Светските и регионални лидери изразуваат сочувство и нудат помош за трагедијата во Кочани - Канал 5

Светските и регионални лидери изразуваат сочувство и нудат помош за трагедијата во Кочани

Сочуство за големат трагедија во Кочани изразуват сите лидери од Европа и регионот.

Светските и регионални лидери изразуваат сочувство и нудат помош за трагедијата во Кочани

Европа тагува со вас на овој трагичен ден. Пристигнаа изрази на жалење од сите претсавници нa Eвропската Унија. На своите профили со неизмерна тага постови објавија претседателката на европската комисија Урсула Фон дер Лајан која напиша и дека жали за трагичната загуба на живот во Кочани. Сочуство изразија и претседателот на европскиот совет Антонио Коста, претседателката на европскиот парламент Роберта Мецола како и првиот човек на Светската здравсена организација Ханс Клуге кој напиша дека се подготвени да обезбедат медицинак и ментална здравстена поддршка за земјава. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази соочуство до премиерот Мицкоски за трагичната несреќа во Кочани.

Сочуство присигна и од претедателот на Украина Зеленски како и од целотодржавно раководство

-На повредените им посакувам брзо закрепнување. Украина ја споделува тагата со нашите македонски пријатели на овој тажен ден, напиша Зеленски

Од регионот од сите лидери пристигна сочуство за трагедијата. Грчкиот премиер Мицотакис преку платформата икс изрази искрено сочуство до народот во Македонија. На повредените им посака брзо закрепнување и напиша дека се подготвени да помогнат во ова тешко време. Албанскиот претедател Бегај исто така објави дека изразува длабоко сочуство до семејствата кои ги загубиле најблиските а со свој пост се огласи и премиерот на Албанија Еди Рама кој покрај сочуството потенцираше дека земјата е подготвена да понуди било каква помош доколку е потребно.

Од регионот со свои постови на социјалните мрежи сочуство иразија и Бугарскиот претседател Румен Радев, српскио претседател Вучиќ,хрватскиот премиер Ангредј Пленковиќ, премиерот на Словенија Роберт Голоб, премерот на косово Албин Курти како и од членовите на претседателството на босна и херцеговина.

Папата Франциск, преку телеграма упати изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.

YouTube video

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Бил сосема обичен ден. Постара госпоѓа седела пред куќата, пиела кафе и се подготвувала за работа.

Уживала во дворот, кога наеднаш дувнал силен ветер и покривот полетал кон неа (ВИДЕО)

Имало многу за чистење во дворот, но прво таа се одморила. Сепак, нејзиното уживање кратко траело, бидејќи наеднаш започнала бура, објави Итемфикс.

Сè полета!

Сè во дворот одлетало и настанал хаос! А потоа ветрот го подигнал лимениот покрив кој паднал токму пред нозете на несреќната жена.

Имала неверојатна среќа и не била сериозно повредена. Единствено што таа морала да го среди настанатиот хаос.

Како изгледаше драматичниот настан, погледнете во продолжение:

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли обвинувањата на Украина за вмешаност на кинески компании во производството на воена опрема за Русија, нарекувајќи ги „неосновани“.

Кина ги отфрли обвинувањата на Украина дека ја вооружува Русија: Политичка манипулација

Оваа изјава ја даде портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун како одговор на повикувањето на кинескиот амбасадор од страна на украинското МНР, пишува Укринформ, повикувајќи се на Глобал Тајмс.

„Веќе јасно ја кажавме позицијата на Кина за релевантните прашања. Кина цврсто се противи на неоснованите обвинувања и политичките манипулации“, рече портпаролот.

„Кинеските компании произведуваат оружје на руска територија“

Како што објави Укринформ, на 22 април, кинескиот амбасадор Ма Шенгкун беше повикан во украинското Министерство за надворешни работи поради наводи дека кинески државјани учествувале во борбите на страната на Русија и дека кинеските компании произведуваат оружје на руска територија.

Заменик министерот за надворешни работи Јевхен Перебинис за време на средбата истакна дека доказите за учеството на кинеските граѓани во војната против Украина, како и вмешаноста на кинески компании во военото производство во Русија, предизвикуваат сериозна загриженост и се во спротивност со духот на партнерството меѓу Украина и Кина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно на 7 април изјави дека Украина добила информации дека Кина и доставува оружје на Русија - конкретно барут и артилерија. Кина на 18 април одговори дека не испорачала смртоносно оружје на ниту една страна во војната.

Кинеското Министерство за надворешни работи уште еднаш ги отфрли сите обвинувања, нагласувајќи дека тие се политички мотивирани и неосновани.

Семејството на Фреди Меркјури во кавга со екс девојката- му ги продала работите (ВИДЕО)

Кашмира Булсара (73), сестра на легендарниот Фреди Меркјури (вистинско име Фарук Булсара), наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин поради продажбата на личните работи на Фреди.

Семејството на Фреди Меркјури во кавга со екс девојката- му ги продала работите (ВИДЕО)

„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба од неговата поранешна девојка“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал ​​Зук и личната асистентка тајно учествувале на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 ​​милиони фунти за некои од предметите, пишува The Sun.

„Одвоија огромен буџет“

„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, рече изворот.

YouTube video

Меѓу предметите што наводно ги купила Кашмира се џубокс, елек со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната These Are The Days Of Our Lives и осум страници работни верзии на текстот на песната Killer Queen.

YouTube video

Врската на Фреди и Мери

Да се ​​потсетиме дека Мери и Фреди се запознале во 1970 година кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди ѝ признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери како негова сопруга. Тие останаа во добри односи до неговата смрт во 1991 година.

притисни ентер