СЗО побара од Кина повеќе информации за недијагностициранoто воспаление на белите дробови - Канал 5

СЗО побара од Кина повеќе информации за недијагностициранoто воспаление на белите дробови

Независните кинески медиуми објавија дека наводно детските болници во делови од земјата се полни со болни деца. Кинеските власти го припишуваат порастот на болестите слични на грип на укинувањето на мерките против коронавирусот, објави Би-Би-Си.

СЗО побара од Кина повеќе информации за недијагностициранoто воспаление на белите дробови

Светската здравствена организација побара од Кина повеќе информации за недијагностицираното воспаление на белите дробови кое наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата и ги повика кинеските здравствени власти да преземат мерки за намалување на преносот на болеста.

Независните кинески медиуми објавија дека наводно детските болници во делови од земјата се полни со болни деца. Кинеските власти го припишуваат порастот на болестите слични на грип на укинувањето на мерките против коронавирусот, објави Би-Би-Си.

Во северна Кина, во октомври е забележано зголемување на случаите на симптоми слични на грип споредено со истиот период во изминатите три години.

Кинеските власти минатата недела објавија дека има зголемување на респираторните заболувања низ целата земја - особено грип, корона, пневмонија предизвикана од микоплазма, честа бактериска инфекција што ги погодува малите деца и респираторен синцициски вирус (РСВ).

Други земји, вклучувајќи ги Велика Британија и САД, забележаа сличен пораст на заболувања слични на грип по укинувањето на мерките против коронавирусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа.

Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка.

На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер.

На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание.

Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата.

Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи.

За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер