3Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЗдравјеСЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиениГенералниот директор на СЗО на прес-конференција изјави дека е потврден и еден напад врз здравствена установа во Либан, без да прецизира кој е одговорен за нападите.Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека организацијата потврдила 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран за време на американско-израелската воена кампања, во кои беа убиени четворица здравствени работници, а 25 беа повредени. Генералниот директор на СЗО на прес-конференција изјави дека е потврден и еден напад врз здравствена установа во Либан, без да прецизира кој е одговорен за нападите. На истата прес-конференција, регионалниот директор на СЗО, Ханан Балки, изјави дека во Иран биле погодени и четири амбулантни возила, додека болниците и другите здравствени установи претрпеле помала штета од нападите во нивна близина. Како резултат на тоа, една болница во Техеран е евакуирана, објави претходно Агенцијата за здравство на ОН. Амбасадорот на Иран во СЗО во писмо до Тедрос претходно оваа недела изјави дека 10 здравствени установи биле погодени од воени напади. Балки додаде дека логистичкиот центар на СЗО во Дубаи, кој снабдува медицински материјали за десетици земји, е привремено надвор од функција поради ограничувањата во транспортот во регионот. Нападите на САД и Израел врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, започнаа на 28 февруари и предизвикаа цивилни жртви, додека Иран возврати со напади врз израелска територија и американски воени цели во регионот. Во еден од нападите беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, а земјата прогласи 40-дневна жалост. Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МетеоУтре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) -6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -2 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 0 Битола, Прилеп, Виница, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Демир Капија, 2 Скопје-Петровец, Штип, 3 Охрид, Струмица, Гевгелија, 4 Претор. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 13 Крушево, 11 Демир Капија, 10 Битола, Гевгелија, 8 Маврови Анови, 6 Прилеп, 5 Пожаране, Ѓуриште, Попова Шапка, 4 Тетово, Штип, Велес, Струмица, 3 Претор, 1 Крива Паланка, Виница, Берово, Лазарополе. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот во (cm) 42 Крушево (во 13 часот), 33 Ѓуриште, 31 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 14 Лазарополе, 13 Тетово, 11 Битола, 7 Гостивар, 6 Демир Хисар, 5 Берово, 4 Крива Паланка, 2 Прилеп. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Денеска времето беше облачно со врнежи од снег, а во пониските места во јужниот дел од Повардарието со врнежи од дожд и снег. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладнево ќе се задржи облачно со повремени врнежи од снег, кои постепено ќе се повлекуваат кон југ и до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Во раните утринските часови во источните делови наместа ќе провејува слаб снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРасте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес. Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани. Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција. Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност. Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди. Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП. Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
ЖивотКралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф. Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата. Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија. Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“. „Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот. Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам. Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.Тагови: Кралот Чарлс принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook