Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотСветски ден без тутун – стоп за експлоатацијата на деца и млади од страна на тутунската индустријаПреку 40 милиони млади во светот на возраст од 13 до 15 години користат тутун. Речиси девет од 10 пушачи почнуваат да пушат пред да наполнат 18 години. Секоја година тутунската индустрија инвестира повеќе од девет милијарди американски долари за рекламирање на своите производи. Младите луѓе сè повеќе стануваат нејзина и мета на никотинските и тутунските производи. Ова се само дел од податоците што ги објави Светската здравствена организација (СЗО) која денеска промовира нов инструмент за учениците на возраст од 13 до 17 години и ја најавува кампањата по повод Светскиот ден без тутун – 31 Мај. Со инструментот СЗО сака да ги предупреди младите на тактиките со кои тутунската индустрија се обидува да ги „навлече" на производи што создаваат зависност: забави и концерти спонзорирани од тутунската и сродни индустрии, вкусови за електронски цигари од типот на мастика за џвакање или бонбона, трговски претставници на електронски цигари кои вршат презентации по училишта и платени реклами за нивните производи во популарни емисии за младите. Според СЗО, дури и за време на глобалната пандемија, тутунската и никотинската индустрија не престануваат да рекламираат производи кои ја намалуваат способноста на луѓето да се борат против коронавирусот и да се опорават од болеста. -Индустријата понуди бесплатни брендирани маски и испорака до дома за време на карантинот, а згора на тоа и лобираше нивните производи да бидат наведени како „есенцијални". На овој начин прави обид да ги замени осумте милиони луѓе кои нивните производи ги убиваат секоја година со нови купувачи на истите тие производи, наведува СЗО. Светската здравствена организација напоменува дека државите можат да ги заштитат децата од експлоатација од страна на тутунската и сродните индустрии така што ќе донесат строги закони за контрола на тутунот, вклучувајќи и регулација на производите како што се електронските цигари на кои веќе почна да се „навлекува" нова генерација млади луѓе. Воедно ги повикува сите сектори да помогнат да се стави крај на маркетиншките тактики на тутунската и сродните индустрии кои ги „демнат" децата и младите. -Училиштата да одбиваат каква било форма на спонзорства од никотински и тутунски компании и да забранат нивни претставници да им зборуваат на учениците, познатите и влијателни личности да ги одбиваат сите понуди за спонзорство од никотински и тутунски компании, телевизиите и продукциските куќи да престанат да прикажуваат употреба на тутун или електронски цигари на екранот, социјалните мрежи да забранат рекламирање на тутунот и сродни производи, како и нивно рекламирање од страна на влијателни личности, Владата и финансискиот сектор да не вложуваат средства во тутунската и сродните индустрии, препорачува СЗО. Состојба во Македонија На 19 мај 2020 година СЗО го промовираше Извештајот за Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст „Здравјето и добросостојбата на адолесцентите во фокус", кој ги прикажува резултатите од истражувањето спроведено во 2017/2018 година. Македонија е една од 45-те земји на Европа и Канада учеснички во студијата, а македонските адолесценти на 11,13 и 15-годишна возраст се дел од преку 220.000 адолесценти опфатени со истражувањето. Во студијата, покрај многуте аспекти од однесувањето на адолесцентите кон сопственото здравје, се обработени и употребата на цигарите во текот на животот и во последните 30 дена, како и поврзаноста со имотната состојба на родителите, споредбено во 2014 година и 2018 година. -Податоците за Македонија покажаа дека преваленцата на употреба на цигари во текот на животот се уште е висока кај адолесцентите на 15-годишна возраст (22 отсто девојчиња и 31 процент момчиња во 2018 година, 23 отсто девојчиња и 27 проценти момчиња во 2014 година) при што евидентен е наглиот пораст на бројот на адолесценти пушачи на цигари на 15-годишна возраст во споредба со адолесцентите на 13-годишна возраст (шест отсто девојчиња и осум проценти момчиња во 2018 година, четири отсто девојчиња и осум проценти момчиња во 2014 година), наведува СЗО Канцеларијата во Република Македонија. Преваленцата на сегашни пушачи на цигари, односно адолесценти кои се изјасниле дека пушеле цигари во последните 30 дена, во 2018 година кај 15-годишните адолесценти изнесува 12 отсто за девојчињата и 19 проценти за момчињата. Во 2014 година преваленцата изнесувала по 16 отсто и за девојчињата и за момчињата. Момчињата во поголем процент се изјасниле дека пушат цигари за разлика од девојчињата, но разликата со возраста се намалува, со тоа што се зголемува процентот на девојчиња кои пушат цигари. Социјалните нееднаквости во имотната состојба на родителите не се евидентирани како фактор кој влијае на преваленцата на пушење цигари кај адолесцентите од двата пола. Влијанието на тутунската индустрија врз адолесцентите е истражувано и во нашата држава Истражувањето за употреба на тутун од страна на деца на возраст од 13 и 15 години спроведено во 2002/3, 2008 и 2016 година (Global Youth Tobacco Survey) во Република Македонија покажа дека иако има тренд на намалување, се уште во 2016 година децата во околу 40 отсто виделе рекламирање на тутунски производи на продажни места, 17,5 отсто имаат предмет (пенкало, маица и сл. ) кој има лого на цигари, 72 отсто од децата виделе на ТВ, видео или филмови лица кои употребуваат тутун. Исто така, на 6,6 отсто од адолесцентите им била понудена цигара од претставник на тутунската индустрија. Кампањата на СЗО се фокусира на заштита на децата и младите од експлоатација од страна на тутунската и сродните индустрии. Инструментот, пак, се состои од активности во училница (едукативно видео, квиз за разбивање митови, домашни задачи) меѓу кои е и активноста во која учениците треба да замислат дека се другата страна, односно тие да ја играат улогата на тутунската индустрија за да станат свесни за тоа како таа се обидува да ги изманипулира за да конзумираат производи кои носат смрт. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
НБАГолден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87„Вориорс“ победија со 51 поен разлика! Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 . Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава. Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата. Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени. Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции. Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени. Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“. Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија отвора нова амбасада во ЛитванијаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис. На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.Тагови: Литванија МНР Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформиМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција. За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда. На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда. Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции. На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.Тагови: Министерство за правда Михалис Рокас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06