Сведок за „Ласкарци" го смени првичниот исказ

Немам врска со оваа линија од 2014 и не можам да се сетам на што било. Јас не сум така интелигентен како што Вие читате.

Сведок на обвинителството што работел како возач во Дурмо турс на релацијата Гостивар-Скопје, на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци, беше сослушан како „непријателски сведок” откако кажа дека не е точен неговиот исказ во обвинителството и оти не се сеќава дека кажал декаи во автобусот имало уред за манипулација на тахографот.

Поради контрадикторност на денешниот исказ на сведокот Бесник Халими со тој во обвинителството, јавниот обвинител Дарко Јакимовски побара од Судот да му дозволи да му го предочи неговиот исказ.

Откако судијката Диана Груевска Илиевска дозволи, обвинителот Јакимовски на сведокот му го прочита неговиот исказ во ЈО, каде кажал дека во автобусот што учествувал во несреќата имало вградено таков уред за кој морало да знае Ремзи Мифтари бидејќи тој бил шеф на возен парк.

Сведокот Халими кажа дека тоа не е точно и не го кажал така во обвинителството.

– Немам врска со оваа линија од 2014 и не можам да се сетам на што било. Јас не сум така интелигентен како што Вие читате. Јас сум 62 години и кратко ви одговарав и вие ме влечевте со зборови. Ми дадовте да го потпишам, но јас не го прочитав, изјави сведокот.

Сведокот Бесник Халими, претходно кажа дека работел како возач во Дурмо турс од 2007 до 2014 година на релацијата Гостивар-Скопје.

Додека работел во Дурмо турс донеле три нови, во добра состојба Сетра автобуси од Германија, меѓу кои и тој со кој се случила несреќата.

– Го имам возено и тој автобусот, но не можам да се сетам кога. Кога имавме некакви проблеми, како дупната гума, промена на масло или поправка на прозор и слично му се јавувавме на Ремзи Мифтари, а некогаш и на Дурмиш, изјави сведокот.

Прашан дали во автобусот имало уред за манипулација на тахографот и тој го однел во сервис во Автокоманда, сведокот Халими рече дека не се сеќава на таков уред за манипулација и дека го има носено автобусот на баждарење и сервис на тахографот во Скопје, но не се сеќава каде.

Обвинителот Јакимовски, го праша сведокот дали на минатото рочиште бил присутен во Судот, но поради долготрајноста судењето било прекинато, по што на излегување пред судот тој лично го видел во присуство на обвинетиот Ремзи Мифтари.

– Да, јас имав контакт со Мифтари и само се поздравив, по што веднаш дојде обвинителот. Па нели можам да се поздравам со човекот со кого 12 години сум работел, рече сведокот Халими.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс", Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело./МИА.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер