СЗО повикува на зголемено производство на лекот Дексаметазон за лекување тешки форми на ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) повика денеска  да се зголеми производството на дексаметазон, откако британските научници објавија дека овој моќен стероид значително ја намалува смртноста кај пациентите со тежок облик ан ковид-19.

„Се соочуваме со нови предизвици: зголемување на производството и брза и правична дистрибуција на дексаметазон ширум светот, фокусирајќи се на тоа каде е најпотребен“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрезиус.

„За среќа, тоа е ефтин лек произведен во многу фабрики ширум светот што, сигурни сме дека може да го забрзаат производството“, додаде тој.

Првите резултати од британското клиничко испитување , објавено минатата недела покажуваат дека дексаметазонот ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста.

„Дексаметазон треба да се користи само кај пациенти со КОВИД 19 кои се во тешка и критична состојба, под строг клинички надзор“, предупреди тој.

„Нема докази дека овој лек е ефикасен кај пациенти со лесна форма на болеста и во превенција, згора на тоа може да биде штетна“, посочи тој.

Побарувачката за дексаметазон е „веќе зголемена“, рече Тедрос Аданом Габриезус, повикувајќи ја меѓународната заедница да биде „солидарна“ и „транспарентна“, така што снабдувањето со дексаметазон да се испорачува пред се на земјите со најголем број сериозно болни пациенти.

„Исто така е важно да се провери дали снабдувачите можат да го гарантираат квалитетот на „производите“ бидејќи постои „ висок ризик од влез на пазарот на производи со понизок квалитет и фалсификати “, предупреди шефот на СЗО.

„Вчера повеќе од 183.000 нови случаи на инфекција се пријавени во СЗО, што е несомнено најголем број за еден ден“, рече тој.

COVID-19 се појави во Европа порано отколку што се сметаше откако студијата покажа дека новиот коронавирус бил присутен во отпадните води во Милано и Торино, во северна Италија, уште во декември 2019 година.

„Многу е веројатно дека вирусот бил присутен во северна Италија, пред да се запознаеме со него“, изјави Мајкл Рајан од СЗО, истакнувајќи дека „во оваа фаза тоа не влијае на презумпцијата на болеста“ што за прв пат се појави во Кина.

600 француски жандарми ја почнаа акцијата во Нова Каледонија

Француските сили започнаа „голема операција“ во Нова Каледонија, на далечниот исток, а немирите синоќа однесоа уште еден живот, објави британски Гардијан.

Француските сили пробуваат да ја вратат контролата врз патот долг 60 километри што го поврзува главниот град на нова Каледонија Нумеа со главниот меѓународен аеродром, за што испратени се 600 тешко вооружени жандарми. Денеска е шести ден од избувнувањето на насилните немири, предизвикани од плановите во Париз да се воведат нови правила за гласање кои би можеле да им дадат право на глас на десетици илјади жители што не се домородни. Групите за независност велат дека тоа ќе го намали гласот на домородните канаци, кои сочинуваат околу 40 отсто од населението.

Летовите до и од главниот остров на Нова Каледонија се откажани од почетокот на немирите, блокирајќи патници и прекинувајќи ги трговските патишта.

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Стотици дотерани моторџии денеска дефилираат низ скопските улици со цел подигање на свеста за машкото здравје и превенција на рак на простатата.

Моторџиите облечени во палта и вратоврски по девети пат земаат учество во глобалниот хуманитарен мотоциклички настан, а собраните донации од учесниците одат во фондацијата за борба против рак на простатата „Мовембер“ во Лондон .

Организаторот на настанот во Скопје Игор Стефановски објаснува дека Глобалното движење започнало 2012 година во Сиднеј од група моторџии, во чест на нивниот пријател кој починал од рак на простатата, по што станува најголем глобален собир на мотоциклисти на светско ниво.

- Тие губат другар од рак на простатата, во негова чест почнуваат собирање, чисто клубски прво, меѓутоа сакаат да пренесат порака дека мотоциклистите не мора секогаш да бидат бучни, во кожни вентијаги и одлучуваат настанот да го направат дотерани, костумосани што би се рекло. Така да настанот со текот на годините настанот излегува од рамките на Австралија и се шири низ целиот свет. - Игор Стефановски – организатор

Во движењето на глобално ниво учествуваат околу 100.000 мотоциклисти од 110 држави. Во Скопје оваа година има рекорден број на официјално пријавени учесници, над 170. Тие велат дека се особено горди што се дел од ваков настан.

- Чувството да се вози на ваков настан е навистина убаво бидејки да си џентлмен и да правиш нешто што помага за да се поттикне машкото здравје е многу убава работа, веќе 8 години возам на gentlemens ride и е настан кој дефинитивно не се пропушта.- Филип Арсовски – учесник

- Чувството е одлично, се работи за еден интернационален настан кој ја потикнува важноста од борбата за машкото здравје, би препорачал на сите граѓани што повеќе да земаат учество во вакви хуманитарни настани и да ја гајат културата на старите мотори, олдтајмер возилата.- Златко Ивановски – учесник

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се над 18.000 евра. Од основањето на движењето досега глобално се собрани над 50 милиони долари кои се донираат во институции и болници за машко здравје.

Сообраќаен хаос во Клиничкиот центар во Скопје

Вакво е секојдневието во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Колони возила, свирежи и нервозни граѓани. Огромниот сообраќаен хаос за влез во клиниките е најизразен во утринските часови.

Ова е проблем со кој се соочуваат граѓаните години наназад и движењето низ клиниките е исклучително отежнато.

-И покрај тоа што во Клиничкиот центар има паркинг, се чини дека тој не е доволен да ги собере сите возила. Дел од нив се паркираат и на лентата за возилата за Брза Помош.

А токму несоодветно паркираните возила дополнително го заглавуваат сообраќајот низ клиничкиот центар.

Луѓето што ги анкетиравме се разочарани за целиот сообраќаен хаос што се случува во клиничкиот центар. Велат – ем плаќаат паркинг, ем губат време, ем не завршуваат работа.

Клиничкиот центар во Скопје располага со над 900 места за паркинг, а нови 600 предвидува новиот детален урбанистички план кој во февруари годинава го донесе Општина Центар. Сепак, и ова е мала бројка бидејќи според провен ките дневно во Клинички влегувата околу 5000 возила.

Иако низ годините помпезно од речиси сите министри беа најавувани брзи решенија за надминување на хаосот на Клинички, досега ништо од ветеното не е реализирано.

притисни ентер