АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
ЖивотСвети Никола без големи прослави, ама да помогне за здравје За многу години да е Свети Никола, заштитникот на Прилеп и многу здравје. Сега ни е потребно како никогаш досега. Ова е благословот што го разменуваат прилепчани за празникот свети Никола. Овој 19 декември, оваа 2020 година. Благослов за заштитникот на градот, за светецот познат по безграничната заштита на децата, на болните, сиромашните, на морепловците. И за неофицијалниот „Дедо мраз". Петнаесет години официјално Прилеп го има како заштитник. Неофицијално, е вековит голем празник. И не случајно од памтивека е изреката: половина прилепчани го слават свети Никола како куќна слава, а другата половина им оди на гости. И не случајно – прилепските домаќинки надалеку се познати со уникатното приготвување на малите посни сарми. Колку ноктот од прстот. Колку помали, толку побисерни, повкусни, повпечатливи, поголем доказ за домаќинлакот. Пред 10-ина години тие влегоа и во Гинисовата книга на рекорди. Но, годинава сѐ е поинаку, како никогаш досега. Пандемијата ни ги промени, во многу нешта, животот и начинот на живеење, секојдневието, функционирањето. Посебно празнувањето. Лилјана Ѓорѓиоска е претседателка на здружението на жени „Преродба". Со години ги одржуваат, потсетуваат, на традиционалните обичаи за сите празници. Вели, традицијата на одржала низ вековите, ама во неволја, а времињата се такви, уште повеќе. Пред еден месец ја помина голготата со корона-вирусот. Не беше во лоша форма, ама поради другите заболувања и астмата, поминала тешки денови и премрежја. Ама сега, фала му на Бога, вели, здрава сум. Со носталгија се сеќава на, до лани, сите адети за приготвувањето на 60, 70, па и 80 000 мали посни сарми. За сите прилепчани, за адет. Голема беше софрата среде град; сите да каснат посен грав, мали сармички, риба, за благослов. Празникот свети Никола е за дарување. – Се чувствувам добро. И здраво, колку може. Тоа е најбитно. Ама носталгијата, традицијата, адетите, ме влечат. Годинава сѐ е поинаку. Прво здравјето, па сѐ друго. Досега сфаќавме „здраво за готово". Ама не е ни малку шега, напротив, крајно немилосрден е вирусот. Сега се чувствувам здраво, па да побараме заштита и во традицијата, адетите, но и во, најголема мера, претпазливоста. Пред очи ми се сликите на заедничката светиниколска посна трпеза, на радоста, заедништвото. Ми недостасуваат. Но, и тоа ќе го има. Ама сега, прво, здравјето. Здравје, па традиција, па… кој знае. Дај Боже да сме на нога, здрави, живи и умот да не крепи, вели Ѓорѓиеска. Градските власти и секоја година – кумовите за прославата на свети Никола, веќе кажаа – нема заеднички ручек. Ќе има благословување на погачата во црквата „Свето Благовештение" и пред Параклисот во центарот на градот, ама собирање и групирање – нема. -Ќе бидеме дел од литургијата во најпознатата прилепска црква, „Свето Благовештение". Адетите ќе бидат и пред параклисот во центарот на градот. Ама, нема заеднички ручек за сите во центарот, на булеварот, туку, секој дома, со семејството да прослави. Мора да го чуваме здравјето. Се надеваме до година пак ќе биде како досега, вели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. И домаќинот, прилепската фирма „Футура" ќе си го чува кумството за догодина. Сите надежи се дека ќе бидат заедно, со посен ручек за свети Никола и заеднички благослови. Здружението „Преродба", кое заедно со другите и со здружението „Мајка традиција" беа главни – за приготвувањето на малите посни сарми, за домаќинските препораки како да се слави свети Никола, сега со пораки и аманети. Оти, ги нема собирањата на 30-ината жени од здружението, два-три дена со песни и благослови, да ги виткаат малите посни сарми. Но, традицијата ќе продолжи. – Поради приликите и заштитата на здравјето, по две-три жени во домашна атмосфера ќе ги свиткаме малите посни сарми. Ќе запееме за радост, за здравје. Тоа многу ни значи во ова време-невреме. Ни го одржува духот, психолошки помага да се намали притисокот. И секако, ги упатуваме сите пораки за добро здравје, вели Лилјана Ѓорѓиеска од здружението на жени „Преродба. Прилепчани остануваат со адетите. Со месеци се порачките во рибарниците, се приготвија посните сарми, се свари посното гравче. Секој во домашна атмосфера, во кругот на семејството. – За свети Никола, само најблиските. И да сме еден или двајца на трпезата, за слвата – секако ќе има посна сарма, грав, риба. Тоа е и благословот. Прво здравје, сите да сме на број, па бериќет и подобра година. Оваа што поскоро да замине, порачуваат прилепчани. Скромно и со одговорно празнување, прилепчани остануваат со традициите и адетите. За свети Никола, во кругот на семејството. Најбитно е семејството да е здраво, живо, на број. Прославите ќе ни стигнат, Дајбоже, догодина. За прилепчани во ова време-невреме не мора да има собири. Ама, ќе остане традицијата која ги одржала низ вековите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook