Светот прославува досега невиден Божиќ

Коронавирусот го украде Божиќ оваа година - милиони луѓе ширум светот се принудени да ги откажат или ограничат прославите на тој празник во време кога голем број земји донесоа нови ограничувања.

Пандемијата однесе повеќе од 1,7 милиони животи, а голем број нови жаришта потсетуваат дека и покрај вакцинацијата, животот нема да се врати во нормала толку брзо. Поголемиот дел од Европа се соочува со друга, помоќна епидемија на новиот сој на вирусот.

За многумина, изолацијата, која ја одбележа речиси целата година, ќе биде продолжена до Божиќ и периодот по тој празник. Во Белгија, на повеќето жители им е дозволено да примат само еден гостин.

Британците се отсечени од остатокот од светот поради новиот сој на вирусот што се појави на островот. Некои ограничувања на британските граници се привремено ублажени за празниците, но илјадници Европејци сè уште се заглавени во Англија.

Повеќе од милион луѓе се вакцинирани досега во САД, но одговорот на државата на коронавирусот останува хаотичен.

Германија морала да ги откаже своите познати божиќни панаѓури, а папата Франциско ќе го одржи својот традиционален полноќен говор два часа порано за да го испочитува италијанскиот полициски час.

Новогодишната ноќ ќе се одржи во истиот дух како Божиќ. Целосното затворање по Божиќниот период им се заканува на Шкотска, Северна Ирска и Австрија, а некои земји како Португалија воведоа полициски час за прославата на Новата година.

Италија е во строга блокада, дозволено е да излегува надвор само поради добра причина

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави нова блокада од 24-ти до 6-ти јануари. Од следната недела нема да може да се патува меѓу регионите, а излегувањето ќе биде дозволено само во случај на одење во продавница, заради работа, здравје или од итни причини.

Италија ќе биде под строги ограничувачки мерки во текот на целиот зимски одмор. Продавниците со несуштински производи ќе бидат затворени во периодот од 24 до 27 декември, од 31 декември до 3 јануари и на 5 и 6 јануари.

Се очекува мнозинството италијански граѓани да ја следат мисата на папата Франциско на телевизија.

Што се однесува до Полска, таа воведува карантин на 28 декември. Училиштата, рестораните, спортските центри, хотелите, скијачките центри и трговските центри ќе бидат затворени од 28 декември до 17 јануари.

Ќе се воведе полициски час за новогодишната ноќ, од 19 до 6 часот утредента.

На црквите сега им е дозволено да имаат еден посетител на 15 квадратни метри. Една од најпознатите и најмасовни полноќни миси во Полска, онаа во рудникот за сол во Виелицка, ќе се одржи под строг режим и со ограничен број луѓе. И некои традиционални миси нема воопшто да се одржат.

Во Шпанија, црквите ќе останат отворени, но пеењето и бакнувањето верски икони е строго забрането. Ќе се одржат традиционални церемонии на полноќ, но само во однос на полицискиот час определен од регионите. Сепак, на граѓаните им се препорачува да ги гледаат мисите од дома преку телевизија или други услуги.

Рестораните, спортските и рекреативните центри се затворени еден месец од 22 декември, а продавниците работат со ограничен капацитет. За Божиќ и Нова година можат да се соберат до 10 лица. Патувањето меѓу регионите е ограничено во периодот од 23 декември до 6 јануари за посети на семејството и блиските пријатели, освен ако регионите не решат да ги засилат мерките - што некои од нив одлучија да го сторат.

Енрике Руиз Ескудеро, шеф на здравството во регионот Мадрид, на 18-ти декември објави дека бројот на собири ќе биде дополнително ограничен од десет на шест лица за 24, 25 и 31 декември и 1 и 6 јануари. Во текот на овие денови, само лицата од најмногу две домаќинства ќе можат да бидат заедно.

Како што рече Руиз Ескудеро, повеќето инфекции во овој регион се поврзани со „семејни и социјални собири“. Тој исто така ја истакна важноста на носењето маски.

Воведени се построги мерки за патување во регионот на Валенсија. Премиерот Ксимо Пуиг рече дека границите на регионот ќе бидат целосно затворени за време на Божиќните празници. Ова ја направи Валенсија првиот регион што воведе забрана за патување меѓу регионите. До 15 јануари, влезот во Валенсија ќе биде возможен само за оние кои се враќаат во нивното место на живеење.

Властите во Каталонија објавија дека социјалните собири ќе бидат ограничени на шест лица, со исклучок на 25, 26 и 31 декември и 1 и 6 јануари, кога ќе можат да се соберат до десет лица од две различни домаќинства.

„Ова не е Божиќ што би го посакале. Ситуацијата не принудува да направиме чекори назад“, рече каталонскиот премиер Пер Арагонес.

Португалија го помести ноќниот полициски час од 23 часот до 2 часот по полноќ на 24 и 25 декември, не ограничувајќи колку луѓе им е дозволено да соберат за Божиќ. Полицискиот час за новата година ќе трае од 23 часот.

Во Франција, каде Врховниот суд ја поништи првичната одлука на Владата за ограничување на бројот на верници во црквата на 30, прогласувајќи ја за непропорционална и кршење на верската слобода, мисите ќе бидат дозволени за време на празниците.

Новата регулатива пропишува обезбедување физичко растојание, а за Божиќ нема да има полициски час.

И во соседна Швајцарија, Уставниот суд ја укина забраната за верски услуги во кантонот Женева претходно овој месец и сега е можно да се соберат 50 верници во црквите. Протестантските и католичките водачи побараа ова ограничување да биде укинато и за време на Божиќ.

Во таа земја, рестораните, спортските и рекреативните центри се затворени еден месец од 22 декември, а продавниците работат со ограничен капацитет.

И во Белгија, одлуката на владата за забрана на верски услуги е укината до 15 јануари и сега дозволува 15 верници во црква. Но, премиерот Александар Де Кроо ја предупреди земјата дека може да претрпи последици од „безгрижниот Божиќ“.

Домаќинствата ќе имаат дозвола да поканат само уште една личност за Божиќ. На луѓето што живеат сами им е дозволено да примат уште две лица. Огнометот е забранет за Нова година.

Строга петнеделна блокада е воведена во Холандија на 15 декември. Но, ќе попушти за време на Божиќните празници, така што на 30 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат на миса, а христијаните се охрабруваат да го слават Божиќ дома со читање на Библијата.

Што се однесува до Норвешка, на граѓаните на таа земја им е дозволено да поканат до 10 гости за Божиќ и Нова година.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во средината на декември, кога беа воведени новите мерки во нејзината земја, дека сите мора да бидат водени од „филозофијата да останат дома“.

Заедно со водачите на сојузните држави е одлучено да се дозволи миса за време на празниците, но со носење маски, одржување на физичката оддалеченост и регистрација на присутните. Покрај тоа, пеењето ќе биде забрането.

Од 16 декември до најмалку 10 јануари, дозволено е да работат само продавници со неопходни продукти. Приватните собири се ограничени на пет лица од две домаќинства, освен за Божиќ кога ќе може да се соберат до 10 лица, не сметајќи ги децата.

Во Бугарија, средните училишта, трговските центри, спортските сали и ресторани се затворени, а групните туристички посети се забранети до 31 јануари. Хотелите и рестораните се отворени на 22 декември, но им е дозволено да работат со половина капацитет и до 22 часот.

Рестораните, хотелите и спортските центри во Чешка се затворени од 18 декември и ќе биде воведен полициски час од 23 часот.

Во Грција, фризерските салони и книжарниците ќе се отворат за време на Божиќ, а другите ограничувачки мерки остануваат во сила до 7-ми јануари. Црквите ќе бидат отворени за миса на 25 декември и 6 јануари, но со ограничен број верници.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер