3СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
МакедонијаСвечено одбележан 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГСо свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата.Со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ го одбележа 10 Јуни – Денот на единицата, ден кој симболично го одбележува првиот воен лет во историјата на Армијата во 1992 година и кој денес е институционален белег на военото воздухопловство на Армијата. На свеченоста присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, заменикот на началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, претставници на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Командата за операции, поранешни команданти на воздухопловниот ВИНГ, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор, локалната самоуправа, како и бројни гости и соработници на единицата. Командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски во своето обраќање им го честиташе денот на единицата на припадниците на Воздухопловниот ВИНГ истакнувајќи „ Благодарение на вашата посветеност, воздухопловниот ВИНГ денес претставува клучен капацитет на Армијата и исклучително значаен чинител во системот на националната и колективната безбедност“. При тоа додаде дека следува модернизација и опремување на воздухопловниот ВИНГ со најсофистицирани борбени системи и опрема, кои значително ќе придонесат за зголемување на оперативните способности, мобилноста и борбената готовност на единицата. Во своето обраќање, командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски се осврна на постигнатите резултати и развојот на единицата во изминатиот период, истакнувајќи дека воздухопловниот ВИНГ останува цврсто посветен на унапредувањето на своите способности, исполнувањето на националните и сојузничките обврски и развојот на персоналот како најважен ресурс на единицата. Тој нагласи дека за успешна реализација на досегашните и идните проекти и иницијативи очекува поддршка од секој офицер, подофицер, војник и цивилно лице, во насока на исполнување на преземените обврски и постигнување понатамошни успеси во развојот на военото воздухопловство на Армијата. Во рамките на свеченоста беа врачени признанија и стимулативни мерки на припадниците кои со својата работа, резултати и професионален однос се издвоиле во извршувањето на задачите и дале значаен придонес во функционирањето и развојот на единицата. Програмата беше дополнета со прелет на воздухопловите од составот на воздухопловниот ВИНГ, како и со прелет на воздухоплови Ф-16 од Военото воздухопловство на Република Грција и воздухоплови „Eurofighter Typhoon“ од Република Италија, реализиран во рамките на редовните активности за воздушно патролирање во регионот. Во рамките на свеченоста беше реализирано и церемонијално предавање на првото борбено знаме на Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, при што началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, му го предаде военото знаме на командантот на баталјонот. Овој чин претставува симбол на довербата, одговорноста и посветеноста во извршувањето на мисијата, како и потврда за значењето на единицата во рамките на системот за командување, контрола и воздухопловна поддршка. Дополнително, одбранбеното аташе на Соединетите Американски Држави, полковник Даниел Сквајерс, му врачи признание на командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски, доделено од страна на Военото воздухопловство на САД. Признанието му е доделено за стекнување со највисоки воени лидерски позиции во военото воздухопловство. Во деновите пред одбележувањето на Денот на единицата беа реализирани повеќе спортски, хуманитарни и комеморативни активности. Припадниците на воздухопловниот ВИНГ организираа крводарителска и хуманитарна акција, спортски натпревари и положија свежо цвеќе во чест на трагично загинатите припадници на единицата, оддавајќи почит кон нивната служба, пожртвуваност и придонес во развојот на военото воздухопловство.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОбјавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена. Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес. Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски. Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација. Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/ Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч. Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.). За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветВо Кина се запали зграда, 14 загинатиЧетиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати. Five dead after fire engulfs high-rise building in China A major fire has swept through a high-rise building in Taiyuan, Shanxi Province, China, leaving five people dead and 33 others injured. The blaze broke out at Haocheng International Apartments on Sunday, November 8, 2026, https://t.co/Xpwx8ZE3WI — Metropunch (@metropunch) November 9, 2026 Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44