Светски ден за борба против туберкулоза - Македонија во групата земји со ниска инциденца - Канал 5

Светски ден за борба против туберкулоза - Македонија во групата земји со ниска инциденца

Од 2019 година, Македонија припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, што значи имаме помалку од 10 новооткриени на 100 илјади жители.

Светски ден за борба против туберкулоза - Македонија во групата земји со ниска инциденца

Надлежните од здравствените институции на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден за борба против туберкулоза - 24 Март, истакнаа дека болеста е излечива и може да се спречи ширењето. Најризични групи за пренос на болеста се здравствените работници, лицата со хронични заболувања (дијабет), пациентите со ХИВ/СИДА, категориите на граѓани кои имаат низок социјален стандард на живеење, како и местата каде има долг заеднички престој како затворите, психијатриските болници, прифатилиштата за бездомни лица.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Сеад Зејнел соопшти дека во лани имале 160 случаи за разлика од 2019 година кога биле отркеини 199 случаи. Бројот на хоспитализирани пациенти на Институтот за белодробни заболувања во Скопје варира од пет до 10 лица.

- Овој пад на бројот на новооткриени случаи во годините на Ковид пандемијата го сметаме за најреален, истовремено очигледен и непосреден ефект на самата Ковид пандемија, која може да се протолкува како нарушување на контролата на туберкулозата заради рефокусирање на сите здравствени капацитети кон справувањето со неа. Овие бројки кореспондираат и со светските статистики и бројки, каде што на преминот од 2019 кон 2020 година имаше пад на новооткриените случаи за 25 отсто, рече Зејнел.

Доц.д-р Катерина Бошковска, педијатар пулмолог и раководител на Одделот за туберкулоза во Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле истакна дека за овие неполни три месеци од годинава дијагностицирале седум деца со туберкулоза. Потенцира дека моментално, на Клиниката во Козле не лежи ниту едно дете, бидејќи се пуштени на домашно лекување.

- Лекувањето трае долго, шест месеци. Во 2023 година на Клиниката во Козле имале вкупно 20 деца со туберкулоза. Децата до петгодишна возраст според препораките на СЗО се стават на превенција.Тоа е пократок режим од три или шест месеци, зависи со колку лекови се лекува. Затоа што кај децата, особено доенчињата во првите две години и до 40 проценти е ризикот да развие болест доколку не се превенираат, рече Бошковска.

Министерот за здравство, Илир Демири информира дека Министерството на годишно ниво одвојува околу 10 милиони денари за кампања наменета за борбата против туберкулозата.

- Последен период како да заборавивме на неа дека постои, но како министер за здравство и инфектолог ви кажувам дека туберкулозата е присутна. Има начин да се спречи, бидејќи е излечива како болест. Треба рана детекција. Тоа е успехот за борба против туберкулозата, рече Демири.

Светскиот ден за борба против туберкулоза годинава се одбележува под мотот „Да! Можеме да ставиме крај на туберкулозата!“

Туберкулозата (ТБ) е сериозна заразна болест која првенствено ги зафаќа белите дробови, но може да влијае и на други делови од телото. Тоа е предизвикано од бактерија наречена Mycobacterium tuberculosis. ТБ се шири низ воздухот кога лице со ТБ на белите дробови или грлото кашла, кива или зборува, а некој друг ја вдишува бактеријата.

ТБ може да биде латентна, што значи дека бактериите се присутни во телото, но не предизвикуваат симптоми и не се активни, притоа може да се пренесат на други. Симптомите на активна ТБ може да вклучуваат: кашлица која трае повеќе од три недели, болка во градите, кашлање крв, замор, треска, ноќно потење и губење на тежината. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии.

59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики.

Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив...

Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“  од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ. 

Концерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“

Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува на меѓународната сцена веќе долги години покажувајќи врвна професионалност и безгранична креативност.

Повеќепати застанува на сцените на престижниот „Карнеги Хол“ во Њујорк, како и во „Кенеди центарот“ во Вашингтон, „Кадоган хол“ во Лондон, „Сантори Хол“ во Токио, како и на повеќето подиуми на театрите во Италија како „Ла Фениче“ во Венеција, „Сан Карло“ во Неапол, и театарот „Петруцели“ во Бари. Неговите настапи со оркестри ги вклучуваат: Симфонискиот оркестар во Индијанаполис, Берлинскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар „Орфеус“, Филхармонијата во Хелински под диригентските палки, на меѓу другите сер Невил Маринер и Лорин Мазел. Настапува пред видни личности и светски лидери, меѓу кои Роналд Реган, Михаил Горбачев и папата Јован Павле II. Миленковиќ е лауреат на повеќе интернационални натпревари како: Меѓународниот натпревар во Индијанаполис (САД), натпреварот „Кралица Елизабета“ во Белгија, „Родолфо Липицер“ и Премио „Паганини“ во Италија, натпреварот „Лудвиг Шпор“ во Германија и натпреварот „Јехуди Мењухин“ во Велика Британија.

Ѓурѓица Дашиќ дипломира на Факултетот за музичка уметност на одделот – оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар. Од 2008 година е вработена во Македонската опера и балет како хор-мајстор. Учествува во поставувањето и во одржувањето на целокупниот репертоар во Македонската опера. Соработува со голем број истакнати диригенти во улога на соработник и на асистент-диригент, меѓу кои и Емил Табаков, Џанлука Мартиненги, Енрико Довико, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Урош Лајовиц и со многу други.

Како оркестарски диригент, во својата матична куќа ги диригира оперите „Рита“ од Г. Доницети, „Севилскиот берберин“ од Џ. Росини и традиционалниот концерт Млади оперски надежи „Коста Трпков“. Активно учествува во подготовката и во реализацијата како оркестарски диригент на првиот македонски мјузикл „Тајно моја“, во чест на Тоше Проески.

Во 2019 година го формира камерниот оркестар „Профундис“ со кој активно работи како негов уметнички раководител и диригент и реализира исклучително успешни соработки и настапи.

Камерниот оркестар „Профундис” е формиран во 2019 година од страна на диригентката Дашиќ. Во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти од повеќе различни генерации. Идејата на „Профундис” е да се создаде висококвалитетен професионален ансамбл кој покрај изведбите на капитални дела, ќе поставува праизведби на дела од современи автори од класичната музика, да биде во функција на македонските врвни изведувачи, како и на македонските современи автори, да носи светски имиња од светот на класичната музика како солисти и да ги поместува границите на креативноста како во смисла на изведбата, така и во смисла на сценскиот настап.

Оркестарот „Профундис” низ својата активност ќе забележи исклучително успешни концерти сo светски познатите солисти како виолинистите: Стефан Миленковиќ, Роман Симовиќ, Јован Богосављевиќ, Ирина Мурезану и Марио Хосен; виолончелистите: Петар Пејчиќ и Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки; Огњен Поповиќ – кларинет; Џузепе Нова – флејта; Даниеле Ајело – гитара; Антонио ди Кристофано – пијано; како и со македонските солисти: Владимир Костов, Ана Кондратенко, Благој Нацовски, Ема Попивода, Наде Талевска, Марија Ѓошевска, Славица Мицовска, Бранко Павловски, Љубиша Кировски и др.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари.

Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра.

Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија.

На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат.

Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането.

Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер