Суспендиран полицаец поради жешки снимки со манекенки (ВИДЕО)

Полицаец од Флорида е префрлен од терен да работи во канцеларија , откако се појави во видео на кое глуми дека апси три полуголи манекенки.

Вилијам Бекер од Мајами Бич стана предмет на истрага на внатрешната контрола, откако сними видео во кое „апси“ три манекни облечени во провокативна долна облека, меѓу кои и Плејбој зајачицата Франсиа Џејмс, која го сподели видеото на Инстаграм.

Трите биле со лисици на рацете , а Вилијам ги придружувал во полицискиот оддел на Мајами Бич, облечен во полициска униформа. Видеото на Френсија за еден ден има повеќе од 800.000 прегледи и е споделено од другите два модела со вкупно над два и пол милиони отворања.

"Дали ви се допаѓаат добри или лоши девојки? Кој ќе нè извлече од ова?" праша зајачицата покрај видеото.

Претпоставените на Бекер брзо дознале за видеото, што резултирало во поведување истрага, а тој бил повлечен од терен и бил преместен да извршува административни должности до крајот на истрагата.

Центарот на Атина како бојно поле, солзавец, камења, димни бомби ..

Атина трет ден по ред во знак на насилни и жестоки протести поради законот за начинот на организирање демонстрации, чии измени ги донес грчкиот парламент во четвртокот вечерта.

Солзавец камења димни бомби, протестите се претворија во вистински улични битки околу плоштадот синтагма во централното градско подрачје. Шест мина полицајци се повредени а се уапсени девет демонстранти.

На страната на демонстрантите застанал и еден специјалец за кој се покажало дека бил член на опозициската Сириза.

МЗ: 136 новозаразени, 6 починати, 123 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 .

Во: Скопје-46, Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-77, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември" почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3848, активни 1830

• Куманово 854, активни 186

• Дебар 151, активни 89

• Штип 444, активни 172

• Прилеп 296, активни 63

• Тетово 868, активни 320

• Струга 320, активни 161

• Велес 202, активни 35

• Битола 69, активни 26

• Охрид 225, активни 133

• Кавадарци 25, активни 17

• Гостивар 229, активни 143

• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 9

• Радовиш 8, активни 4

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 77, активни 15

• Пробиштип 36, активни 24

• Демир Хисар 8, активни 7

• Македонски Брод 8, активни 4

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 6, активни 3

• Свети Николе 117, активни 110

• Кичево 73, активни 62

• Ресен 138, активни 82

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 300

• Аеродром - 159

• Бутел - 131

• Гази Баба - 189

• Центар – 138

• Карпош – 140

• Сарај – 120

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 105

• Студеничани – 110

• Шуто Оризари – 79

• Арачиново – 43

• Илинден – 23

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 11

• Сопиште – 9

• Зелениково- 14

• Странец – 5

• Нераспределен- 128

Заев од Битола: На 15 јули да гласаме за број 3

Пред нас во среда се важни избори,избори на кои секој од нас треба да каже во кој правец кој ќе се движи нашата земја.

Понудените опции се видоа во двете целосно спротивни кампањи. Од едната страна видовме оптимизам, јасен концепт, надеж, шанса и иднина – рековме и покажавме дека МОЖЕМЕ тоа да го оствариме.

Од другата страна – мрак, црнила, недоличен хумор врз грбот на сопствениот народ – веќе видено – минато.

Тоа е разликата – од едната страна достоинствена кампања, со сите мерки на заштита од Ковид, од другата страна опасна кампања – со сите прекршувања на мерките и сите лоши зборови кои ги чувме од нивна страна.

На 15 јули одлучуваме дали ќе растат платите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски.

Изборот е едноставен, но работата не е однапред завршена.

Дали ќе одиме напред зависи од секој од нас, од секој од вас.

На овие избори гласот за СДСМ е глас за сигурност, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за враќање назад, за опасност од нов режим.

Почитувани граѓани,

Не си ја потценувајте моќта, не си ја коцкајте иднината.

Државата ќе продолжи напред само ако вие така одлучите, само ако вие излезете на 15 јули и гласате на безбедни избори.

Го бараме вашиот глас за нов, чист мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо. Да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за нашата татковина.

Во среда, на 15 јули да гласаме за да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите... и конечно кон правда.

Тоа е вистинскиот, тоа е исправниот пат, се друго е ќор-сокак и неизвесност.

Да гласаме за број ТРИ, за СДСМ, за „Можеме", да гласаме за најсигурната опција!

Ви благодарам.

Зоран Заев, претседател на СДСМ

притисни ентер