3Другар од детството му пукал во глава поради „црна лотарија“- детали за убиството на бугарскиот бизнисмен
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ЗдравјеСветски ден на дијабетесот под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“ Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, во чест на одбележување на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот денеска во Скопје организира настан под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“ .-Согласно нашата мисија како мрежна организација на локалните здруженија на лицата со дијабетес, која се застапува за здравствени политики усогласени со ЕУ стандардите и користење на најнови иновативни технолошки достигнувања и терапија за третман на лицата со дијабетес, како и создавање на поттикнувачка дијабетес култура, одбележувањето одлучивме ова одбележување го организираме под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“, велат организаторите. Од овој концепт очекувааат да се дефинираат активности кои ќе иницираат соработка со јавните здравствени институции на партнерско ниво, соработка со националните здравствени власти. -На овој настан ТРКАЛЕЗНА МАСА со наслов „Дијабетесот на работното место – предизвици и можности за здраво и продуктивно работење “. На истата свои воведни обраќања ќе имаат проф. д-р Татјана Миленковиќ – претседател на Научно здружение на ендокринолози, дијабетолози на Македонија, доц. Д-р Ирфан Ахмети, дитректор на Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, Скопје и претседател на Националана комисија за дијебетес, д-р. Сци Олга Лозановска – дијабетелог и пратеник во Собранието на РМ и г-дин Азир Алиу Министер за здравство (ТБП), а поканети за актвно учество се: научните и професионални здруженија на интернисти, кардиолози, нефролози и офталомози, општи и семејни лекари и здружение на приватни лекари, како и јавните институции, образовните установи и приватниот сектор како и здруженијата на лица со дијебетес, информираат организаторите на настанот.Тагови: дијабетес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со температура до 29 степениУтре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаГаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието. Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
НаукаГенетски модифициран квасец е градежно решение за станбен простор на Марс Научниците во Хонг Конг развија брз и евтин „жив“ градежен материјал за домови за идните колонисти на Марс, направен од генетски модифициран квасец, желатин и песок, кој може да се печати со помош на 3Д технологија.Идните колонисти на Марс ќе имаат потреба од домови, но тие се соочуваат со изборот да потрошат огромни суми пари за транспорт на градежни материјали од Земјата или да користат огромна количина енергија за да ја претворат марсовската почва во тули. Научниците од Технолошкиот универзитет во Хонг Конг (HKUST) развија иновативен, евтин и енергетски ефикасен „жив“ градежен материјал за куќи за 3Д печатење на Марс, направен од комбинација од генетски модифициран квасец, желатин и марсовска почва, реголит. Студијата на научниците од Хонг Конг, објавена минатиот месец во онлајн изданието на списанието „Chem Circularity“, опишува биолошко врзивно средство кое врзува грануларни материјали, според порталот Scmp. Оптимизираната смеса имала компресивна јачина од околу 12 мегапаскали (MPa), што е околу 170 проценти повисоко од контролната смеса и спаѓа во опсегот на вредности карактеристични за конвенционалните градежни материјали. Главните карактеристики на ова решение се природно замрзнување-сушење, потоа исклучителна цврстина, како и заштеда на ресурси. Кога оваа смеса се печати 3D на површината на Марс, изложеноста на екстремно ладна и сува марсовска атмосфера предизвикува материјалот да се замрзне и исуши. Како што е наведено, за време на овој процес, квасецот делува слично на природно лепило, претворајќи ја смесата во лесен, но изненадувачки цврст материјал чија издржливост е споредлива со полесните видови бетон. Процесот не бара печки со висока температура, што драстично ја намалува потрошувачката на енергија потребна за градење колонии на Марс. Иако досега се успешно отпечатени само мали тест структури, ова откритие на научници од Хонг Конг има огромно значење за развојот на живот надвор од Земјата.Тагови: марс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook