СЗО одлучи да започне преговори за договор за превенција и контрола на пандемијата

„Се уште има различни мислења за тоа што може или треба да содржи новиот договор", рече Тедрос, повикувајќи на продолжување на соработката.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ќе почне преговори за меѓународен договор за превенција и контрола на идните пандемии додека светот се подготвува да се бори против новиот сој на коронавирусот – Омикрон.

Договорот за засилување на мерките за пандемијата се очекува да биде готов во мај 2024 година, покривајќи прашања кои се движат од споделување податоци и секвенционирање на новите геноми на вируси до правична дистрибуција на вакцини и лекови добиени од истражување.

„Донесувањето на таа одлука е причина за славење и причина за надежта што ни е потребна на сите", рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на состанокот на министрите за здравство.

Според него, претстои уште долг пат.

„Се уште има различни мислења за тоа што може или треба да содржи новиот договор", рече Тедрос, повикувајќи на продолжување на соработката.

Тој додаде дека во меѓувреме, земјите треба да ги почитуваат меѓународните здравствени регулативи на СЗО од 2005 година.

Одлуката, насловена „Свет заедно", беше усвоена со консензус на специјалното собрание на 194 држави кои се членки на здравственото тело на ОН, што предизвика аплауз на крајот од тридневниот состанок.

„Текстот пред нас е резултат на опсежни дискусии, искрени размени и компромиси", рече австралиската амбасадорка Сали Менсфилд, која беше копретседавач со работната група.

Европската унија се залага за меѓународно правно обврзувачки договор, заедно со околу 70 земји, но Бразил, Индија и САД беа меѓу оние кои не сакаа да се посветат на договорот, велат дипломатите.

„Повикуваме на амбициозен процес во развојот на овој договор – сите ние да ја покажеме нашата мултилатерална посветеност и посветеност на обврзувачкиот инструмент", рече амбасадорката Лоте Кнудсен, шеф на делегацијата на ЕУ во ОН во Женева.

САД ја поздравија одлуката во соопштението, велејќи: „Овој важен чекор ја претставува нашата заедничка одговорност да работиме заедно за да ја подобриме здравствената безбедност и да го направиме глобалниот здравствен систем посилен и почувствителен".

Пендаровски: Им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба

Стево Пендаровски вели дека резултатите се јасни и нема намера понатаму да ги образложува, тој во својата прес конференција им честиташе на победниците на овие избори.

Тој им посака успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба.

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

притисни ентер