ЕвропаТајани го активира Европскиот фонд за солидарност поради последиците од ураганот Хари Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани изјави дека Рим планира да побара помош од Европскиот фонд за солидарност за Калабрија, Сицилија и Сардинија, кои беа погодени од ураганот Хари.Тој, по пристигнувањето во Брисел на состанокот со министрите за надворешни работи на земјите-членки во ЕУ, наведе дека ќе бидат подготвени анализи и податоци од Одделот за цивилна заштита, кои се неопходни за поведување на постапката за помош. Тајани посочи дека за тоа веќе била дискутирано на Советот на министри. Европа секогаш реагирала солидарно во слични ситуации, наведе Тајани, додавајќи оти за помошта за Италија веќе се разговарало на Советот на министри. Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минутиОд Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Тагови: ГП Богородица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТројца грчки пожарникари загинаа во пожари што се закануваат на делови од јужна ЕвропаТројца грчки пожарникари загинаа гасејќи пожари на Крит и на Пелопонез.На Крит,а силните ветрови ги разгореа пожарите, што доведе до евакуација на неколку села, шумски пожари избувнаа и на други места во Грција, на островите Парос и Лезбос во Егејското море и во јужниот град Трифилија на грчкото копно. Во меѓувреме, во Шпанија и Франција започна четвртиот топлотен бран ова лето, а пожарникарите се обидуваат да спречат разгорување на големите пожари кои штотуку беа ставени под контрола. Во јужна Турција, главниот автопат што ги поврзува Фетије и Анталија мораше да биде затворен, а дел од болницата евакуиран поради пожар во покраината мугла.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПијанистката Пегораро прозвучи со совршена убавинаВечер што долго ќе се памети остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во Македонија. Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво. -Имајќи предвид дека „Охридско лето“ е еден од најзначајните културни фестивали во Европа, оваа година имавме чест да ја донесеме извонредната италијанска пијанистка Кристиана Пегораро која настапувала на многу слични меѓународни сцени, а имала чест да свири и пред претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела. Програмата што ја изведува вечерва е во согласност со инспиративната тема што ги поврзува сите културни настани организирани од страна на Амбасадата во текот на 2026 година- Љубовта во сите нејзини облици, рече италијанскиот амбасадор Палминтери, упатувајќи голема благодарност до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на „Охридско лето“ за нејзиното присуство на Италијанската вечер, до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, како и до Италијанскиот институт во Белград за поддршката на оваа традиционална вечер. Пијанистката Кристиана Пегораро која „Њујорк тајмс“ ја опишува како „уметница од најголем калибар“ , вечерта ја започна со „Largo al Factotum“ од операта „Севилскиот бербер“ на италијанскиот композитор Џоакино Росини, но во нејзин аранжман како што беа впрочем и повеќето дела што ги долови на концертот. Потоа следуваа композиции од Бах, Шуберт, Бетовен, Вивалди, Моцарт, Вебер, па извонредната интерпретација на сплет од наполитански песни, а крајот на вечерта беше во знакот на композиции создадени од самата пијанистка. -Програмата со која настапувам е наречена „Радоста на музиката“. Музиката е универзален јазик кој води директно до срцата на луѓето, рече пијанистката Пегораро, којашто навистина внесе радост кај публиката со своето маестрално музицирање на фестивалското пијано, при тоа, внимателно воведувајќи ги слушателите во делата што ги свири. Добитничката на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија за својата пијанистичка дејност, најстапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter