3Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти
3Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
КошаркаСветскиот шампион Шпанија прв противник на кошаркарите на Македонија во квалификациите за СПКошаркарската репрезентација на Македонија вечерва на домашен паркет во СЦ „Јане Сандански“ против бранителот на тронот Шпанија ги започнува квалификациите за Светското првенство 2023 година.Дуелот во Јане Сандански стартува во 19 часот и 30 минути. Нашата подмладена селекција, во националниот тим ќе ги нема повредените Војдан Стојановски, Димитриевиќ, Ѓуровски, Младеновски, и искусниот Бојан Трајковски, по кратките подготовки во Скопје е подготвена за надигрување со големиот ривал кој во Скопје допатува без ѕвездите од Евролигата и од НБА тимовите. Црвената фурија предводена од легендарниот стратег Скариоло во Скопје сепак ќе има силен тим предводен од играчи кои подолго време настапуваат во европските клупски натпреварување. Македонските кошаркари и покрај суперквалитетниот противник велат дека сепак не размислуваат на предавање туку сметаат дека со поддршка од трибините ќе се обидат да го изненадат големиот фаворит, бранителот на светската круна Шпанија. „Мислам дека секој натпревар мора да е посебна приказна за себе. Почнуваме со актуелниот светски првак, самото по себе, тоа говори за каква квалитетна репрезентација станува збор. Мора да бидеме најдобри доколку сакаме позитивен резултат на тој натпревар. Шпанија си е Шпанија, со кој состав и да дојде има квалитетни играчи.Како што напоменав, мора да сме максимално спремни и фокусирани во текот на целите 40 минути од натпреварот. Во спортот никогаш не се знае што ќе биде и што тој ќе ти донесе, така што ние ќе се бориме максимално и ако ни се даде можност и шанса да бидеме победници на овој натпревар“ изјави репрезентативецот Дамјан Стојановски за официјалниот сајт на федерацијата. Денешниот натпревар во Скопје ќе биде првиот натпревар меѓу Македонија и Шпанија , на домашен паркет. Инаку покрај супер квалитетната Шпанија противници на црвено жолтите во квалификациите за Светскиот шампионат се и репрезентациите на Украина и Грузија. Од нашата група само првите три селекции ќе обезбедан учество на Првенството во 2023.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, КасисУнапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ. На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проектиПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи. Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите. Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%. Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%. Значи споредуваме 2 со 7 години. Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени ! Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“. Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој. Затоа овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура. Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter