Светските медиуми му се нафрлија на Ѓоковиќ и тоа поради-скршениот рекет (ВИДЕО) - Канал 5

Светските медиуми му се нафрлија на Ѓоковиќ и тоа поради-скршениот рекет (ВИДЕО)

Ситуацијата со дисквалификацијата од УС Опен сеуште не е заборавена, откако ја удри линиската судијка со топка во вратот, а Новак Ѓоковиќ повторно е во центарот на вниманието поради однесувањето на теренот.

Светските медиуми му се нафрлија на Ѓоковиќ и тоа поради-скршениот рекет (ВИДЕО)

Во вчерашната пресметка од четвртфиналето на Мастерсот во Рим против Доминик Копфер во вториот сет, тој го загуби сервисот без да освои бод, па потоа се изнервира и со сета сила го фрли рекетот на земја. Го уништи со еден потег, што доволно зборува за силата на ударот и количината на фрустрацијата во моментот.

Иако не е соодветно, ваквото однесување не е необично на тениските терени, но бидејќи тој е најдобриот тенисер на светот кој неодамна го имаше инцидентот во Њујорк, светските медиуми едвај дочекаа за да го искритикуваат неговото однесување .

„Новак Ѓоковиќ во гнев скрши рекет“, „Новак Ѓоковиќ го изгуби трпението“, „Ѓоковиќ дивееше, Србинот го фрли рекетот на земја две недели откако беше исфрлен од УС Опен“, беа насловите во медиумите.

Но, веќе не станува збор само за нивниот однос со Ѓоковиќ како тенисер, туку тој е нападнат од разни лобија заради своите ставови, кои неодамна ги разјасни во големото интервју за Њујорк Тајмс. Покрај тоа, тој го потресе светскиот тенис основајќи своја асоцијација на играчи.

"Не е прв рекет што сум го скршил во мојата кариера. Сум го правел тоа претходно и веројатно ќе го сторам повторно. Не сакам, но кога станува збор за мене, тоа се случува", објасни Ѓоковиќ.

"Така оди. Понекогаш така се ослободувам од лутината и тоа дефинитивно не е најдобрата порака, особено до младите тенисери кои гледаат кон мене и дефинитивно не сакам да го охрабрувам тоа", изјави првиот светски тенисер.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во Србија, момче кое сакало да му помогне е полесно повредено

Попладнево во смедеревската населба Плавинац избувна пожар на отворено. 

Маж загина во пожар во Србија, момче кое сакало да му помогне е полесно повредено

70-годишен маж загина во пламенот, кој најверојатно излегол од контрола, додека млад човек кој се обидел да му помогне и да го извлече од пламенот се здобил со полесни изгореници, објавува Sdcafe.

Истрагата ќе утврди што точно се случило, а една од можните причини за пожарот е палење на растителни или други остатоци, вообичаена и опасна практика во нашата земја, поради што пожарникарите постојано апелираат до граѓаните, пренесе Телеграф.

Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот со две возила по повик и го изгаснале пожарот, но веќе било предоцна за еден човечки живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо се појави со модринка на окото: Немаше да се случи акo носев очила

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, се појави со модринка под десното око на вчерашниот пријателски натпревар против Шалке, клубот што го води тренерот на Босна и Херцеговина, Мирон Муслиќ. 

Мурињо се појави со модринка на окото: Немаше да се случи акo носев очила

Појавата на Мурињо привлече внимание по средбата во Гелзенкирхен.

Победа за Реал и подарок за Мурињо

Во натпреварот, Реал Мадрид убедливо го победи Шалке со резултат од 3:0. По средбата, Муслиќ и Мурињо се фотографираа, а португалскиот тренер доби соодветен подарок. Муслиќ му подари дрес на Шалке со натпис „Специјален“, познатиот прекар на Мурињо.

Објаснување за повредата

По натпреварот, Мурињо откри како ја заработил салото. Тој објасни дека станува збор за несреќа за време на тренинг, каде што топката го удрила во лицето и оставила видлива трага. „На тренинг, топката ме удри во лицето. Да немав очила, веројатно немаше да се случи. Можеше да биде полошо“, рече Мурињо.

Последна проверка пред новата сезона

Овој натпревар беше последниот подготвителен тест за двата тима пред почетокот на новата сезона. Натпреварот се играше и во чест на 25-годишнината од изградбата на стадионот на Шалке, Велтинс Арена. Хујсен, Мбапе и Еспи постигнаа голови за Реал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Синди Крафорд тврди дека врз неа бил извршен егзорцизам (ФОТО)

Актерката Каја Гербер откри дека нејзината мајка, супермоделот Синди Крофорд, како дете организирала егзорцизам врз неа.

Ќерката на Синди Крафорд тврди дека врз неа бил извршен егзорцизам (ФОТО)

Гербер за прв пат јавно проговори за тоа во подкастот „Mitch Churi Chat Show“, каде што беше гостинка со колегата Греам Кембел, пишува Entertainment Weekly.

Необично искуство од детството

За време на разговорот за соработката со продуцентот Рајан Марфи, Гербер рекла дека нејзината мајка Синди Крафорд ѝ дала света вода за снимањето на серијата „American Horror Story: Double Feature“. „Ми кажаа дека сум била опседната како дете“, објасни таа, додавајќи дека целиот свој живот се чувствувала како да е „прогонувана од духови“. „Се чувствувам како да привлекувам суштества од друга димензија на многу опуштен начин“, објасни таа.

Кога директно ја прашале дали навистина е извршен егзорцизам врз неа, Гербер одговорила потврдно. „Дали знаете како го изведоа? Свиреа диџериду над мене, така изгледаше“, откри таа и појасни дека станува збор за традиционален австралиски абориџински дувачки инструмент. Иако не даде повеќе детали, таа ја потврди автентичноста на настанот. „Навистина се случи. Никогаш не зборував за тоа“, заклучи таа.

Нова улога во серијата „The Shards“

Гербер моментално глуми во новата серија на Рајан Марфи „The Shards“, базирана на истоимената книга на Брет Истон Елис од 2023 година. Во подкастот, таа истакна дека нејзината улога во серијата била „сон“.

„Пораснав со „Glee“, гледав сè што правеше Марфи, дури се вратив и на „Nip/Tuck“. Навистина ја следам целата негова кариера и сè што создава ми изгледа совршено“, рече таа за соработката со познатиот продуцент.

Серијата „The Shards“ се одвива во Лос Анџелес во 1980-тите. Таа следи група привилегирани дипломци на елитно приватно училиште кои се соочуваат со прашања за идентитет, пол, љубомора, опсесија и опасностите што се кријат под површината на растењето во Америка.

За септемвриското издание на списанието „Вог“, Гербер зборуваше за носталгијата за времето пред интернетот, што е евоцирано во серијата. „Гледате „The Shards“ и копнеете по времето кога не сте биле на мобилен телефон, кога можевте да западнете во неволја, а следниот ден да не завршите на интернет“, рече таа.

Заедно со Гербер и Кембел, во екипата на серијата се и Хомер Гир, Хејс Ворнер, Еван Рејчел Вуд и Вес Бентли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер