Супермоделот Бела Хадид повторно заврши во болница: Жал ми е што секогаш исчезнувам (ФОТО) - Канал 5

Супермоделот Бела Хадид повторно заврши во болница: Жал ми е што секогаш исчезнувам (ФОТО)

Манекенката Бела Хадид сподели серија фотографии од болничкиот кревет на својот Инстаграм, на кои е поврзана со инфузија, загрижувајќи ги нејзините бројни следбеници.

Супермоделот Бела Хадид повторно заврши во болница: Жал ми е што секогаш исчезнувам (ФОТО)

Иако не ја откри причината за хоспитализацијата, познато е дека со години се бори со Лајмска болест, пишува People.

„Жал ми е што секогаш исчезнувам, ве сакам“, напиша 28-годишната Хадид во описот на објавата.

На фотографиите, моделот одмара во болнички кревет, прегрнува плетен ангел, јаде пица и ужива во погледот на зајдисонцето и виножитото низ прозорецот. Таа сподели и слики од градината, како и фотографии од семејството и пријателите кои ја посетиле во болницата и играле карти со неа. На последната фотографија, таа седи во аголот од лифтот со влажна коса, држејќи шолја кафе.

Поддршка од семејството и пријателите

Нејзината сестра и мајка веднаш одговорија во коментарите. Нејзината мајка, Јоланда Хадид, ја нарече борец.

„Те сакам! Се надевам дека наскоро ќе се чувствуваш силно и добро, онака како што заслужуваш!“, додаде нејзината сестра Џиџи Хадид. Таа беше поддржана и од актерката Ники Рид, која напиша: „Ви испраќам љубов, светлина и позитивни мисли за излекување ❤️“.

Долга борба со болеста

Иако причината за овој престој во болница е непозната, Хадид изјави во 2023 година дека „конечно е добро“ по „100+ дена Лајмска болест, хронична болест, лекување и речиси 15 години невидливо страдање“.

„Малото јас што страдаше би било толку гордо на возрасното јас што не се откажа од себе“, напиша таа во објава на Инстаграм во тоа време. „Благодарна сум на мајка ми што ги чува сите мои медицински картони, што е покрај мене, никогаш не ме напушта, ме штити, ме поддржува, но најмногу од сè, верува во мене низ сето ова“, додаде таа.

На Беле ѝ беше дијагностицирана Лајмска болест во 2012 година, заедно со нејзината мајка Јоланда и помладиот брат Анвар. Моделот првпат јавно проговори за својата борба со болеста во 2016 година.

„Животот не е секогаш онаков каков што изгледа однадвор“, рече таа тогаш, додавајќи дека „најтешкиот дел од ова патување е да се оценуваш според тоа како изгледаш, наместо според тоа како се чувствуваш“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!

Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Aлта банка. Сега има уште многу малку време да го пријави.

СДСМ: Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!

Обвинителот Савески работи на повик. По наредби од собраниската говорница, по барања упатени од телевизија. Не работи самостојно. Чека повик од Мицкоски.

Ако сега Славески не го направито тоа, потоа ќе биде касно.

Во Европа имаше санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора регулаторот ја одби Алта Банка и ги потврди притисоците. Во Србија сега е отворен стечај, извршено е апсење на Мацура и отворена е истрага за 380 милиони евра. Формален сопственик е човек со менувачница. Сомнежите се однесуваат на потеклото на капиталот.

Sky преписки со „Оскар“. Врски со Шариќ и Беливук. 5 тони дрога од Македонија кај сестринската партија СНС. Состаноци со Вулин и Гашиќ.

Мицкоски ја внесе Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција во Македонија. Го внесе и осигурувањето. Ги внесе парите на јавните претпријатија и на граѓаните во Алта Банка.

Ова е веќе видено сценарио од Србија. Апсењата се секојдневни. Наскоро ќе излезе целата вистина на виделина. Вучиќ рече дека тој ништо не потпишувал. Од тогаш, долг е редот на сведоци и соработници на правдата.

Славески, имаш уште малку време. Пријави го Мицкоски. Инаку во пријавата ќе бидеш ти обвинетиот. И ќе одговараш заедно со бандата.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја штитите бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

Славески, часовникот отчукува!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 9. до 16. ноември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 9. до 16. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 9. до 16. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако осаменоста не епо ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период , низ кој ќе треба доста тртезвеност за да се помине.

Кариера

Не претерувајте со вашите идеи , зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија , се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат . Ако ви е тешко , побарајте ведри луѓе.

Здравје и совет

Не правете ништо со сила.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања , ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат.

Кариера

Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не си ги поставувајте барањата премногу високо , зашто сте во фаза кога се соочувате со бројни предизвици , а енергијата ви е на минимум. Планирајте во мислите.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата потреба за друштво и натаму ќе биде изразена , па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања , но токму таа опуштеност би можелад а ви донесе нова љубов.

Кариера

Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку , почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа свертлост што ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат , па затоа отворете се.

Здравје и совет

Не се сомневајте во сопствените способности.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубомори , но и такви со поголем интензитет. Но како дошло , така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни.

Кариера

Ќе дејствувате на различни фронтови , но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното.

Здравје и совет

Ќе размислувате за смислата на животот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или пак во друга крајност , во студенило. Или секо момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија.Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа.

Кариера

Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку , ќе биде добро.

Здравје и совет

Бидете посмирени во однесувањето.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат , но некои и ќе се затвораат. Дури и истовремено.Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите штос е крие зад можностите.

Кариера

На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни.

Здравје и совет

Ќе имате доволно сила и издржливост.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете , најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин се ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи.

Кариера

Изгледа како да се разведрува , но никакот тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште опваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа.Затоа , работете го тоа полека и сигурно.

Здравје и совет

Игнорирајте ги критичарите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Добра атмосфера , вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате , како и наклонетоста на другата страна , ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние кои уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно.

Кариера

Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат.

Здравје и совет

Прво согледајте со што располагате, па потоа делувајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува , а потоа и насмевка ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и се ќе биде добро.

Кариера

Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , конструктивни , отворени , жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор.

Здравје и совет

Уживајте во животот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можеби понекогаш ќе ви се чинидека љубовта е далеку од вас. Сепак , таа е поблиску отколку што мислите , само што моментално не се покажува. Бидете мирни , трпеливи и упорни. Ако сте во врска , не форсирајте со изразување на емоции по секоја цена.

Кариера

Многумина ќе играат на сигурно , зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак , може малку и да рискирате. Не е се толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други , на кои воопшто не сте се надевале.

Здравје и совет

Не се заморувајте со ситници.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување бнадовербата во врските , но и за поотворени разговори. На некои , сепак , повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање.Повеќето ќе се чувствуваат добор.

Кариера

Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги , згора наас е и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите , направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е неможна , но засега не ви изгледа атрактивно.

Здравје и совет

Размислувајте долгорочно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак , понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд .

Кариера

Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд .Скромноста и еден вид срамнежливост , која ја ширите околу себе, ќе биде пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања.

Здравје и совет

Добро е да се биде искрен.Маските паѓаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се разбудија од кома полицајците, кои со своите тела направија жив штит во Краков (ВИДЕО)

Шест лица беа убиени, а 16 повредени во пукотница на главниот плоштад во Краков. 

Се разбудија од кома полицајците, кои со своите тела направија жив штит во Краков (ВИДЕО)

Меѓу повредените се осомничениот, 24-годишниот Михал О., и двајцата полицајци кои го запреле. Полицијата подоцна ги пронашла телата на неговите родители и сестра во неговиот стан во Островјец Свјетокржиски, па истрагата сега вклучува вкупно девет убиства.

Двајцата полицајци се разбудиле од кома, потврди портпаролот на обвинителството во Краков. Двајцата биле оперирани по пукањето. Две жени повредени на плоштадот оттогаш се пуштени од болница.

Полското државно обвинителство започна истрага за убиствата во Краков и Островјец. Доказите укажуваат дека истиот човек е одговорен за сите убиства. Обвинителите го истражуваат пукањето во Краков како кривично дело од терористичка природа, но тоа не значи дека мотивот е потврден. Истражителите сè уште го идентификуваат.

Родителите и сестрата пронајдени во станот

Телата пронајдени во станот им припаѓале на родителите и сестрата на Михал. Таткото имал 53 години, мајката 52, а сестрата 21 година. На телата се пронајдени повреди, за кои полицијата се сомнева дека се прострелни рани. Според првичните информации од обвинителството, членовите на семејството можеби биле убиени вчера, на денот на пукањето во Краков. Точниот редослед на настаните сè уште се утврдува.

Полицијата пронашла седум оружја во станот, а пребарува и други области поврзани со семејството. Истражителите проверуваат кому му припаѓало пронајденото оружје и дали е поврзано со убиствата.

Михал О. имал дозвола за оружје и, според досега објавените информации, немал претходни осуди, ниту бил регистриран во полицијата. Истражителите ја проверуваат неговата позадина, контакти и околностите под кои го набавил оружјето.

Полските власти претходно зборуваа за неговите радикални ставови и можна фасцинација со крајно десничарската идеологија, но не потврдија дека тоа бил мотивот за нападот.

Повеќе од 100 сведоци

Првиот извештај за пукањето стигна до службите за итни случаи во 15:15 часот, а потоа следеа речиси 40 повици. Градските чувари пристигнале на местото на настанот за помалку од две минути, а полицајците почнале да интервенираат во третата минута. Потоа дошло до размена на оган и потера по напаѓачот.

30 полициски патроли биле испратени во акцијата. Вкупно 1.146 полицајци, заедно со 24 противпожарни бригади и 62 пожарникари, учествувале во поврзаните интервенции и обезбедување на местото на настанот. Полицијата регистрирала повеќе од 100 лица како сведоци и ги поканила да ги предадат своите мобилни телефони и снимки од безбедносните камери.

Михал О. сè уште е во болница, под полициски надзор. Поради неговата здравствена состојба, обвинителите сè уште не можеле да го испрашаат или да спроведат други процедурални дејствија.

Меѓу шестемина убиени во Краков се четворица полски државјани, 32-годишен Британец и 51-годишна жена која не била полска државјанка. Нејзината националност сè уште не е објавена.

Меѓу повредените е и еден кочијаш. Нивното здружение соопшти дека двајца се борат за живот, а неколку други се сериозно повредени. Коњите што работеле покрај кочиите претрпеле површни повреди.

Национална жалост беше прогласена во Полска на 8 и 9 ноември, а жалоста во Краков трае до 11 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер