РецептиСупа со кнедли од брокулаБрзо, вкусно и лесно.. Состојки: 1 литар претходно сварена супа од месо или од кесичка 100 грама брокула 1 јајце 30 грама презла 1 лажица брашно 1 лажичка сув зеленчук Подготовка: Измијте ја брокулата, одделете ја на помали цветчиња и исечете ја на парчиња, ставете ги во тенџере исполнето со вода и сол. Оставете да зоврие, а потоа варете 5 минути. Процедете ги, а водата зачувајте ја . Оставете ги добро да се исцедат, во случај да не ги исцедите добро кнедлите ќе се распаднат. Ставете го јајцето со исцедената брокула во блендер и направете сос. Во посебен сад измешајте ги лебните трошки, брашното и зеленчукот, додадете ја смесата од брокула и добро измешајте сè.Ставете го тенџерето со вода во кое се вареше брокулата повторно на шпоретот, оставете да зоврие, потоа намалете ја температурата, само оставете да зоврие полека, направете кнедли со раце и спуштете ги во водата и варете ги само една минута. Извадете ги сварените кнедли со решеткаста лажица. Истурете ја претходно загреаната супа во секоја чинија, додадете ги кнедлите и сервирајте. Тагови: рецепт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром: Секојдневно се грижиме за чисти и уредни јавни површиниЕкипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно работат на терен и се грижат за хигиената во општината. Се косат тревниците, се чистат и уредуваат улиците и пешачките патеки, се собира отпадот, а се средуваат и дрвјата и гранките на повеќе локации. Паралелно, продолжува расчистувањето на дивите депонии, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите на Аеродром. Екипите континуирано работат на терен и навремено интервенираат на локациите каде што има потреба. Во исто време, се поставуваат нови и се обновуваат постојните клупи за седење, создавајќи побезбедна, поуредна и попријатна средина за секојдневно живеење и престој, а се спроведува и реконструкција на детските и спортските игралишта, со што се создаваат подобри услови за игра, спорт и рекреација за најмладите, но и за сите граѓани. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, апелира до граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека чистотата на општината е заедничка одговорност. „Чист и уреден Аеродром е заедничка грижа и придобивка за сите нас. Општината и комуналните служби продолжуваат секојдневно да работат на терен, но за трајно и одржливо решение е неопходно и одговорно однесување од секој поединец“, посочува Митески. За граѓаните кои имаат поголемо количество отпад од своите домови, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром стои на располагање за негово преземање и правилно депонирање во ЈП „Дрисла“, за минимален паричен надомест. Услугата може да се закаже на телефонскиот број 072 270 886.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураБалетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков на 19 септември во НОБНа 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков.На 19 септември 2026 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Балаж Лочеи (Унгарија) заедно со првенците, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Балетот „Шехерезада“, инспириран од легендарните приказни од збирката „Илјада и една ноќ“, претставува ремек-дело во балетската литература кое ја спојува магијата на ориенталните приказни, драматичната музика и раскошниот сценски израз. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и интригата, а ликот на Шехерезада носи мистерија и вештина што ја фасцинира публиката со секоја сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир МаалоОпштина Центар изведува градежни активности за поставување на нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков" и „Кеј 13 Ноември" во Маџир Маало. Со овој зафат се прошируваат капацитетите на водоснабдувањето и одведувањето на фекалните води. Вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри. Станува збор за целосно нова инфраструктура која ќе овозможи поефикасно и постабилно водоснабдување на околу 200 жители на населбата, како и подобро одведување на отпадните води. „Ја подобруваме инфраструктурата во интерес на граѓаните. Со овој проект жителите на Маџир Маало добиваат современо и сигурно водоснабдување и трајно решение за одведување на фекалните води", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со инвестициите во комуналната инфраструктура, со цел сите жители да имаат подобри и поквалитетни услови за живеење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter