3Шамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојување
МакедонијаСвеченост по повод предавањето на акредитацијата на Центарот за обуки од ИАДЛЕСТВо Центарот за обука на МВР во Идризово денеска беше одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ).Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска беше одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ), на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и амбасадорката на САД Анџела Агелер. Како што посочи Мицкоски, владеењето на правото и безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност, затоа, рече, Владата има задача да ја почитува оваа темелна вредност. Премиерот нагласи дека во изминатиот период голем дел од граѓаните се чувствувале како граѓани од втор ред, додека, како што рече, мала група која била тесно поврзана со тогашната коалиција на власт биле граѓани од прв ред. – Она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто, за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред. Сега нема привилегирање борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е неисплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава, нагласи Мицкоски. Амбасадорката Агелер во своето обраќање, пак, рече дека акредитацијата не е само формалност, туку ригорозен процес кој го оценува секој аспект на Академијата, од измени на наставната програма и обуката до објектите и административните практики. – Акредитацијата не е само формалност. Како што знаете, тоа е ригорозен процес кој го оценува секој аспект на Академијата, од измените на наставната програма и обуката до објектите и административните практики. Денешниот настан е навистина одраз на вашата посветеност да тренирате, едуцирате и да ги изградите идните маргини на оваа земја. Ова достигнување постави висок стандард кој мора постојано да се подобрува и одржува. „Лошите момци“ постојано учат нови начини да го прекршат законот и затоа мора да работите побрзо, нагласи Агелер. Министерот за внатрешни работи, Тошковски, посочи дека од суштинско значење е Центарот за обука да остане иновативен, нагласувајќи ја потребата на Министерството од ваков Центар, за кој, рече, е неопходен за сите полициски служби и организациски единици. – Со оваа акредитација правиме уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за обука, кој е неопходен за Министерството за сите негови полициски служби и организациски единици, рече Тошковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБорозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на МицкоскиБајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност. Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година. Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа. Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски. Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата. Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%. Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа? Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство. Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити. Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите. Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот. Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%. Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат. Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување. Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее. Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000. Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики, рече Маја Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува чинот на симнување и сквернавење на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, чин со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија.Македонското државно знаме не е симбол на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е државен симбол на Република Македонија, знаме на македонскиот народ и на сите заедници што живеат во нашата држава. Неговото почитување е обврска на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност. Почитувањето на правото на секоја заедница да ги негува сопствените традиции, култура и национални симболи не смее да биде изговор за непочитување на државните симболи. Прославувањето на Денот на албанското знаме, без соодветно истакнување на македонското државно знаме, претставува непочитување на државниот поредок и постапување спротивно на законските одредби за употреба на знамињата. Исто така, дивеењето по улиците, насилничкото однесување и нарушувањето на јавниот ред и мир во градовите најмалку прилегаат на достоинствено, свечено и цивилизирано одбележување на кој било празник. Празниците треба да бидат повод за славење, меѓусебно почитување и градење соживот, а не за провокации, инциденти и демонстрација на непочитување кон државата. Очекуваме надлежните институции без одлагање да ги расчистат настаните во Гостивар, да ги идентификуваат сторителите и да постапат согласно законите. Законот мора да важи подеднакво за сите, без селективност и без политички калкулации. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува: Почитувањето на различностите е наша вредност, но почитувањето на државата, нејзините симболи и законите е обврска на сите! Македонија е заедничка држава на сите нејзини граѓани и нејзиното знаме мора да биде почитувано од сите. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојувањеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија .Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија со кои се создаваат дополнителни можности за нивно економско осамостојување, образование и решавање на станбеното прашање. Минатата година, преку Оперативниот план за вработување, за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите лица, преку Програмата за самовработување со грант, во рамки на која беа отворени скоро 2.200 нови правни субјекти. Исто така, годинава Оперативниот план за вработување опфаќа над 10.000 лица и располага со буџет од 40 милиони евра, од нив 32 милиони евра се наменети за директни мерки за вработување. Опфатени се 6.000 лица до 29-годишна возраст, а предвиден е и младински додаток во износ од 3.000 денари. Освен политиките за вработување, Владата работи и да го унапреди системот за финансиска поддршка на студентите преку нов модел на стипендирање. Со новиот модел се предвидува задржување на вкупниот број од 3.000 стипендии, но со поинаква распределба и категории, со цел поддршката да биде насочена кон различните потреби и образовните профили на студентите. Па така, предвидени се 1.200 стипендии во категоријата за социјална поддршка, наменети и за студентите со попреченост и студентите со ретки болести. Се воведува категорија стратешки стипендии, со 1.050 стипендии за студентите кои се образуваат во области од особено значење за идниот развој на државата, меѓу кои математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Предвидени се и 750 стипендии за студентите кои остваруваат висок академски успех. Со цел да се создадат услови за младите брачни парови, при решавање на станбеното прашање, веќе се подготвуваат закони. Една од мерките се однесува на младите брачни парови до 35 годишна возраст и предвидува можност за стекнување станбен простор по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Градежните компании, кои ќе сакаат да градат, ќе имаат обврска да издвојат најмалку 10% од станбената површина за оваа категорија граѓани за да се овозможи пристап до станбен простор под поповолни услови. Втората мерка е наменета за младите брачни парови до 35 години кои имаат намера да изградат сопствен дом. Се предвидува ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште, односно комуналии кон општината. За да се подобри студентскиот стандард и овозможување полесен пристап до услуги, се подготвува и ново законско решение за воведување студентска картичка. Со оваа картичка, студентите ќе можат да остваруваат 20% попуст за услугите достапни преку апликацијата М-услуги, во текот на целата година. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека грижата за младите ја преточува во конкретни дела. Продолжуваме да работиме на решенија кои ќе им овозможат на младите полесно да дојдат до работа, образование и сопствен дом, затоа што сакаме да имаат услови за подобар живот и својата иднина да ја градат во Македонија, рече Борис Шамбевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter