Светската атлетската федерација направи историски преседан (ВИДЕО)

Шпанскиот атлетичар Орландо Ортега остана без медал на трката на 110 метри со препреки на Светското првенство во Доха , откако во текот на трката го сопна Омар МкЛеод од Јамајка.

МекЛод во еден момент го сопна шпански спринтер, инаку сребрен во оваа дисциплина на Олимпијадата во Рио.

Меклод падна, но тој, исто така, го извади  Ортега од ритам, доволно за да остане без медал.

Златото го освои Американецот Грант Холовеј, среброто  Русинот Сергеј Шубенков, а бронзата Французинот Паскал Мартино-Лагард.

'' Ова е грабеж! Јас разбирам дека контакт може да се случи, но не можам да прифатам дека останав без медал на овој начин. И нвестирав една година во оваа трка и не е прв пат да се случи вакво нешто “, изјави Ортега по трката.

Веднаш, Шпанската атлетска асоцијација се пожали на ИААФ и побара или да ја повторат трката или да му дозволи на Ортега да трча сам и да му го мерат времето.

Светската атлетска федерација првично негираше ваква можност, но сега е потврдено дека ќе се направи преседан и дека Ортега ќе добие бронзен медал.

Така,и  Ортега и Мартино-Лагард ќе добијат бронзени медали.

притисни ентер