Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗдравјеСЗО: Се очекува подобрување на состојбата со заразните болестиСветската здравствена организација денеска изрази уверување дека состојбата на глобално ниво во борбата против опасните болести ќе се подобри во наредната година.СЗО изјави дека очекува укинување на глобалната вонредна состојба поради коронавирусот, како и неминовен крај на епидемијата на ебола во Уганда. Во соопштението се нагласува дека пандемијата на коронавирус значително ослабе оваа година, како и дека глобалната епидемија на мајмунски сипаници се намалува и оти во Уганда повеќе од три недели не се појавил нов случај на ебола. СЗО објави дека напорите за спречување, тестирање и лекување на маларијата ширум светот исто така дале резултати и дека смртноста од оваа болест не е зголемена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВенс добил шокантни информацииВо текот на изминатите неколку месеци, потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, беше во директни разговори со американските воени команданти, барајќи информации за војната со Иран.Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст на војната со Иран. Ова се однесува особено на залихите на оружје, каде што командантите директно одговориле дека се загрижени за намаленото снабдување со пресретнувачи „Патриот“, 'рбетот на нивната воздушна одбрана. До крајот на пролетта, помалку од 100 од нив останале во една од оперативните области. Војната, исто така, ги исцрпи залихите на тактички ракетни системи на војската, како и залихите на прецизни ударни ракети, кои требаше да ги заменат тие системи. Залихите на клучна муниција како оваа, му беше кажано на Венс, биле на најниско ниво што некогаш го виделе. Според „Њујорк тајмс“, постои огромен јаз помеѓу приватните проценки што ги добил Венс и она што високите функционери на администрацијата, вклучувајќи го претседателот и потпретседателот, јавно го кажале. Трамп продолжи да тврди дека САД веќе ја добиле војната, дека иранската војска е уништена и дека нема проблем со снабдувањето со американско оружје. Венс неодамна ги минимизираше и тврдењата дека САД воопшто биле во војната. Зад затворени врати во Белата куќа, Трамп реагираше бурно на медиумските извештаи во кои се детално опишани намалените залихи на оружје, нарекувајќи ги новинарите „предавници“ затоа што известуваат за оваа тема. По објавувањето на написите, владини истражители подложија десетици високи воени функционери во Пентагон на полиграфски тестови. „Њујорк тајмс“ забележува дека Венс бил скептичен кон идејата за напад врз Иран уште од почетокот на војната, но се прилагодил на пораката на Трамп, плашејќи се од потенцијална изолација и губење на поддршката за претседателската номинација во 2028 година. Сепак, како што истакнува овој американски весник, Венс бара директни информации и ја следи ситуацијата на терен уште од почетокот на нападот, па дури тврдат дека се обидел да го убеди Трамп да постигне договор и да ја запре војната. Тој имал ограничен успех во ова, во контекст на меморандумот потпишан во април, но во меѓувреме повторно ескалира и оваа војна сè уште трае. Извор: Б92Тагови: Џеј Ди Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПо 115 години ќе запре производството на вакцини во ДрезденПроизводството на вакцини во Дрезден ќе заврши по 115 години, откако мултинационалниот фармацевтски гигант „ГлаксоСмитКлајн“ (GSK) објави дека ќе го затвори својот објект во центарот на градот до средината на 2028 година.Портпаролот на „GSK“ изјави дека вакцината против грип сега ќе се произведува во нивниот објект во канадскиот град Сент-Фој, наведувајќи ја слабата глобална побарувачка и вишокот производствен капацитет. Национализација за време на Германската Демократска Република Објектот во Дрезден вработува речиси 650 луѓе. Основан е во 1911 година од претприемачот Карл Август Лингнер, кој го стекнал своето богатство произведувајќи течности за плакнење уста и го основал Институтот за саксонски серум и Институтот за бактериотерапија во Дрезден. Фабриката била национализирана за време на Германската Демократска Република, а по повторното обединување на Германија, производството го презела во 1992 година британската компанија „СмитКлајн Бичам“, сега „GSK“. Синдикатот „IG BCE“ се спротивставил на затворањето на фабриката, предупредувајќи дека покраината Саксонија може да изгуби висококвалификувани индустриски работни места, а Германија може да изгуби важно знаење и експертиза во фармацевтското производство. „GSK“ произведува вакцини против грип и хепатитис во својот погон во Дрезден. Според компанијата, произведува два милиони дози вакцина секоја недела. Извор: Индекс.хрТагови: вакцини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаСостанок со субјектите во рамки на подготвителните активности за отпочнување на проектот NICS-2Во Центарот за управување со кризи денес се одржа работен состанок со претставници на институциите и субјектите вклучени во проектот NICS-2, во рамки на подготвителните активности за неговата имплементација.Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, заедно со координаторот на проектот, г-дин Урим Вејсели, одржаа состанок со претставници на МВР, Итната медицинска помош, Министерството за дигитална трансформација, ДЗС, Црвениот крст, Министерството за здравство, БППЗ – Скопје и ТППЕ – Тетово. Проектот „AI-Driven, Interoperable Incident Command System for Cross-Border Emergency Response“ (NICS-2), се реализира во рамки на програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS). NICS-2 претставува значаен чекор кон модернизација и дигитализација на системот за управување со кризи, преку примена на вештачка интелигенција, подобра размена на информации и поефикасна координација меѓу институциите. Проектот се реализира во соработка со Националниот универзитет за цивилна заштита на Украина, со цел развој на современи решенија за побрзо донесување одлуки и поефикасен одговор при итни и кризни ситуации. „Со NICS-2 правиме значаен чекор кон систем кој ќе биде побрз, подобро поврзан и технолошки подготвен да одговори на современите предизвици. За успешната реализација клучни се експертизата и координацијата на сите вклучени субјекти“, истакна директорот Мухамед Али. На состанокот беа разгледани клучните активности и следните чекори за реализација на проектот.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook