3Коцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државата
3Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
ЗабаваСвештеник пробал да крсти бебе , а потоа се покајал (ВИДЕО)На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа несмасен свештеник како се обидува да крсти бебе.Крштевката се одвивала во една американска црква . Откако родителите му го предале бебето , свештеникот ја почнал церемонијата. Додека со едната рака го држел , а со другата го крштевал , наеднаш бебето му се излизга . Најснаодлива беше мајката која го извади бебето од кадичката , а свештеникот стоеше збунет и без зборови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛепа Брена се огласи по откажаниот концерт во Крива Паланка: Ви благодарам за разбирањето Лепа Брена беше принудена да го одложи концертот што требаше да го одржи вчера во Крива Паланка, поради неочекувани и неповолни временски услови.Пејачката веднаш се огласи преку својот официјален Инстаграм профил и ја информираше публиката за промената на плановите, објави Телеграф. - Поради неочекувани и неповолни временски услови, вечервашниот концерт во Крива Паланка за жал е одложен - сподели пејачката со своите следбеници. Сепак, нејзините обожаватели нема да мора да чекаат долго за концертот. Како што изјави пејачката, настапот е одложен за вечерва, 30 август, на истата локација. Брена им се заблагодари на публиката за разбирањето и трпението, ветувајќи им дека ќе им пружи незаборавно време. - Ви благодарам за разбирањето и трпението. Се гледаме утре! Ветувам лудо време! - рече Брена во својата објава. Патем, Лепа Брена неодамна имаше лоша среќа на сцената во Будва, кога падна за време на еден настап, по што ѝ беше укажана помош. Повеќе пати кршеше раце и нозе За потсетување, југословенската ѕвезда Лепа Брена неодамна во подкаст зборуваше за сериозните повреди што ги претрпела во текот на годините, вклучувајќи скршени раце и нозе. Пејачката призна дека речиси сите нејзини екстремитети претрпеле повеќекратни фрактури, нагласувајќи колку нејзиното тело било изложено на голем стрес и напрегање. - Јогата многу ми помогна, бидејќи се скршив самата. Ги скршив и левата и десната нога и десната и левата рака. Скршив сè, и тоа неколку пати - рече Брена во „Восткаст“.Тагови: Крива Паланка Лепа Брена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВРНов скандал го тресе МВР на Панче Тошковски.За 1.400 евра мито, корумпирани структури во рамките на МВР на Тошковски штанцале возачки дозволи за управување со камиони и автобуси на лица кои ниту посетувале соодветна обука, ниту некогаш полагале испит. Ова е показател до каде е раширена корупцијата во МВР но и закана и за животот на граѓаните! Шемата е криминално едноставна, но нејзините последици се застрашувачки: граѓаните фиктивно пријавуваат изгубена дозвола, а службениците на Тошковски во системот незаконски им допишуваат „Ц“ и „Д“ категории. Поради оваа мафијашка мрежа во МВР, во овој момент на нашите патишта се движат над 300 потенцијални убијци - лица кои без обука возат тешки товарни возила или превезуваат патници со автобуси. Ова е континуитет на хаосот, криминалот и неспособноста кои владеат во изминатите две години со Тошковски на чело на МВР. Додека Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и не си ја работи својата работа во МВР е хаос. Панче Тошковски мора да излезе пред граѓаните и да одговори: Кој се е вклучен во оваа криминална шема? Како е можно ваква масовна, организирана операција за фалсификување на државни документи да му се одвива пред нос, во неговото министерство? Кој ги штити овие службеници и каде завршувале тие 1.400 евра по дозвола? СДСМ бара итна, независна и темелна истрага од Јавното обвинителство. Бараме институциите веднаш да ги лоцираат и поништат сите над 300 нелегални дозволи пред да се случи трагедија на патиштата. И најважно, бараме политичка и објективна одговорност. За ваков тежок удар врз безбедносниот систем, оставката е најмалку што може да се направи. Министер кој дозволил јавната безбедност да се продава како на пазар, нема кредибилитет да остане на функцијата ниту еден ден повеќе, рече Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: ВЛЕН ја уништува виталната врска што ја обезбеди ДУИНа 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница .На 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница каде што требаше да се поврзе со обиколницата и автопатот Скопје - Блаце. ДУИ обезбеди 2 милиони евра за изградба на кружниот тек кај семафорите на булеварот „Словенечка“, како и 6 милиони евра за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, средства кои беа префрлени на Град Скопје. Овој проект не беше случаен. ДУИ планираше целосна инфраструктурна поврзаност, бидејќи автопатот Скопје - Блаце нема целосно значење без модерен, функционален и достоинствен влез во Скопје од правецот на Косово. Денес, единствениот влез во Скопје што нема форма на булевар е токму влезот од Косово. Град Скопје го имаше проектирано булеварот, а беа водени разговори и со стопанствениците од подрачјето на Визбегово. Значи, ВЛЕН немаше потреба да измислува ништо ново, туку само да продолжи и да го реализира виталниот проект што ДУИ го подготви и финансираше. Но денес, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, ВЛЕН ги пренасочува и ги насочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен доказ за неспособноста да се разберат и реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однос на поврзувањето Скопје - Блаце. Истата неспособност и лицемерие беа потврдени и со автопатот Скопје - Блаце, кој ДУИ им го остави подготвен и спремен за реализација, додека ВЛЕН го одложи за две и пол години и го поскапе проектот за над 30 милиони евра. Не може да се зборува за автопатот Скопје - Блаце, а истовремено да се отстрануваат средствата за патот што треба директно да го поврзе со Скопје. Автопатот без булеварот „Хасан Приштина“ е непотполна врска, додека одлуката за пренасочување на овие средства покажува дека ВЛЕН нема ниту визија, ниту капацитет да го разбере стратешкото значење на овој проект. ДУИ ја имаше проектирано и буџетирано целата врска, од границата со Косово до Скопје. ВЛЕН, дури и готовите проекти што ги наследува, успева да ги одложи, да ги поскапи и да ги оштети, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter