Тачи: Договор со Белград е можен уште во текот на годинава

Договор меѓу Приштина и Белград е можен уште во текот на оваа година и покрај сериозниот застој во разговорите во последниве неколку месеци, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Мораме да седнеме дури и со нашите најлути непријатели, но без какви и да било предуслови, и да се обидеме да се сослушаме едни со други, изјави Тачи за лондонскиот весник „Гардијан“.

Во сегашните околности, со сите тензии, не гледам зошто некој странски инвеститор би дошол и би инвестирал во нашиот регион. Само мировен договор може да донесе напредок, оценува Тачи.

Тој смета дека демаркацијата на границата меѓу Косово и Србија може да се регулира со „сеопфатен договор за меѓусебно признавање“, нагласувајќи при тоа дека е невозможно разграничување по етнички линии.

Украина во војска ќе може да повикува и затвореници

Парламентот на Украина денеска гласаше за мерка со која се дозволува воена мобилизација на некои затвореници во замена за условно ослободување.

Повеќе од 26 месеци по почетокот на руската инвазија, Украина се обидува да го надополни недостигот од војници, што некои воени аналитичари го сметаат за најголем предизвик за Киев во борбата против многу поголемиот непријател.

Се очекува дека новата мерка ќе ги зајакне вооружените сили само за неколку од вкупно 20-те илјади затвореници, изјави пратеникот Дејвид Арахамиа.

Не се однесува на оние кои извршиле најтешки кривични дела – осудени за убиство со умисла на две или повеќе лица, силување, сексуално насилство, кривични дела против националната безбедност и тешки кривични дела за корупција.

„Не е тајна дека мобилизацискиот потенцијал на нашиот непријател е огромен, затоа мора да ги искористиме сите расположливи решенија за да се бориме како вооружена сила“, стои во белешката што ја придружува усвоената мерка. „Дел од тие луѓе се мотивирани патриотски граѓани кои се подготвени да се искупат пред општеството на бојното поле.“

Минатиот месец Украина ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години и ги промени правилата за регрутирање цивили во армијата за да ја зајакне и да ги ротира војниците.

Владата, исто така, привремено ги суспендираше конзуларните услуги за работоспособните мажи кои живеат во странство, жалејќи се дека тие не и помагаат на нивната земја која се бори.

притисни ентер