СЗО: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус изјави денеска дека пандемијата на коронавирус не е ни блиску до крај и нема да заврши наскоро.

„Ова не е ниоту блиску до крајот“, рече тој на прес-конференција во Женева.

„Иако многу земји напредуваа низ целиот свет, пандемијата всушност се шири побрзо. Сите сме заедно во ова и остануваме на долг рок. Веќе изгубивме многу, но не смееме да изгубиме надеж “, рече тој.

Тедрос исто така рече дека денеска се навршуваат шест месеци откако СЗО ги доби првите информации за пневмонија предизвикана од непознат причинител. Подоцна се покажа дека е коронавирусот.

„Денес се навршуваат шест месеци од првиот извештај за вирусот и тоа се совпаѓа со 10 милиони заболени и 500 000 смртни случаи“, додаде тој.

Тој рече дека сме во време кога треба да размислиме за напредокот што сме го направиле и за лекциите што ги научивме и да се посветиме на тоа да сториме сè за да спасиме животи.

„Пред шест месеци, никој не можеше да замисли дека нашиот свет и живот ќе изгледаат вака“, заклучи тој.

Чулев: Приведени се осум лица поради изборни прекршоци

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вели дека биле приоведени 8 лица за изборни прекршоци.

Најмногу, 38 настани биле регистрирани на подрачјето на СВР Струмица. Најмирно било на подрачјето на СВР Охрид, вели Чулев. Изборите минаа во мирна, фер и демократска атмосфера.

Османи: Ги повикуваме сите албански партии да се обединиме за прв премиер Албанец

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Бујар Османи рече дека тие ќе бидат решавачки фактор.

Османи ги повика сите албански партии постизборно да се обединат за да добијат прв премиер Албанец. Тој вели дека Албанците се клучен фактор на овие избори и да се обединат околу концептот за прв премеир Албанец.

Затворени гласачките места

Во  21 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На денешните десети парламентарни избори, а петти предвремени избори право на глас имаа 1.814.263 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираат во состојба на пандемија на коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици беа отворени во 7:00 часот, а гласањето заврши во 21 часот. Се гласаше за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имаат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

Денешниот изборен ден, според претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски помина мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес.

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти.

Сите вклучени во процесот и граѓаните кои одеа на гласање задолжително мораа да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а тоа се носење маска, држење растојание од метар до метар и половина, дезинфекција на раце при влез и при изле од гласачкото место.

Освен спецификата поврзана со коронавирусот, на овие избори првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и се со важечки документи и не се организира гласање во дијаспората бидејќи немаше доволен број пријавени македонски државјани за гласање. Сепак, овие лица доколку беа во земјата денеска можеа да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.

Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старските домови. Според податоците од ДИК, вчера вкупно 7.861 болни и немоќни лица го оствариле правото на глас. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено поправни установи 1.235 лица.

Гласањето за овие избори почна во понеделникот, кога гласаа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Правото на глас го искористиле 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација.

Од гласањето во понеделникот и вчера ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

Предвремените парламентарни избори во Македонија беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавируот и вонредната состојба беа одложени со Уредба со законска сила и одлука на ДИК. Потоа во договор меѓу политичките партии беше избран датумот 15 јули.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога во земјата недели наназад има троцифрени бројки на позитивни со коронавирусот. Но, Македонија е без Парламент од февруари година, а ја предводи техничка влада чија првенствена задача, според Пржинскиот договор, требаше да биде организирање фер и демократски избори.

Денешните предвремени парламентарни избори во Македонија ги следеа 2.709 домашни и странски набљудувачи. За изборите известуваа 57 странски новинари од 15 медиумски куќи, акредитирани од ДИК./МИА

притисни ентер