3„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
ЗабаваСветската пливачка елита е дел од јубилејното 30-то издание на Охридски маратон Осумнаесет натпреварувачи, по девет во машка и во женска конкуренција ќе учествуваат на јубилејното, 30-то по ред издание на Охридскиот пливачки маратон.Најголемата спортска манифестација во земјата се одржува во организација на Пливачката федерација на Македонија, под покровителство на претседателот на државата и е редовна трка од „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Како и секоја година, така и оваа, ќе се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „Св.Наум“ до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри. Минатата година победник на Охридски маратон беше македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој направи историски успех за Македонија. Имено, тој беше првиот Македонец кој победил на Охридскиот маратон. Поп Ацев оваа година ќе се обиде да го задржи тронот, на кој се надеваат дека ќе се искачат и останатите двајца Македонци кои што ќе ја пливаат патеката во Охрид, Томи Стефановски и Александар Илиевски. Конкуренцијата оваа година во машка и женска конкуренција ќе ја сочинуваат натпреварувачи од Италија, Бразил, Русија, Германија, Чешка, Хрватска, Венецуела. Како и минатите години, Охридскиот пливачки маратон е претпоследен во гран при серијата која оваа година содржи три трки. Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред две години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54 часа. Во ФИНА бодувањето се одредува според паричниот фонд, така што победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Секој што ќе го исплива маратонот во предвидениот временски рок до половина час после пристигнувањето на победникот на целта добива два бода. Наградниот фонд на маратонот во Охрид изнесува десет илјади долари. Организатор е Пливачката Федерација на РМ, со поддршка на Општина Охрид, Агенција за Млади и Спорт и Капетанијата на пристаништата. Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФА потврди дека била цел на хакери: Украдени се 12 GB податоциСветската фудбалска федерација потврдува дека хакери успеале да украдат приватни и деловни податоци. ФИФА потврди дека била жртва на сајбер напад и дека хакери наводно добиле ограничен пристап до лични и деловни податоци. „ФИФА тесно соработува со надлежните органи, вклучително и полицијата“, се вели во соопштението на здружението, според АП. Во соопштението не се наведува кога се случил нападот или кои информации биле хакирани. Минатата недела, група која се нарекува себеси „Клуб на хакери за згодни момчиња“ објави на Твитер фотографија од документи за кои вели дека ѝ припаѓаат на ФИФА. Три дена подоцна, групата се чини дека ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека се преземени повеќе од 12 гигабајти интерни документи.Тагови: ФИФА хакери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Германија уапсени државјани на Ирак, планирале напади врз синагоги. „Тие се поврзани со Иран“Двајца Ирачани се уапсени во Германија под сомнение дека планирале напади врз објекти поврзани со САД и еврејската заедница, вклучувајќи синагоги, соопшти Јавното обвинителство на Карлсруе. „Ирачките државјани Мостафа Ал Р. и Амир Ј. се осомничени дека се членови на терористичка организација и подготвуваат напади врз цели во Европа“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Карлсруе. Двајцата осомничени се во близок контакт со проиранската терористичка организација ХАЈИ, која е обвинета за организирање серија напади врз објекти поврзани со САД, Израел или еврејските заедници во Европа од почетокот на војната во Иран. „Мостафа Ал Р. и Амир Ј. основале огранок на оваа организација во Германија со цел подготовка и извршување на нападите и регрутирале луѓе кои ќе ги извршуваат нападите со експлозиви“, се вели во соопштението. Понатаму се наведува дека во март оваа година непознати лица се упатиле кон синагогите во Келн и „друг европски град“ со експлозиви, но дека од непознати причини не е извршен напад. Истовремено со апсењето на двајцата осомничени во Келн и Хајделберг, извршени се претреси во 17 други објекти низ цела Германија. Дејствијата на државното обвинителство се базираат на информации добиени од германската внатрешна тајна служба, Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз женитеСобранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените – наместо празно портокалово светло, веднаш да се изгласаат електронските нараквици!На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Собранието на Македонија не го положи испитот. Наместо празни декларации, протоколарни говори и осветлување на институциите во портокалово, ќе беше вистински и симболичен успех токму на овој ден пратениците да го усвоеја предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за насилниците – со што директно ќе се превенираа нови трагедии и ќе се спасеа човечки животи. „Делата говорат многу повеќе од зборовите. Не сакам веќе да говориме, барам во овие 16 дена да го усвоиме законот кој го поднесовме. Во спротивно, наместо за ‘активизам‘, ќе говориме за собраниски неуспех“, порача Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и лидерка на ЛДП. Додека власта и институциите испраќаат декларативни пораки за поддршка, трагичната реалност говори дека податокот на Обединетите нации за зголемување од 70 проценти на пријавените случаи на родово базирано насилство во првите десет месеци од 2026 година е аларм за итна реакција, а не повод за уште една прес-конференција. Жените-жртви немаат луксуз да чекаат уште 16 дена, ниту пак нова работна група, бидејќи насилниците не прават пауза, а за нив секој изгубен ден е прашање на живот и смрт. Двапати досега пратеничкото мнозинство дозволи предлог-законот на ЛДП за електронски нараквици да биде одбиен и одложуван, додека зад нас веќе броиме 7 фемициди и епидемија на насилство. Телефонски линии и ПР-кампањи не можат да ја заменат одговорноста на државата. ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици во текот на овие 16 дена, доследно спроведување на заштитните мерки, функционални засолништа, бесплатна правна и психолошка помош за жртвите, како и конкретна одговорност за секој институционален пропуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook