ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
1ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
ЗдравјеСветски ден за борба против туберкулоза, во државава 290 случаи во 2023 годинаТуберкулозата не е болест од минатото - таа сè уште претставува закана за милиони луѓе ширум светот. Може да се излечи, но, само ако се открие навреме, порачува Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден за борба против туберкулоза - 24 Март, глобална иницијатива за подигнување на свеста за оваа сериозна заразна болест, нејзините последици и начините за превенција и лекување. Пораката за Светскиот ден против туберкулоза годинава е „Време е за акција!“. Според последните податоци со кои располага Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија, бројот на новорегистрирани случаи на туберкулоза во 2023 година изнесувал 160 случаи. Од тие 160, мажи биле 109, а жени - педесет и еден. - Состојбата за 2023 е слична како и за претходните години, со мало намалување во споредба со 2018 и 2019 година, каде бројот изнесувал 217 за 2018 година, односно 199 случаи за 2019 година. Вкупниот број на активни случаи во државава за 2023 изнесувал 290, од нив - 230 биле мажи, а 60 жени, информираат денеска од Институтот. Бројот на соодносот на случаи на ТБ кај мажи е 2:1 во сооднос со ТБ кај жени, односно ова заболување е многу почесто кај машката популација на Македонија. Од ИЈЗ потенцираат дека низ годините има пораст на бројот на нови случаи, што е загрижувачки тренд, бидејќи за ова заболување има достапна вакцинација и достапен третман. - И покрај тоа што туберкулозата е болест што може да се спречи и излечи, таа и понатаму претставува глобален здравствен проблем, особено во земјите со ниски и средни приходи. Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), милиони луѓе секоја година заболуваат од туберкулоза, а илјадници животи се губат поради доцно дијагностицирање или недоволен пристап до соодветен третман, додаваат од ИЈЗ. Туберкулозата е заразна болест што главно ги напаѓа белите дробови, но, може да зафати и други органи, како што се коските, мозокот и бубрезите. Болеста се шири преку воздухот, кога заразеното лице кашла или кива. Некои од најчестите симптоми што ги наведува ИЈЗ се долготрајна кашлица - повеќе од две недели, болка во градите, замор и слабост, ненадејно губење на телесна тежина, ноќни потења и треска. - Иако во последните децении има значителен напредок во дијагностиката и третманот, борбата против туберкулозата сè уште се соочува со многу предизвици. Недоволен пристап до здравствена грижа - во многу сиромашни земји, дијагнозата и третманот се скапи или недостапни. Антибиотска резистенција - зголемената отпорност на бактеријата кон лековите го отежнува лекувањето. Стигматизација и недостаток на информации - многу заболени лица избегнуваат медицинска помош поради страв од социјална осуда, истакнуваат од ИЈЗ. Се истакнува дека образованието е клучно за рано откривање и превенција. БСЖ вакцината е ефикасна за заштита на децата од тешки форми на туберкулоза. Се алармира на редовни здравствени прегледи - доколку се почувствуваат симптоми, веднаш да се побара лекарска помош. - Поддржете ги програмите за борба против туберкулозата - волонтирајте, донирајте и залагајте се за подобра здравствена заштита за сите, додаваат од Институтот. Според податоците на СЗО во 2023 година, 10,8 милиони луѓе се разболеле од туберкулоза. - Најголем дел од тие се во ниско развиените земји, особено во Африка и Азија. 1,25 милиони луѓе во светот, според податоците на СЗО, починале како последици од туберкулоза. Позитивно е што откако постојат стратегиите за ТБ во светот, од 2000 година па наваму, околу 79 милиони животи се спасени со кампањите и глобалните напори за крај на туберкулозата, наведуваат од ИЈЗ. Како што се нагласуваат, туберкулозата не е болест од минатото - таа сè уште претставува закана за милиони луѓе ширум светот. - Време е за заедничка акција. Со посветеност, информираност и солидарност, можеме да создадеме иднина без туберкулоза, порачуваат од ИЈЗ. Датумот за одбележување на Светскиот ден на турбкулозата е избран во чест на денот кога д-р Роберт Кох во 1882 година ја откри бактеријата „mycobacterium tuberculosis“, што овозможи напредок во дијагнозата и третманот на болеста.Тагови: туберкулоза ИЈЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ФудбалИнфантино го прекина молкот: Нема да толерираме напади, имаме поддршка!Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, преку својот профил на Инстаграм и преку официјално соопштение ја информираше јавноста за деталите од вонредниот состанок што го свика во Мароко со највисокото раководство на ФИФА. Имено, Инфантино тврди дека добил поддршка од челниците на ФИФА во својство на претседател и дека се преземени чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со организацијата. Инфантино упати и предупредување – иако не именуваше никого конкретно – нагласувајќи дека ФИФА нема да толерира напади врз својот интегритет и дека ќе ги преземе сите мерки за заштита на својот углед. – Денес, присутните членови на Управниот одбор на ФИФА ги презедоа неопходните чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со ФИФА, како и за да се осигури дека ФИФА, нејзината мисија и одговорноста кон светскиот фудбал ќе продолжат целосно да се остваруваат, давајќи ми поддршка мене како претседател на ФИФА, но и на администрацијата предводена од генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром. - Цврсто веруваме дека заклучоците од денешниот состанок дополнително ќе го зајакнат управувањето со ФИФА, ќе помогнат да се врати довербата во организацијата и ќе ни овозможат обединето и транспарентно да се подготвиме за големите настани и предизвици што претстојат, додека ја продолжуваме нашата мисија за развој на фудбалот низ целиот свет. - Исто така, се согласивме дека ФИФА нема да толерира никакви напади врз својот интегритет и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својата репутација. - Во исто време, ФИФА тесно ќе соработува со сите релевантни чинители за да разгледа како може дополнително да го поддржи развојот на фудбалот преку програмата „FIFA Forward“, за доброто на сите 211 членки на ФИФА, конфедерации и регионални фудбалски асоцијации – изјави Џани Инфантино. Инаку, Џани Инфантино се најде на удар на критики од голем број конфедерации – УЕФА, АФЦ, КОНКАКАФ, како и од многу национални асоцијации, кој му ја ускратија довербата. Инфантино почна да ја губи поддршката по преседанот кога ФИФА, за време на Светското првенство, го „избриша“ црвениот картон на Фоларин Балогун за осминафиналето, по барањето на Доналд Трамп. Потоа, тој дојде до идеја да ги продаде правата за Светското првенство на приватен инвеститор, со што ја загуби поддршката од многу конфедерации, како и од бројни национални сојузи. Во последните недели, УЕФА е еден од главните критичари на Инфантино, а претседателот Александар Чеферин дури и не се појави на финалето на Светското првенство.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапијаЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам. За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите. ЛДП бара: - Итно обезбедување на целата неопходна терапија; - Целосна јавна информација за причините за недостигот; - Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст; - План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори. Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труеМинистерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени. Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“. Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата. А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа. Власта си игра со животите на луѓето. Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово. Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24. Мицкоски труе народ. Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат. Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter