Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
1Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
2Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
3ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
ЗдравјеСЗО: Инјекциите за слабеење не се доволни за решение за глобалната криза со дебелинаСветската здравствена организација (СЗО) предупреди дека инјекциите за слабеење, иако корисни, не можат сами да ја решат глобалната епидемија на дебелина.- Да бидам јасен: медикаментите сами по себе нема да ја решат кризата со дебелината, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. СЗО ја одобри употребата на т.н. агонисти на GLP-1 рецепторот, но предупредува против претерано потпирање на нив. Насоките се однесуваат на активните состојки лираглутид, семаглутид и тирзепатид – кои се содржани во лековите Саксенда, Вегови и Мунџаро, што се користат за третман на дебелина. Во водичот се наведува дека овие три активни состојки може да се користат за третман кај возрасни, но не и кај бремени жени. СЗО нагласува дека здравиот начин на живот мора да биде дел од секој третман. - Клучно е што употребата на GLP-1 не ја заменува потребата од здрава исхрана и физичка активност, рече Тедрос. Дебелината е една од најголемите здравствени предизвици во светот – повеќе од милијарда луѓе живеат со ова хронично заболување, кое води кон дополнителни состојби како дијабетес и рак. СЗО очекува бројката да се удвои до 2030 година. Тедрос повика и на подобар пристап до овие лекови во сиромашни земји. Активните состојки првично биле развиени за лекување дијабетес, а подоцна покажале значаен потенцијал за намалување на телесната тежина, бидејќи го намалуваат апетитот и го засилуваат чувството на ситост. Сепак, многу прашања сè уште се отворени, вклучително и можни долгорочни ефекти, бидејќи лековите не се користат доволно долго за да се направи проценка, истакна СЗО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГрузија во мрак: Третпат за две неделиВо вечерните часови во средата, Грузија повторно се соочи со прекин на електричната енергија на национално ниво – трет таков инцидент во последните две недели. Весникот „Цивил“ (Civil) објави дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато околу 20:10 часот, што довело до застој во работата на метрото во Тбилиси, додека граѓани од целата земја известувале за прекинот на социјалните мрежи. Снабдувањето со електрична енергија почнало постепено да се обновува околу 21:00 часот. Гиорги Пангани, член на Грузиската национална регулаторна комисија за енергетика и водоснабдување (GNERC), изјави дека прекинот настанал за време на „планирано тестирање“ спроведено од „Грузискиот државен електросистем“ (GSE) – оператор и сопственик на главната преносна мрежа во земјата. Според него, тестирањето се одвивало во хидроелектраната „Енгури“ – најголемиот производител на електрична енергија во Грузија – и го опфаќало делот од системот што ја снабдува окупираната област Абхазија. Од GSE подоцна соопштија дека работата во електраната „Енгури“ имала за цел да се утврди причината за претходниот прекин на електричната енергија, што се случи на 24 и 25 јули. Компанијата наведе дека, за време на тестирањето, електроенергетскиот систем морал да работи во изолиран режим и на невообичаени фреквенции, што резултирало со привремен прекин на струјата низ целата земја. Медиумите претходно објавија дека директорот на GSE, Вано Зардиашвили, бил разрешен само неколку дена по големиот прекин на електричната енергија на 24 и 25 јули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве БаирПремиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата. Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бранОпштина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.„Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“. Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок. Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури. Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08