Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
Војска на улиците на Париз и Милано, десетици илјади протестираат- Ова ќе биде долг ден, вели министерот Нуњез (ВИДЕО)
1Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба
2Војска на улиците на Париз и Милано, десетици илјади протестираат- Ова ќе биде долг ден, вели министерот Нуњез (ВИДЕО)
ЗдравјеСветскиот доктор, Македонецот Иво Бошкоски од болницата Џемели за МИА: Со мојата иновативна метода се губи една третина од прекумерната тежинаДоктор Бошкоски, кој со години има успешна кариера во Италија, е првиот доктор во светот кој воведе иновативен метод со специјална гастроскопија која го исфрла хормонот на глад.-Македонија е мала држава со многу паметен народ. Голем број семејства готват дома, а тоа е многу позитивно да се подготви здрава храна за децата, за себе за ручек кога сте надвор, отколку да купите нешто што е спакувано и да го конзумирате на работа. Сето тоа е многу важно за борба против дебелината. Многу подобро е помалку да јадете, ќе се чувствувате поздрави, отколку да се прејадете и да имате здравствени проблеми - вели во интервју за МИА, светскиот доктор, Македонецот од Тетово д-р Иво Бошкоски, кој воведе револуционерен метод за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим. Доктор Бошкоски, кој со години има успешна кариера во Италија, е првиот доктор во светот кој воведе иновативен метод со специјална гастроскопија која го исфрла хормонот на глад. Методот дава исклучителни резултати во процесот на слабеење. Пред неколку дена, за првпат во светот, во водечката италијанска болница „Џемели“ во сопственост на Ватикан, каде што се лекуваат папите, д-р Бошкоски користеше сонда од најновата генерација „Мовива“, која овозможува побрзо „горење“ на поголем дел од желудочната слузница. Тој посочува дека дебелината е болест којашто е дефинирана и од СЗО, а не естетски проблем и доколку државата инвестира за да се намали бројката на пациентите со прекумерна тежина тогаш ќе има поздрава популација и работна популација која е посреќна. Според него, секоја држава треба да си го регулира домашниот проблем со дебелината. Смета дека и медиумите треба да придонесат со „постојан притисок“ да се избегнува нездрава храна, нездрави пијалоци, алкохол..., со што се решава еден дел од проблемот. Другиот дел од проблемот, додава, е домашната едукација. Кога децата не сакаат повеќе да јадат, советува дека родителите не треба да инсистираат тие да завршат со храната, да се изеде се што има во чинијата, што е доста присутно во јужна Италија и на Балканот. Патот на др Бошкоски до „Џемели“, како што вели, бил доста долг и тежок. Морал и да работи и да учи во исто време, и кога сите оделе на други универзитети бидејќи им било страв да се обидат на „Џемели“, како најпрестижна клиника и католички универзитет во Италија, тој одлучил да се спротивстави и да се обиде. „Само кога сакате да успеете некаде, секаде ќе успеете кога имате повод. Има толку многу можности, светот дава за секој да стане некој и нешто“, истакнува нашиот светски доктор, кој стана револуционер во откривање метода за намалување на дебелината кај луѓето. Специјализирал ендоскопија, гастроентрологија, и за себе скромно вели дека е меѓу петте први, број еден, ендоскописти во светски рамки. Во „Џемели“ клиниката, која е центар за тренинг на глобално ниво, доаѓаат специјалисти од цел свет за да научат нови методи. Особено му е драго, како што вели во интервјуто за МИА, кога доаѓаат од Македонија, а тој на сите се обидува да им помогне за едукација. Италијанскиот медиум „Ла Република“ неодамна објави сторија за Вас, за вашата метода за намалување на дебелината кај луѓето, што се применува во водечката клиника „Џемели“ во Рим. За што станува збор? Станува збор за ендоскопска метода, процедурата се вика ендоскопска вертикална гастропластика, процедура што јас ја воведов во 2013 година во Италија, а во САД беше во 2012 година. Од тогаш ја правиме редовно, речиси девет процедури неделно правиме за пациенти со коморбидитети - дијабет, висок крвен притисок итн. Се прави преку уста - хранопровод, желудник, за време на гастроскопија. Станува збор за мини инвазивна процедура којашто е помалку ефикасна од хирургија и цело време се бориме да дојдеме до решение за да биде процедура што може да ги покрие сите пациенти со дебелина. Jас ја воведов оваа метода за аблација, т.е. горење на фундусот на желудникот, горниот дел на желудникот каде што има клетки на грелин (хормон кој го зголемува апетитот). Имаме откриено дека тие клетки кај дебелите пациенти се хипертрофични, произведуваат многу хормон. Имаме направено електронска микроспопија и за нас е многу лесно ендоскопски да ги изгориме тие хормони, кога се горат паѓа мукозата и се обновува. Новата мукоза кога расте е здрава и има здрави клетки и со оваа метода даваме плус бустер на вертикалната ендоскопска гастропластика. Резултатите се многу добри - губење на тежината од 28 отсто на почетниот БМИ по 12 месеци и намалување од 32 отсто по 18 месеци. Тоа е сензацијалниот дел што со оваа метода се додава аблација на фондусот и се стигнува до 32 отсто. Во октомври треба да излеземе со официјална публикација. Во меѓувреме, Ербе Електромедицин ни ја направи сондата „Mовива“ и католичкиот универзитет „Џемели“, каде што сум јас професор и фондацијата „Џемели“, што се една организација, излезе со официјално соопштение дека сме добиле одлични резултати. Веста ја презедоа над 40 италијански медиуми меѓу кои и „Ла Република“, италијанската новинска агенција АНСА, весникот „Ил месаџеро“, како и помали портали. Ве декларираат како првиот лекар во светот кој вовел иновативна метода со специјална гастроскопија која дава исклучителни резултати во процесот на слабеење. Што за Вас претставува ваквата квалификација? Да, Endosleeve основната процедура - ендоскопска вертикална гастропластика, како што ви кажав, јас ја воведов во 2013 година. И, на светско ниво сум меѓу првите коишто ја имаат промовирано, имаме публикации итн. во областа, со тоа што ова е моја иновација да се додаде и аблација на фундусот на желудникот. И за мене, нормално, тоа е доста афирмирачки, и сум задоволен затоа што можам да помогнам конкретно на пациентите. Мини инвазивната метода може да се направи со општа анестезија, со блага седација итн., и може да се направи и кај педијатриска популација и кај геријатриска популација. Најстар пациент што сум оперирал е 85 години. Пациентите може да бидат и со тешки коморбидитети каде што не може да се прави хирургија. Така што помагаме доста на сите пациенти. А, јас сум задоволен, затоа што има и доста истражувачки активности околу тоа. Се посочува дека тестирањата во клиниката „Џемели“ кај пациенти со дебелина се многу позитивни. Што покажуваат прелиминарните резултати? Прелиминарните резултати се многу, многу добри. Се надеваме дека ќе останат вакви со текот на времето затоа што сепак станува збор за хронична рецидивна болест. И, како што ви кажав, во моментов е до 32 проценти од губење на телесната тежина, што е сензационално за една мини инвазивна метода што трае 30 минути. Мислам е доста, доста добар резултат. Во последно време, со цел намалување на прекумерната тежина, тренд кај луѓето, особено кај младите, е стеснување на желудникот. Таквите операции претежно се изведуваат во Турција, која стана „популарна медицинска дестинација“ токму за таа намена. Колку вашата метода е различна од оваа и кои се предностите? Има огромна разлика помеѓу двете методи. Методата која ја спомнавте е гастрактоми, што значи дека се сече дел од желудникот и се фрла, се тубулизира. Ендослив, тоа што го правиме ние, што го правам јас, е ендоскопска редукција преку уста, желудникот се набира од внатре и не се сече ништо. Во мојата метода, ендослив плус аболација на фундусот, компликациите се помалку од еден процент. Многу, многу ретко на еден од илјада пациенти, може и помалку, може да има перфорација која што се решава едноскопски. За разлика од гастрактомите т.е. процедурата која што се прави хируршки компликациите се доста повисоки дури и смртоносни, може да има многу хронични проблеми итн. Плус пациентите често имаат рефлукс и може да доведе до прекарцинози итн., што значи дека е доста доста поагресивна хируршката варијанта. Двете процедури се прават на пациенти со хронична болест која што рецидивира, т.е. обезитет. И кога вие имате таков пациент, мора да го следите на почетокот секој месец, па на три месеци, на шест месеци. Мора да има диета, психолошка реедукација итн. А, пред тоа има ендокринолог, психолог, нутриционист, хепатолог, кои ги валутираат пациентите за да дадат индикација за операција. Сега може да замислите кога еден пациент оди во странство и плаќа за да биде опериран во друга држава, како може после да биде следен низ време за една хронична болест. И, плус ако има компликација која често се открива по месец дена. Кој ќе ја решава таа компликација. Во Белград има пациенти кои се оперирани во странство, во Македонија, во Албанија, во сите балкански земји, и после се создаваат ситуации коишто се доста комплексни за решавање. Процедурата што ние ја имаме воведено значи е тотално репрусирана од здравствениот систем, бесплатна е за пациентите. Нормално, како и во секоја болница, има варијатни да се плати, но огромен број од пациентите се на бесплатна листа и се е рефундирано од Фондот, затоа што станува збор за болест. Дебелината е болест којашто е дефинирана од СЗО, не е естетски проблем. Пациентите со дебелина се пациенти кои имаат многу коморбидитети, кои имаат психолошки проблеми, кои имаат хипертензија, дијабет, остеоартикуларни болки итн. И таквите пациенти често не одат на работа, често имаат социјални проблеми, често мора да земаат денови за боледување, често земаат доста медикаменти, и се на товар на државата. Доколку државата инвестира за да се намали бројката на пациентите со обезитет тогаш ќе има поздрава популација и работна популација која е посреќна итн. Според Светската федерација за дебелина, до 2035 година се очекува над половина од светската популација да биде со прекумерна тежина. Кои се вашите совети за превенција на овој здравствен проблем и за решенија за оние кои веќе се соочуваат со дебелината? Дали се сеќавате пред дваесетина години имаше битка против пушењето. И се уште има битка. И на секоја кутија цигари пишува „пушењето е штетно по здравјето“. Кога вашите деца гледаат телевизија, моите исто, има реклами за секакви типови на нездрава храна, „фаст фуд“, „софтдринкс“ итн., но никаде не пишува дека таа храна и тие пијалоци се штетни за здравјето на вашите деца, па и на вашето. Треба сето тоа да тргне од Европскиот парламент каде што има неколку барања за да се направи тоа, но со доста јако лоби, како што постоеше и за цигарите, и за тутунот, за сите типови на тутун и е препуштено на самите држави, што значи секоја држава треба да си го регулира домашниот проблем со дебелината. Тоа е еден дел, што значи кога ќе имате постојан притисок по сите медиуми дека треба да избегнувате нездрава храна, нездрави пијалоци, алкохол, се решава еден дел од проблемот. Другиот дел од проблемот е домашна едукација. Кога децата не сакаат повеќе да јадат, родителите не треба да инсистираат да завршат со храната, да се заврши тањирот, итн, тоа е доста присутно во јужна Италија, на Балканот, каде што ако детето не јаде, значи дека нешто му е или пак нема да порасне (се смее) итн. Домашната едукација - родители, баби и дедовци, е многу важна, затоа што уште од доење, уште од раѓање, почнува едукацијата за правилна исхрана. Правилна исхрана да се даде, нормално, зависи од економските услови на секое семејство, да се даде храна којашто е здраво готвена, здраво подготвена. Не значи ако е скапа дека е здрава, има доста евтини работи коишто се многу здрави, и на начин на кој се спремени. Значи, првиот столб е семејството, а вториот столб е државата која треба да инвестира во здрава популација. Третиот столб е школскиот систем каде што треба да се едуцираат децата на здрава исхрана, на еколошко однесување со средината, на запазување на средината. Сето тоа е поврзано, тоа е синџир помеѓу исхрана, средина, едукација, и од сите страни треба да има поддршка за тоа. Секретарот за здравство на САД, Роберт Кенеди Јуниор вели дека едно од пет деца во САД имаат прекумерна тежина, а во 1980 година имало едно од 20 деца. Тој вината ја наоаѓа во процесираната храна полна со вештачки шеќери која им се дава на децата и поведе „војна“ против прехранбените компании. Дали имате податоци каква е состојбата на овој план во Италија и во Европа?“ Никој нема подобра регулација на апетит од дете. Детето знае кога е доста, кога не сака повеќе да јаде. Подобро е да јаде почесто, но помалку. Јас не сум нутриционист, за тоа има стручњаци. Тоа е доста битен момент, ова се клучните моменти. И потоа, моментално на светско ниво, станува збор за глобезити, што значи глобална пандемија. Борбата е уште од првите денови на раѓање на децата, значи правилна едукација за правилна исхрана. Како што ви кажав станува збор за глобезити. Ако отворите The ekonomist ќе видите дека во 2022 или 2023-та излезе на прва страница наслов дека бројот на дебели деца е поголем од децата коишто се неухранети моментално, што е тотално обратно од пред 20 години. Се разбира, сето тоа се должи на процесирана храна, ама кој им дава процесирана храна на децата - родителите и фамилијата, тоа што можат да си дозволат луѓето да си купат. Нормално, во Мекдоналдс храната е многу поевтина, отколку во еден ресторан. Луѓето имаат пристап до евтина храна која што е многу често и нездрава. Како што кажав, има евтина храна којаштo е здрава - грав, грашок и сите зеленчуци се доста поевтини и поздрави од која било друга исхрана. Зголемeната тежина e директно поврзана со дијабетес 2 и зошто тогаш државите не посветуваат повеќе внимание кон превентива, макар влегле во судир со големите прехранбени компании, отколу потоа да трошат милијарди евра за лечење на дијабетот? Ова е поврзано со претходните две прашања. Како што одговорив, борбата е со мултинационалните компании за „софт дринкс“, за нездрава храна, шеќер... Тука има огромен дел со конзерванси и сите супстанци коишто го уништуваат микробиотот на цревата посебно на дебелото црево. Сите супстанци коишто имаат, коишто унифицираат масло со вода, како на пример мајонезот. Ако направите мајонез дома, утредента ќе го најдете одделено маслото од водата. Нема да го купите таков во супермаркет затоа што ќе мислите дека е расипан. За да ги ставите во соединение маслото и водата, треба да ставите емулзификанти внатре, кои ги има секаде, во сите производи, во сладолед, во тестенини, во пршут, во се што е конзервирано, пакувано, плус конзерванси, плус вештачки бои. Сите тие супстанции ги уништуваат бактериите и фосфолитската мембрана на бактериите на микробиотот и тоа има огромен удел во дебелината, особено кај децата. Кај возрасните под нездрава храна се подразбира алкохол, процесирана храна итн. Вие сте признат научник и клиничар во областа на гастроентерологијата во глобални рамки. Колку вашето знаење и искуство може да биде применето и во нашата земја? Македонија е мала држава со многу паметен народ, многу итар народ. Така што, доста голем број фамилии готват дома, се уште мислам дека е така. И тоа е многу позитивно кога се купува храна, кога се готви, кога се спрема. Подобро е да се стане пола саат порано на сабајле за да се приготви здрава храна за децата, за себе за ручек кога сте надвор, отколку да купите нешто коешто е спакувано и да го конзумирате на работа. Сето тоа е многу важно за борба против дебелината. Многу подобро е помалку да јадете, ќе се чувствувате поздрави, отколку да се прејадете, и да имате здравствени проблеми. Во Македонија, како што кажав, мала земја со паметен народ, може да се применат различни методи. Прво, најбитно е потребен доволен економски статус за да се дојде до здрава храна, а како што кажав здравата храна не значи дека треба да биде и скапа. Сето тоа е поврзано и во круг. Доктор Бошкоски, Вие сте медицински директор на Одделот за дигестивна ендоскопија во ватиканската болница „Џемели“ и вонреден професор по гастроентерологија. Кој е Вашиот пат до реномираната клиника каде што се лекуваат и римските папи? Не сум директор, јас сум одговорен за целиот дел за истражувања, научни протоколи итн. Имам доста патенти, различни протези се мои патенти. Пред пет години имам измислено регенеративна ендоскопија, што беше објавено во многу престижни светски журнали. Бев член на УО две години на Европското здружение за ендоскопија во светски рамки итн. Мојот пат е доста долг - студирав две години медицина во Скопје, потоа се префрлив во Перуџа, во Италија, завршив медицина таму. Ми ги признаа првите испити, од првите две години од Скопје. Во Скопје има многу добра школа за медицина. И, многу е тешко кога се оди надвор. Навистина бев детиште кога заминав од Македонија. Морав и да работам и да учам во исто време, да одржувам кредити, да одржувам просек, добив стипендија, тоа е доста долга приказна. Само кога сакате да успеете некаде, секаде ќе успеете кога имате повод. Тоа што го гледам денес - многу млади деца ни работат, ни учат, е доста шокантно за мене. Има толку многу можности, светот дава за секој да стане некој и нешто. Одлуката да одам на „Џемели“ беше против сите кои одеа на други места оти им беше страв да одат на „Џемели“, бидејќи е најпрестижна клиника и католички универзитет во Италија. Јас се одлучив да одам таму оти сакав да пробам. А, втора варијанта за специјализација, по Италија, беше Германија. Доста многу учење. Ненормално тешко е да се влезе на специјализација. Специјализирав на Кампус Био-Медико, кој што е близу „Џемели“, тоа е друг универзитет, и од таму добив докторат на „Џемели“. Специјализирав ендоскопија, гастроентерологија, и можам да кажам моментално, не сакам да се фалам, но јас сум меѓу пет до шест први, број еден, ендоскописти во светски рамки, и во обемот на ендоскопија што е за жолчни патишта и панкреас за баријатрична ендоскопија, регенеративна ендоскопија што јас ја имам измислено, а сега доста центри ја воведуваат. Ние во „Џемели“ сме центар за тренинг на глобално ниво. Од цел свет доаѓаат луѓе да научат од нас нови методи. Многу ми е драго кога доаѓаат од Македонија, на сите се обидувам да им помогнам за едукација. Исто и за цел Балкан, од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна, Словенија и тн. Од секаде доаѓаат специјалисти за да научат нови методи кај нас.Тагови: Иво Бошкоски Џемели прекумерна тежина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаМакедонската православна општина за Мелбурн и Викторија го одбележа Денот на македонската револуционерна борба Молитвениот спомен за блаженоупокоениот Архиепископ Ангелариј и почитта кон македонските национални дејци ги обединија Македонците во Мелбурн во заедничко чествување на православната вера, црковната самобитност и националниот идеал.Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, со пригодниот настан насловен „Чувари на верата и македонскиот идеал“, на 24 октомври 2026 година го одбележа Денот на македонската револуционерна борба и 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј. Чествувањето се одржа во најстариот македонски православен храм во дијаспората „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, кој е духовен дом на голем број македонски генерации. Програмата опфати панихида и полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, со што им беше оддадена почит на македонските национални дејци и на нивната борба за слобода и достоинство. По панихидата, која ја отслужи парохискиот свештеник, јерејот Климент Станковски следуваше културно-уметничка програма со свечен настап на КУД „Светлост“ и заедничко дружење. Настанот го отвори претседателот на црковната општина, г. Дејан Змејковски, кој ја нагласи важноста од чествувањето на историските личности што со својот живот и дело придонеле за македонската национална кауза. Во своето обраќање тој ја истакна значајната улога на македонските црковни општини во Австралија во зачувувањето на националната посебност на македонскиот народ во дијаспората. Преку богослужбениот живот, културните активности и заедништвото, овие општини ја негуваат православната вера, но и ги чуваат македонскиот национален идентите, јазик и традиција за идните идните македонски поколенија на австралискиот континент. Посебно место во чествувањето имаше молитвениот спомен за Архиепископот Ангелариј, чиј животен и свештенички пат е непосредно поврзан со македонската заедница во Мелбурн. Во 1961 година, како парохиски свештеник, бил назначен при црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во мелбурнскиот кварт Фицрој, каде што служел до 1964 година. За Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, споменот на Архиепископот Ангелариј е и благодарно сеќавање на свештеникот кој дал придонес во развојот на нејзиниот организиран црковен живот. Четири децении по неговото упокојување, неговото дело продолжува да живее во заедницата на која ѝ служел и во поколенијата што го продолжуваат тоа духовно наследство. На настанот покрај многубројниот народ присуствуваа преставници на македонската заедница и активисти, како и преставници на австралиските институции. Како посебен гостин на одбележувањето присуствуваше новоименуваниот македонскиот амбасадор во Австралија, Н.Е. г. Стојанче Китаноски, кој за прв пат по предавањето на акредитивните писма е во посета на Мелбурн. Исто така би го истакнале присуството и на почитуваната г-ѓа Бронвин Халфпени, пратеничка за Томастаун во Парламентот на сојузната држава Викторија, Австралија. Амбасадорот Китаноски им го честита 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба и им посака уште големи успеси и достигнувања во работата поеѓи нашиот народ на оваа најстара формирана црковна општина во дијаспората. Чествувањето продолжи со посета на македонскиот манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, поврзувајќи го сеќавањето на духовните и националните дејци со живата православна традиција што се негува во македонските храмови и манастири во Австралија. Амбасадорот Китаноски и гостите беа дочекани од игуменот на обителта, отецот Гаврил (Галев), кој ги запозна со историјатот на манастирот и неговата мисија помеѓу македонскиот народ. Со пригодниот настан „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија ја потврди својата посветеност на зачувувањето на споменот на Архиепископот Ангелариј и на македонските национални дејци. Нивното наследство останува повик за продолжување на делото на зачувување на православната вера, македонскиот идентитет и живата врска со татковината Македонија. Македонска православна општина за Мелбурн и ВикторијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДрама во Калифорнија: Камион виси од мост, возачот скокна во бездна (ВИДЕО)Драматични снимки од Калифорнија покажуваат минувачи како брзаат да му помогнат на човек додека тој се подготвува да скокне од кабината на камион што виси над патот.Луѓето се собираат под кабината и простираат ќебе, обидувајќи се да го ублажат неговиот пад, пренесоа Независне. Видеото го прикажува човекот како излегува од вратата на камионот, а потоа виси над патот. Минувачите држат простирано ќебе под него. Потоа човекот се пушта и паѓа кон толпата луѓе кои се собрале да му помогнат. WATCH: Strangers rush to help as a man prepares to jump from a truck hanging over a California highway. Dramatic footage captures bystanders gathering beneath the dangling cab, stretching out a blanket as the man climbs through the door and hangs above the roadway before letting go. The moving truck crashes into a center divider after colliding with a sedan on I-5 in San Diego. Four occupants of the car are hospitalized, while the truck's two occupants decline medical treatment. — Fox News (@FoxNews) October 23, 2026 Камион во движење се судрил со патничко возило на автопатот I-5 во Сан Диего, пред да удри во средната пречка. Кабината на камионот останала да виси над патот по судирот. Четири лица во патничкото возило се однесени во болница. Степенот на нивните повреди не е веднаш познат. Двете лица во камионот одбиле медицинска помош.Тагови: Калифорнија камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ФудбалНа Манчестер Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилно продавање на имототНезависниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“ да ги принуди сопствениците на Манчестер Сити да го продадат клубот доколку се утврди дека незаконски го воделе. Ова го кажа шефот на тоа тело Дејвид Коган во подкастот Остатокот е фудбал и тоа е најновиот удар за владејачкото семејство на Обединетите Арапски Емирати. IFR е ново владино тело кое ги надгледува финансиите и сопственоста на англиските клубови. Независната комисија веќе го прогласи Сити за виновен за повеќето од 115-те обвиненија за кршење на финансиските правила помеѓу 2009 и 2018 година, а клубот поднесе жалба. Одлуката по жалбата се очекува на 23 јануари 2027 година. Коган: Имаме апсолутна моќ „Нема да дозволам да бидам принуден на каква било пресуда во овој случај, но ние имаме моќ да побараме од сопственикот да се повлече од клубот“, рече Коган. На прашањето дали сопственикот може да го спречи да го стори тоа, тој одговори: „Не, не, не. Ние имаме апсолутна моќ да го сториме тоа“. Шеикот Мансур го презеде Сити во 2008 година од поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра за околу 200 милиони фунти. Во следните 18 години ја собори доминацијата на Манчестер Јунајтед и изгради династија во синиот дел на градот, а сега му се заканува не само голема парична казна, туку и загуба на клубот. Дејли Мејл: Сити сигурно ќе испадне Дејли Мејл на почетокот на неделата, повикувајќи се на извори од врвот на англискиот фудбал, објави дека Сити сезонава го очекува толку голема бодовна казна што сигурно ќе испадне од Премиер лигата. Освен тоа, би добил и огромна парична казна. Според истиот извор, на Сити би можел да му бидат одземени бодови и во Чемпионшип, за да не може веднаш да се врати во елитата. Сценаријата со испаѓање во Втората лига, четвртиот степен на англискиот фудбал или целосно исклучување од лигата во моментов се сметаат за неверојатни. Таков расплет тешко би можел да се случи без заминувањето на најголемите ѕвезди. Ерлинг Халанд, Рајан Черки, Џанлуиџи Донарума и Јошко Гвардиол тешко би се согласиле да играат во втората лига, а можеби и повеќе од една сезона. Тимот сѐ уште не попушта Се уште нема проблеми на теренот. Под водство на Енцо Мареска, кој го наследи Пеп Гвардиола ова лето, Сити е на врвот во Премиер лигата со седум победи од седум натпревари. Во Лигата на шампионите на 14 октомври загуби на домашен терен од ПСЖ со 2:4. Во вторникот на „Етихад“ го победија АЕК со 5:1, а Фил Фоден постигна три гола. Тоа беше негов прв хет-трик од април 2024 година, по речиси десет месеци без постигнат гол, а Мареска призна дека Фоден „не бил доволно добар“ во претходните две години. Поранешните играчи го бранат периодот на успех. „Имавме одлични години заедно и освоивме многу титули. Никој не може да ни го одземе тоа, што и да се случи, бидејќи ја живеевме таа ноќ“, изјави Кајл Вокер, кој освои четири првенствени титули во низа со Сити.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38