Тајгер Вудс имал тешка сообраќајна несреќа,не е познато колку се тешки повредите (ВИДЕО)

Американскиот голфер Тајгер Вудс е сериозно повреден кога неговиот автомобил се лизнал од патот и се превртел во Лос Анџелес и сега е на операција, соопштија локалните власти и неговиот менаџер.

Голферот бил извлечен од возилото со помош на хидрауличен уред, пренесува Ројтерс.

Вудс претрпел повреди на ногата, но засега не е познато во каква состојба се наоѓа, пренесува АП.

Во времето на несреќата тој бил сам во возилото во 7.12 часот по локално време, се вели во соопштението од канцеларијата на локалниот шериф.

Вудс бил уапсен пред четири години за возење во пијана состојба.

Емили Ратајковски се слика сосема гола пред породување (ФОТО)

Манекенката Емили Ратајковски на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои позира целосно гола гордо покажувајќи го трудничкиот стомак.

29-годишната манекенка позира на кревет и покрај прозорец. Таа исто така објави фотографии на кои носи долна тренерка и машки блејзер.

Ова не е прв пат Емили да позира целосно гола.

Манекенката е во 36-та недела од бременоста, а откри и дека ќе му овозможи на своето бебе само да одлучи за својот пол.

Во Бристол им се суди на лицата , кои фрлија статуа на робовладетел во море

Тројца мажи и една жена пред судот во Бристол се изјасниле за невини за учество во рушењето на статуата на Едвард Колстон, сопственик на робови и трговец со робови од 17 век во Бристол, во југо-западна Англија.

За време на демонстрациите против расизмот на 7 јуни минатата година во Бристол, како дел од глобалниот бран протести наречен „Црните животи се важни“, беше срушена статуата на овој британски сопственик на робови и фрлена во пристаништето во Бристол.

Собраниска делегација на онлајн февруарските состаноци на ПС на НАТО

Делегација на Собранието учествуваше на традиционалните февруарски заеднички состаноци што во организација на ПС на НАТО вчера и денеска се одржаа онлајн преку платформата KUDO.

– Овие состаноци се одржуваат според правилата на Chatham House, при што поради сензитивноста на споделените информации, истите не можат да се пласираат во пошироката јавност, информираат од Собранието.

На состанокот, како што се наведува во соопштението, учествувале шефот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното Собрание на НАТО, Арбер Адеми и членот на делегацијата Илија Николовски.

Дебатата се одвивала за пост-пандемиските стратешки предизвици и приоритети за НАТО, отпорноста на општествата и демократијата во Алијансата, предизвиците со Истокот и други актуелни состојби. Парламентарците се осврнале и на Проектот „НАТО 2030" и улогата на парламентите, при што бил поздравен придонесот на парламентарците кон овој проект, кои дале свои размислувања и подобрувања на него. Бил презентиран и првиот онлајн претседателски извештај на ПС НАТО, изготвен под специфични работни услови поради пандемијата со Ковид-19.

На вториот ден на заедничкиот состанок се одржал специјалниот состанок со постојаните претставници на земјите-членки во Северноатлантскиот совет (NAC).

Февруарските состаноци на ПС на НАТО претставуваат форум на кој парламентарците имаат можност да се сретнат со владините претставници на НАТО и експерти од воената област, со цел да бидат запознаени со актуелните случувања во креирањето на стратешките политики на Алијансата.

притисни ентер