Светски ден на поезијата

Разновидност во дијалог, слободен проток на идеи преку збор, креативност и иновација.

Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек, пишува во пораката на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова по повод Светскиот ден на поезијата 21 Март.
Бокова истакнува дека овој ден значи поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите така што, вели Бокова, поезијата веќе нема да се смета за застарена форма на уметност.
Светскиот ден на поезијата традициионално ќе биде одбележан и во Македонија - со манифестацијата „Поетско пладне“ што ја организираат Мaкедонскиот ПЕН Центар и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”.
Поетското слово од Македонија годинава ќе го упати поетот Веле Смилевски, а свои стихови ќе читаат Влада Урошевиќ, Гордана Михаилова-Бишњаковска, Димитар Башевски, Тодор Чаловски, Ферид Мухиќ, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Иван Џепароски, Биба Исмаил, Владимир Мартиновски...
Одлуката 21 март да се прославува како Светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 година, на 30. сесија на УНЕСКО. Оттогаш денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ цел свет и поетите од сите континенти праќаат пораки во чест на стиховното творештво.


Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

притисни ентер