Тој и неговиот пријател загинаа во сообраќајна несреќа утрово во Винодол, објави Вечерњи.
Ноел Перичиќ имал 22 години и важеше за перспективен фудбалер, играјќи за третолигашот Винодол, а сето тоа се случило додека тој бил на пат кон работа.
Перичиќ кариерата ја започна во Ориент, а подоцна се пресели во Винодол.
На социјалните мрежи се огласи и тимот на Ориент.
- Почивај во мир, драг Ноел. Со неопислива тага во нашите срца, се сеќаваме на тебе денес и изразуваме длабоко сочувство до тебе и до семејството на твојот пријател. Нашите мисли се со вас, ова е неизмерна загуба за нас, но и за целата наша заедница. Твојот црвено-бел клуб нема да те заборави.“