Тадиќ : на Балканот е повеќе присутна Кина, отколку ЕУ

Поранешниот српски претседател рече дека состојбата со демократијата во Србија е катастрофална , а одделни европски лидери дозволиле да бидат уништени институциите.

Поранешниот претседател на Србија, сега лидер на опозициската Социјалдемократска партија (СДС), Борис Тадиќ, ја опиша состојбата на демократијата во Србија како катастрофална, предупредувајќи дека некои европски лидери им дозволиле на српските власти да ги уништат сите демократски институции во Србија, објави Ел Паис.

„И ако нема демократија во Србија, ова е проблем во целиот регион“, предупреди Тадиќ во интервју за шпанскиот „Ел Паис“, додавајќи дека тој не го разбира пристапот на Европската Унија кон Србија.

Коментирајќи ги протести што со месеци се одржуваа во Србија и бојкотот на претстојните избори најавени од дел од опозицијата, Тадиќ рече дека демократијата се распаѓа во Србија веќе седум години и дека единствениот начин за комуникација „со преостанатите демократски сили е да се земе предвид реалноста дека апсолутист, демагог денес владее популистички во Србија.“, осврнувајќи се на српскиот претседател Александар Вучиќ.

"Ние сме изложени на лажни вести 24 часа дневно , секој ден , и во вакви околности граѓаните не можат да имаат слободен избор. Во исто време, ако ги бојкотираме изборите, таквата сила ќе има уште повеќе пратеници. Од друга страна, давањето легитимност на овој процес е уште попроблематично", рече Тадиќ, чија проценка за Ел Паис ја објавија само неколку медиуми во Србија.

Тадиќ исто така предупреди дека Србија стана земја во која доминира само едно прашање - Косово.

"Признавањето на Косово ја отвора вратата на други региони во Европа за еднострана сецесија. Моите меѓународни соговорници често не ја разбраа темата за Косово и го игнорираа овој потенцијално домино ефект, и покрај тоа што ги молев сериозно да го сфатат ова прашање. Тие секогаш го игнорираа", рече Тадиќ, додавајќи дека тие „строго и цврсто“ ја продолжиле програмата за независно Косово.

Но, тие сега се шокирани кога се соочија со случаите на Крим, Јужна Осетија и Абхазија, изјави поранешниот српски претседател.

„Европа е полна со зони каде што може да се активира овој домино ефект, како Каталонија и Шкотска, но има слични чувствителни зони низ целиот свет. Сепак, меѓународните кругови продолжуваат да зборуваат дека Косово е поинаков случај“, рече Тадиќ.

Коментирајќи ја ситуацијата во рамките на ЕУ, Тадиќ рече дека зголемувањето на влијанието на Русија, Турција и Кина на Балканот е резултат на филозофијата на ЕУ дека без сопствена стратегија за консолидација, нема понатамошно проширување и тие не ја дефинирале таа стратегија веќе една деценија.

„Кина е поприсутна сега на Балканот отколку ЕУ. Во времето кога јас бев студент, во тогашна Југославија сонувавме за демократија и ЕУ. Се плашам дека тие соништа се распрснаа“, нагласи Тадиќ.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер