Светски ден на детето

Овој ден може да ни послужи сите нам како инспирација да ги промовираме, застапуваме и славиме правата на децата, така што ќе почнеме да разговараме и да преземаме акции што ќе направат подобар и поправеден свет за децата.

Oва се наведува во пораката на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ по повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември.

-Сите: мајки, татковци, наставници, медицински сестри и доктори, водачи и граѓански активисти, религиозни и лидери во заедниците, деловни могули и медиумски професионалци, како и самите млади и деца, може да имаат важна улога во тоа да го направат Светскиот ден на децата важен во своето општество, заедница и држава. Од климатски промени, образование и ментално здравје, се до стоп за расизам и дискриминација, децата и младите го креваат својот глас за прашања важни за нивната генерација и повик до возрасните да создадат подобра иднина, стои во пораката.

Светскиот ден на детето востановен во 1954 ги промовира меѓународното заедништво и свест меѓу децата низ целиот свет и добросостојбата на децата. На 20 ноември 1959 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на 20 ноември 1989 година Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето.

Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на детето, Народниот правобранител завчера презентираше наоди од истражување по анонимен онлајн-прашалник на 1147 средношколци од 14 училишта во Скопје, кое покажува дека 68 отсто од испитаниците не препознаваат орган/институција каде што би се обратиле за заштита при повреда на некое право.

– На прашањето колку се охрабрени да пријават повреда на правото – 84 отсто од учениците се охрабрени, што е навистина добар показател. Но, разочарувачки е податокот што дури 68 отсто од одговорите покажуваат непрепознавање орган или институција во државата каде што би можеле да се обратат за повреда на правата, рече на презентацијата заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Според истражувањето, најчести причини за непријавување на повредата се страв или срам, недоверба дека би имало позитивен ефект или затоа што не знае каде да пријави.

Заменик народната правобранителка нагласи дека од особена важност е децата да ги знаат своите права, содржани во Конвенцијата за правата на детето, да ги знаат механизмите за заштита бидејќи само детето што го знае правото, рече таа, може да препознае кога му е повредено.

– Само дете кое знае дека се забранети физичкото, психичкото и емоционалното насилство или сексуалната злоупотреба, ќе знае дека со некоја постапка му се прави булинг, му се врши повреда на правото и, знаејќи ги органите, ќе знае каде треба да го пријави тоа. Не да молчи и да очекува, како што има одговори во истражувањето: „Никој нема да му посвети внимание на 16-годишно дете“ или „Не сум сигурен дека некој од органите ќе го земе тоа сериозно“, рече Бајрамовска-Мустафа.

Таа апелираше до учениците да се обратат за секаков вид повреда или за совет во Народен правобранител и дека институцијата многу сериозно ќе ги сфати нивните пријави.

Повика и да им се посвети големо внимание на стручните служби во училиштата, тие да бидат екипирани и соодветно обучени за препознавање на повредите на правата на децата и да ги охрабруваат за пријавување.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер