Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка
1Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка
3Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаСветските лидери како бебиња- вештачка интелигенција ги направи нивните портрети (ВИДЕО)На социјалните мрежи се шири видео кое ги прикажува светските лидери како мали деца, а резултатите се навистина смешни.Корисникот по име Planet AI објави видео на Инстаграм со натпис: „Побарав од вештачката интелигенција да ги нацрта светските лидери како бебиња“, а видеото набрзо стана вирално. Меѓу другите, на фотографиите се прикажани сегашните и поранешните претседатели на САД, Џо Бајден, Доналд Трамп и Барак Обама, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон, поранешниот британски премиер Борис Џонсон и папата Франциско. „Џо Бајден изгледа толку старо што дури и во оваа верзија изгледа како да има 60 години“, се пошегувал твитерџија. „Навистина е смешно што папата Франциско се уште е во папската облека. Ме тера да мислам дека бебе раководи со Католичката црква“, напишал друг. Have you ever wondered how the current world leaders looked like when they were kids? Here is an AI generated video. pic.twitter.com/ei5lsfuOB4 — Nobert Elekes (@N0rbertElekes) June 12, 2023 Сепак, најголем интерес предизвикаа фотографиите со вештачка интелигенција на други лидери, како што се рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. „Путин е најслаткиот“, се пошегувал еден твитерџија, додека друг напишал: „Какви се слатки“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаПретседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. СловачкаСловачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.„На покана на словачката амбасадорка Н.Е. г-а Ивета Хрицова и полковник Иван Улични, присуствував на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Република Словачка. Денот на Уставот е потсетник на правно-политичките темели на современата словачка држава, а Денот на вооружените сили симболизира модерна и храбра армија, подготвена да ја брани татковината. Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ. Длабоко верувам во европската иднина на македонско-словачките односи.“- стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска ДавковаТагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаГерасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметењеПаркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона приредија вистинска музичка вечер за паметење, со публика која пееше заедно со нив од почеток до крај. За расположението и смеата се погрижи Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и непосредност ѝ даде посебен печат на целата вечер. Градоначалникот Горан Герасимовски од сцената им се обрати на присутните и им се заблагодари што во толку голем број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината. „Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно“, порача Герасимовски. „Нешто што ќе остане“ веќе четврта година е настан посветен на македонската музика и домашните изведувачи. Герасимовски нагласи дека токму тоа е идејата која Општина Центар сака да ја продолжи и во иднина. „Имаме одлични македонски музичари и уметници и тие заслужуваат сцена, публика и поддршка. Сакавме овој настан да биде наш – со наша музика, наши изведувачи и наша публика. Тоа го правевме досега и тоа ќе продолжиме да го правиме“, истакна Герасимовски. А синоќешната слика од Паркот на Франкофонија најдобро покажа зошто – илјадници луѓе, различни генерации, македонска музика и една заедничка причина за славење – 50 години Центар. Вечер што ќе се памети и уште едно „Нешто што ќе остане“. Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВелјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери. Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб. Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови? Почитувани граѓани, Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување. Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот. Не сме исти. Разликата е евидентна. Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Александар Велјановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00