ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
2Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
ЗдравјеСЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од заканиСветската здравствена организација (СЗО) денеска истакна дека обезбедува клучни услуги кои ги заштитуваат САД од здравствени закани, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја повлече земјата од оваа агенција на Обединетите нациСЗО ги заштитува САД преку софистициран здравствен разузнавачки систем кој работи на откривање, карактеризирање и проценка на заканите во реално време, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, пред новинарите во Женева.. Претходно денеска СЗО донесе одлука за „замрзнување“ на вработувањата и значително намалување на трошоците за патувања како одговор на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од организацијата, кои се нејзиниот најголем финансиски донатор, се наведува во интерна порака испратена до персоналот. „Како што знаете, Соединетите Американски Држави објавија повлекување од СЗО. Жалиме за оваа одлука и се надеваме дека новата администрација ќе го преиспита својот став“, напиша генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, во пораката до вработените, пренесува „Политико“. Тој истакна дека одлуката на САД дополнително ја влошила финансиската состојба на организацијата и предизвикала значителна загриженост и несигурност меѓу вработените. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси.СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и претставува дел од реформските обврски на Македонија. Наместо конструктивност, СДС и Левица избраа политички театар, свесни дека секое одложување значи штета за државата и за европскиот реформски процес. Ако навистина СДС и Левица имаат суштински забелешки, нека ги предложат. Никој не бега од аргументирана дебата. Но десетици илјади амандмани не се обид за подобрување на закон, туку класична парламентарна опструкција. Позиција на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Подготвени сме да разговараме за сите предлози кои придонесуваат за подобар изборен процес. Истовремено, остануваме цврсти на определбата македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори, затоа што секој македонски граѓанин, без разлика каде живее, заслужува полесно да го оствари своето демократско право. Очигледно е дека стравот од изборен пораз ги обедини СДС и Левица повеќе отколку која било политичка идеја. Наместо да понудат визија, тие нудат блокади. Наместо реформи, произведуваат кризи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политички калкулации да бидат над интересите на државата. Реформите ќе продолжат, институциите ќе функционираат, а граѓаните сами ќе дадат оценка кој работи за Македонија, а кој работи само за дневнополитички спас. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела ВодаТалентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик, утрово од Општина Кисела Вода заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се обезбедени шест полни пансиони. За квалитетното исполнување на времето на децата за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и рекреатори, како и лекар, кој ќе ја следи нивната здравствена состојба. -Ми претставува посебно задоволство што денес ги испраќаме овие деца на заслужен летен одмор. Фокусот ни е насочен кон децата кои се во социјално ранлива положба, но и кон нашите талентирани спортисти, кои со својот труд и залагање заслужија да бидат дел од овој камп. Сакам сите да уживаат во летото, да градат нови пријателства и да се вратат дома со прекрасни спомени. Вложувањето во нашите најмлади останува наш приоритет-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска која утрово ги испрати учениците посакувајќи им среќен пат, безбедно патување и незаборавно летување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛафчиски: Флотата на транспортни хеликоптери ќе се зголеми за уште две леталаГенерал - мајор Сашо Лафчиски информираше дека флотата на транспортни хеликоптери ќе се зголеми за уште две летала, а во план е да се оспособат школски авиони и хеликоптери кои ќе послужат за обука за нови пилоти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter