СВР Куманово регистрира 74 пријави за надминување на бучава од угостителски објекти од почетокот на годинава - Канал 5

СВР Куманово регистрира 74 пријави за надминување на бучава од угостителски објекти од почетокот на годинава

 Секторот за инспекциски надзор од општина Куманово во текот на годинава изрекол платни налози за четири угостителски објекти кои го прекршиле законот за бучава, соопштија денеска надлежните од секторот,.

СВР Куманово регистрира 74 пријави за надминување на бучава од угостителски објекти од почетокот на годинава

Секторот за инспекциски надзор од општина Куманово во текот на годинава изрекол платни налози за четири угостителски објекти кои го прекршиле законот за бучава, соопштија денеска надлежните од секторот, кои во текот на 2025-та извршиле седум мерења на угостителски објекти. Кумановци поднеле неколку пријави до секторот за инспекциски надзор за бучава од различни угостителски објекти од градот. Оттаму информираа дека до Секторот пристигнале барање за нарушување на мирот од бучава од кафе барови што се наоѓаат во локалитет „Гарнизон“, од угостителски објекти на Плоштад Маршал Тито, од локалитетот „Табакана“ и од бучава од клима-уред од угостителски објект на улица „Перо Шварц“.

- До Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат, Општина Куманово има пристигнато петиција од станарите кои живеат во станбени објекти во локалитет Гарнизон, за зголемена бучава од кафе барови кои се наоѓаат на втори кат во локалитет „Гарнизон“, информираа од секторот.

Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат, Општина Куманово има склучено договор со акредитирана лабораторија за мерење на бучава. Откако граѓаните ќе достават пријава или иницијатива инспекторатот врши увид во потребните документи потребни за заштита на животна средина за објектот.

- За вакви случаи секогаш увид се прави во доцните часови за кој временски период е и пријава и се излегува во соработка со МВР, СВР Куманово и со претставници од лабораторијата кои согласно утврдена методологија вршат мерење на емисија на бучава од угостителски објекти, информираа од секторот.

Согласно Законот за прекршоци од нарушување на ред и мир, одговорни за спроведување на законот е МВР.

- Најчесто поплаките се за нарушување на јавен ред и мир од гласна музика од кафе барови во период околу полноќ, што е повторно надлежност на СВР Куманово, додаваат од инспекција.

Кумановци најчесто се жалеле за нарушување на ред и мир од гласна музика од кафе барови во ноќните часови, што е во надлежност на СВР Куманово.

-Ние како институција немаме законско право да вршиме мерење на бучава. Затоа ангажираме акредитирана лабораторија. Во Куманово не постои акредитирана лабораторија за мерење на бучава и истите се со седиште во други градови, затоа не може да се реагира веднаш туку потребно е однапред закажан и усогласен термин, известуваат од секторот.

СВР Куманово од почетокот на 2025 година досега биле евидентирани 74 пријави во угостителски објекти на подрачје на Куманово, а кои се однесуваат за нарушување на јавниот ред и мир по пат на бучавост, додека во 2024 година биле регистрирани 29.

- Најчесто пријавите се во вечерните часови и по извршено фонометриско мерење биле утврдени 7 прекршоци во угостителски објекти, при што биле констатирани нарушувања на јавниот ред и мир по член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Исто така некои угостителски објекти биле пријавувани по неколкупати и за нив биле поднесени соодветни поднесоци, изјави портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово континуирано се на терен во сите временски периоди и доколку биде забележано некакво нарушување на јавниот ред и мир согласно законските надлежности веднаш се преземаат мерки.

Лекарите предупредуваат дека бучавата предизвикува негативни здравствени ефекти. Ефектите, можат да бидат акутни или хронични во зависност од видот, временската изложеност, а најзагрозени се повозрасните лица и децата, кои освен вознемиреност, пројавуваат нарушување на сонот, кардиоваскуларни ефекти, пречки во говорната комуникација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Според анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки.

Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони.

Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом

Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област.

Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка.

Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила.

Зошто се приближуваат до луѓето?

Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир.

Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште.

Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките.

Полициски часови и затворање на паркови

Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките.

Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински.

Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување.

По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични.

Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот

Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок.

Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место.

Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер