Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријавиНа 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДве децении ЈП ПОЦ: Средба на поранешните и актуелниот директорПо повод одбележувањето на 20-годишнината од основањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ЈП ПОЦ), денес во просториите на претпријатието се одржа средба на поранешните директори со актуелниот директор Душко Коцевски.На средбата присуствуваа поранешните директори Тодор Делјановски, Вангел Андрески, Саша Богдановиќ и Васко Кичевски. Средбата беше можност за размена на искуства и сеќавања, како и за разговор за развојот на претпријатието, предизвиците со кои се соочувало во различни периоди и промените и достигнувањата во изминатите две децении. Со оваа средба воедно започнаа и подготовките за одбележување на значајниот јубилеј – 20 години од основањето на ЈП ПОЦ. „Дваесет години се значаен период во кој претпријатието поминало низ многу промени и предизвици. Денешната средба беше убава можност да се потсетиме на почетоците, да размениме искуства и да им оддадеме признание на сите кои низ годините придонеле за развојот на ЈП ПОЦ. Секој период оставил свој белег, а наша задача е да го продолжиме тој развој и да обезбедиме уште подобри услуги за граѓаните", истакна директорот Душко Коцевски. Како дел од јубилејните активности, предвидена е изработка на публикација посветена на 20-годишнината, која ќе го документира развојот на претпријатието низ годините и ќе содржи сведоштва, искуства и сеќавања од луѓето кои во различни периоди биле дел од неговото раководење и развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделцитеСо 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а потоа им врачи картички и на земјоделците во Битола, каде што во изјава за медиумите соопшти дека од денес започна распределбата на вкупно 48.037 картички, за која се обезбедени 584 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра. „Финансиската поддршка започна да стигнува до земјоделците во период кога имаат потреба за вложување во есенската подготовка на почвата, за купување на семенски материјал и ѓубрива, како и за одржување на механизацијата. Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Затоа, зелената нафта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата“, рече министерот Серафимовски. Тој појасни дека мерката се спроведува преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, а износот за секој корисник се утврдува според површините и културите пријавени во барањата за директни плаќања во 2025 година. „Помошта се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар. За пченица, јачмен, пченка, ориз и другите култури во таа група изнесува 3.200 денари, а за сончоглед, маслодајна репка, луцерка и останатите култури во соодветната категорија - 4.800 денари по хектар. За градинарските култури опфатени со мерката и за лозовите насади се предвидени 9.600 денари по хектар. За јаболко, круша, слива, праска и другите овошни култури во оваа група износот е 12.000 денари, а за дуња, калинка, бадем, лешник и останатите култури во нивната категорија - 8.800 денари. За тутунот помошта е 11.000 денари, а за оревите и питомите костени - 6.000 денари по хектар“, изјави министерот Серафимовски во Битола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Пинокио“ на НУ Народен театар Битола патува во Штип, Битола и СкопјеНУ Театар Битола најомилената приказна за дрвеното момче – „Пинокио“, ја раскажува на 14-тиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“ во Штип во два термини, на сцената на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ .Веднаш после ова прекрасно гостување, екипата се враќа назад во Битола! Оваа сабота, овој докажан театарски спектакл ќе се одигра на матичната сцена. Една од најпознатите и најсаканите приказни за деца, за дрвеното момче кое сонува да стане вистинско дете нè води низ свет исполнет со авантури, искушенија, пријателства и необични ликови. Претставата по текст на Карло Колоди, е во режија и драматизација на Деан Дамјановски. Композитор: Марјан Неќак, сценографија: Сергеј Светозарев, костимографија: Андреј Ѓоргиевски, изработка на маски: Сара Милевска. Играат: Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски. Во претставата учествуваат и ученици од Театарската школа „Бабец“: Ана Анѓелевска, Марија Јовев, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Софија Наумовска, Николина Јанкоска, Ана-Марија Каранфиловска, Андријана Мемет, Војдан Мавровски, Николај Илијевски и Каја Крстевска. На 14 октомври „Пинокио“ веќе патува за Скопје, како дел на 5. ИФДТ „Игор Маџиров“. Од 11:00 часот една од најпознатите приказни за детството ќе оживее на сцената на МНТ. Токму со „Пинокио“ се отвора натпреварувачката програма на годинашниот фестивал и пет фестивалски дена ќе бидат исполнети со театар, фантазија и средби со уметници од различни земји. Обезбедете си ги местата навреме во Штип, сабота во Битола и во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook