ и отсуство на електронска база за проценка на ризик. Дополнително, констатирани биле неправилности и во финансиите меѓу кои изоставени набавки од над два милиони денари во материјалната евиденција. -За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија препорачува зајакнување на човечките ресурси, целосна дигитализација и воспоставување електронски регистри, подобрување на финансиската и материјалната евиденција, обезбедување простор за одземените предмети и трајни услови за контрола на безбедноста на производите. – препорачуваат од Држаниот завод за резивија. Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски нагласува дека за надминување на утврдените слабости се работи од почетокот на 2025 година. Според Стојкоски минатата година биле реализирани 18 нови вработувања, а до крајот на годинава добиле согласност од Министерството за финансии за уште над 30, главно за Скопје и источниот дел од земјава. Паралелно, уверува дека се работи и на подобрување и на материјалната и финансиската евиденција, како и на дигитализацијата. -Имавме и нови вработувања во 2025, а планирани се и во тековнава 2026 и 2027 година. Во делот на дигитализацијата, ДПИ со поддршка на Европската Унија работи на целосно ново системско софтверско решение, компатибилно за потребите на Инспекторатот. Институцијата ќе продолжи да работи на зајакнување на капацитетите за контрола и обезбедување услови за континуирани лабораториски испитувања. Државниот пазарен инспекторат ја поздравува работата на Државниот завод за ревизија и дадените препораки ги гледа како основа за дополнително унапредување на работењето на институцијата. Од ДПИ велат дека ќе продолжат со постапување по препораките на ревизорите, но кадровското доекипирање останува меѓу клучните предизвици. И со најавените нови вработувања, до целосно потполнување на систематизираните 313 инспекторски места, би недостигале уште над 100 инспектори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче ќе ја извести ЕУ за медиумите од „српскиот свет“, најави кривична пријава за ТрајчевскиНајдоцна до утре ќе бидат испратени писмата до ЕУ лидерите, како аларм за хибридната војна која се води во земјава преку медиуми од т.н. „српскиот свет“ – порача лидерот на СДСМ – Венко Филипче. Воедно, најавува и кривична пријава за првиот човек на АВМУ – Зоран Трајчевски, за злоупотреба на службената положба и оштетување на државниот буџет, оти како што вели, Арена М каналите создаваат тука програма, а директорот на Агенцијата им дал дозвола како странски канал, што според Филипче е противзаконски. -Писмата се подготвени и во текот на денешниот, најдоцна утрешниот ден ќе ги испратиме. Јасно е наведено кои се нашите забелешки, а против Зоран Трајчевски од АВМУ, планираме да поднесеме кривична пријава. Затоа што, на македонски медиуми тука кои од тука функционираат, конкретно Арена М, која е сместена во просториите на Градскиот стадион, тука им се канцелариите, од каде што се емитуваше програма, гледавме фудбалски пренос од тие канцеларии, таму од тие простории, им дал дозвола како за странски канал и тоа е противзаконски и тоа е оштетување на буџетот, но тоа не се прави без поддршка од власта, од највисоките кругови на власта. Значи се дало дозвола на медиум кој што од тука продуцира програма како да е странски, а во тие регистри во странство го нема. Гледате злоупотреба? - Апсолутно, не само злоупотреба, туку и оштетување на буџетот. - Венко Филипче – Претседател на СДСМ. Покрај Филипче, кривична за Трајчевски најавува и Македонската медиумска асоцијација(ММА), од каде упатија уште едно писмено барање за презентирање на документацијата врз која Арена М емитува програма, а која од АВМУ веќе четири недели одбиваат да ја покажат. Претседателот на ММА и директор на Канал 5 – Иван Мирчевски посочи дека претставувањето на Арена М каналаите како странска компанија го дерегулира и го делегитимира пазарот, оти станува збор за домицилна, македонска компанија која има простории во земјава, како и уредништво и сопствеништво. Последен доказен дека Арена М е домашна компанија, од ММА го посоција огласот за вработување на хигиеничарка, во кој јасно се гледа дека фирмата огласник е регистрирана во Скопје. Трајчевски вчера одби да даде изјава за Канал 5 за случајов, со образложение дека е во Брисел на службено патување и не упати да се обратиме до АВМУ. Но, ниту од таму не добивме одговор врз кои документи Арена М се смета како канал кој се реемитува и каде тој е регистриран, со оглед дека не е заведен ниту во срспкиот регулатор РЕМ. Од агенцијата само посочија дека сите одговори ги дале во претходните соопштенија. Од ММА веќе реагираа и до ЕК и ЕУ, со оглед дека Арена М каналите не се регистриани ниту во европскиот опсерваторски сајт Мависе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00