СЗО: Ризикот од ново разгорување на пандемијата е реален

Стравот од вториот бран на инфекција со коронавирус се зголеми денеска по рекордниот дневен број нови случаи во Индија и во услови на зголемени предупредувања за прекумерно олабавување во Европа.

Здравствените претставници ширум светот изминативе денови изразија загриженост дека некои земји кои се соочуваат со разурнувачки економски ефекти од рестриктивните мерки сега премногу брзо ги олеснуваат овие мерки, а во исто време шират протести против расизмот.

Вол Стрит вчера потона на најниско ниво за три месеци, поради неизвесноста од економското закрепнување, а денеска акциите во целиот свет продолжија да бележат загуби четврти ден по ред.

Во Кина, од каде потекнува коронавирусот, беа потврдени два нови случаи на ковид-19 во главниот град, само еден ден откако градските власти ги одложија плановите за делумно враќање на учениците во училиштата.

Индија повторно воспостави јавен превоз, ги отвори канцелариите и трговските центри по 70 дена, а Министерството за здравство соопшти дека бројот на заразените лица деенска се зголеми за рекордни 10.956, вклучително и случаи во градовите Њу Делхи, Мумбаи и Ченаи.

Официјално, 8498 смртни случаи поврзани со коронавирус се потврдени во Индија, што е релативно малку за оваа пренаселена земја.

Додека инфекцијата забавува во повеќето европски земји, здравствените експерти предупредуваат дека постои умерен до висок ризик од нов циклус на болеста, што може да следи како резултат на опуштеност од мерките, и затоа можноста за повторно воведување карантин е реална.

„Првичниот бран на пренесување достигна врв во сите земји, освен во Полска и Шведска“, рече Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), кој предвидува умерено забрзување на ширењето на инфекцијата во наредните недели.

Ваквото зголемување, проценува ECDC, доколку не се провери може да изврши притисок врз здравствениот систем како во март и април во повеќе европски земји и Велика Британија.

„Оваа епидемија сè уште не е зад нас. Треба да бидеме внимателни“, им рече на еврокомесарот за здравство Стела Киријакидес на своите колеги од земјите-членки на ЕУ, повикувајќи ги да продолжат со тестирање на населението и да обезбедат дека ќе се следат контактите со заразените лица, особено откако ќе се отворат границите.

Во Белгија, бројот на нови инфекции со коронавирус е за околу еден процент поголем од минатата недела, но властите во земјата велат дека нема причина за загриженост.

Официјалните лица во голем број земји изразија загриженост за можното ширење на вирусот кај десетици илјади учесници во антирасистичките протести низ цела Европа.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебриесус изјави дека ризикот да се разгори епидемија е целосно реален.

„Мора да разбереме дека иако ситуацијата во Европа се подобрува, таа се влошува низ целиот свет .Сè уште ќе биде потребна глобална солидарност за целосно да ја победиме пандемијата.“, рече Гебрејзус.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер