Светски ден на бубрегот- клучна раната дијагноза и современите третмани - Канал 5

Светски ден на бубрегот- клучна раната дијагноза и современите третмани

Околу 180.000 граѓани во Македонија имаат бубрежни заболувања, а околу 1500 пациенти се на хронична хемодијализа, велат од Клиниката за Нефрологија.

Светски ден на бубрегот- клучна раната дијагноза и современите третмани

На денот на бубрегот, директорот на клиниката за нефрологија, д-р Никола Ѓорѓиевски вели потребно е да се зголеми бројот на пациенти на кои рано ќе им се детектира заболувањето. Во моментов, вели Ѓорѓиевски, има околу 160 лица кои чекаат донор за бубрег, од кои 100 пациенти се активни баратели.

-1500 пациенти во Македонија се на хронична хемодијализа, 300 пациенти се со трансплантиран бубрег и еден помал дел се пациенти со перитонијална дијализа, или поточно 20-ина пациенти. Што покажува ова? Ова покажува дека ние, здравствените чинители во државава треба да се грижиме за нашите пациенти, треба да го зголемиме бројот на раната детекција на бубрежните заболувања, превенцијата и адекватното лекување-- Никола Ѓорѓиевски – Директор на Клиника за Нефрологија.

Министерот за здравство, Азир Алиу вели дека при крај е подготовката на новиот закон за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, а очекува сите собраниски процедури да бидат завршени и законот да биде донесен до крајот на април. Во моментов 160 пациенти чекаат пресадување бубрег. Националната координаторка за трансплантација, Билјана Кузмановска вели дека често се случува починато лице-донор да биде подготвено за трансплантација, а семејството пред самата операција да се премисли и да не даде согласност. Со новиот закон ќе биде проширена рамката за тоа кој може да дарува орган.

-Зголемуваме ниво на кој може да биде донор, жив донор, и тука исто така според барањата на стручњаците може да се оди плус едно ниво подоле на таа линија на сродни и семејна врска. Мислам дека законот до крајот на април ќе биде веќе завршен како процедура и во парламент и ќе биде изгласан,- - Азир Алиу – Министер за здравство.

-За жал, во последниве месеци имаме серија на одбивање од семејствата за давање согласност на донори коишто беа комплетно обработени и сосема погодни за трансплантација. Жално е кога се спремате неколку денови да трансплантирате, сите тимови се подготвени, а на крај семејството нема да даде согласност,- - Билјана Кузмановска – Нац. координаторка за трансплантација.

Министерот вели за хемодијализа државата одвојува 25 милиони евра годишно. Според него, животот на граѓаните на кои им е пресаден бубрег имаат поквалитетен живот, споредбено со оние кои се на дијализа. За него е загрижувачки што листата на чекање донори се зголемува, додека листата на донори се намалува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Само околу два месеца по последниот ребаланс, Мицкоски повторно најавува можност за ново прекројување на народната каса. Нема пари. 

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Мицкоски признава дека има помалку пари од приходи, дека се зголемува дефицитот.

Обидот целиот буџетски проблем да се оправда со намалениот ДДВ за горивата е класична манипулација. Владата не се откажа од акцизата и не го намали ДДВ на горивата на 5%. Проблемот е многу поголем.

Затоа дефицитот на крајот на годината ќе биде над 900 милиони евра!

Претседателот Филипче веќе со месеци предупредува дека состојбата со државата каса е катастрофално лоша поради арамиските политики на Мицкоски и дека буџетската дупка се зголемува.

Тотален дебакл на сите економски политики на Мицкоски.

Очигледно следува нов ребаланс а со тоа со сигурност и ново задолжување, нов арамилук врз грбот на народот.

Сè што најавивме се случува. Задолжувањето од 1,3 милијарди евра е веќе на хартија.

За две години оваа власт го задолжи народот со 4 милијарди евра. Половина од долгот на државата во изминатите 35 години арамијата го направи за само 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то.

Долговите растат а пари за поголеми плати и пензии нема. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО и арамијата Мицкоски.

Скопје, 01.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката Јаневска им посака добредојде на бруцошите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти.

Министерката Јаневска им посака добредојде на бруцошите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

На свеченото одбележување на почетокот на академската година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, министерката за образование и наука Весна Јаневска им посака добредојде на новите студенти, нагласувајќи дека тие се најголемиот потенцијал што го има Македонија.

„Овие млади луѓе избрале со високо образование да ги остварат своите амбиции и да се подготват за идните професионални и животни предизвици. Очекуваат да стекнат знаења и да научат вештини што ќе им овозможат успешно да се вклучат во светот на брзи технолошки, економски и општествени промени. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е вистинското место за учење, поставување прашања и истражување. Бидете љубопитни и храбри во потрагата по нови знаења“, рече министерката Јаневска во обраќањето пред студентите, професорите и академската заедница.

Покрај предавањата, колоквиумите и испитите, студентите имаат можност за вклучување во истражувања, научни проекти, академски размени, летни школи и различни обуки, а Јаневска ги охрабри да ги искористат затоа што ќе им отворат нови хоризонти.

„Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на државата. Токму затоа високото образование е еден од нашите најважни приоритети. Во Министерство за образование и наука посветено работиме на создавање подобри услови за студирање, на модернизација на студиските програми, поголема поддршка за науката и истражувањето и на јакнење на врските меѓу високото образование и потребите на пазарот на труд“, посочи министерката Јаневска.

Во оваа насока, спроведени се евалуации на дел од постојните студиски програми, а акредитирани се и повеќе нови, со цел понатамошно усогласување на високото образование со европските стандарди и потребите на општеството.

Со порака дека Министерството ќе продолжи со конструктивна соработка со студентските организации, Јаневска ги повика студентите активно да учествуваат во академскиот живот, да ги споделуваат своите предлози и иницијативи и да придонесуваат во креирањето на подобри услови за студирање, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи да биде нивен партнер во унапредувањето на студентскиот живот и образовниот процес.

Во делот на студентскиот стандард оцени дека се реализираат значајни инвестиции во студентските домови. Два студентски дома во Скопје се темелно и енергетски ефикасно реконструирани – „Стив Наумов“ е веќе вселен со студенти, а наскоро ќе биде отворен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Во наредниот период ќе продолжи модернизацијата и на останатите студентски домови во државата.

Јаневска го најави новиот конкурс за студентски стипендии, кој покрај постојните ќе опфати и нови категории на корисници, меѓу кои и студенти со ретки болести и посебни образовни потреби, со цел да се овозможи поголема достапност на високото образование за сите млади.

Посакувајќи успешна академска година, министерката ја нагласи важната улога на професорите во создавањето образовани, одговорни и етички личности кои ќе придонесуваат за развојот на општеството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател.

 Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот.

Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател.

Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт.

Почитувани,

Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба.

Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек.

Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница.

Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“?

Дозволете да констатирам дека ваквиот вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар.

Навистина сме загрижени. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок. Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза.

Инаку, Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината.

За крај, како координатор на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудувам говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер