Сулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследство - Канал 5

Сулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследство

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и министерката за култура на Грција, Лина Мендони, ја посетија црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, каде што се запознаа со резултатите од завршената конзервација на вредниот фрескоживопис на црквата.

Сулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследство

Присуството на грчката министерка за култура во Курбиново има особено значење, имајќи ја предвид успешната соработка меѓу институциите од двете земји, особено придонесот на грчките експерти во реализацијата на конзерваторските активности.

Конзервацијата е реализирана со стручна поддршка од експерти од Грција, ангажирани врз основа на Меморандумот за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, во соработка со експерти од Националната установа Завод и музеј – Битола.

На министерката Мендони ѝ беа презентирани значењето и вредностите на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како и културните и природните вредности на Преспанскиот Регион и значењето на неговото наследство за унапредување на соработката и поврзувањето меѓу двете земји.

На посетата беа присутни и директорката на Заводот и музеј – Битола, Маргарета Спасов и претставници на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, со што дополнително беше нагласена важноста на институционалната и стручната соработка во реализацијата на конзерваторските активности.

Министерот Сулејмани, истакнувајќи ја успешната соработка меѓу институциите и стручните лица од Македонија и од Грција, посочи дека завршената конзервација на фрескоживописот во Курбиново претставува конкретен резултат од размената на знаења, искуства и експертиза. Тој ја нагласи и важноста на присуството на министерката Мендони, како потврда за посветеноста на двете земји кон натамошно унапредување на соработката во областа на културата и заштитата на културното наследство.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е значаен споменик на средновековното културно наследство и едно од највредните сведоштва на византиската уметност од XII век на територијата на Македонија. Со своето исклучително културно и историско значење, црквата претставува важен дел од наследството на Преспанскиот Регион и значаен пример за потенцијалот на културното наследство да ги поврзува институциите и народите од двете страни на границата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата се скараат за состојбата на Студентскиот дом Стив Наумов

Нови оштетувања во целосно реновираниот Студентски дом Стив Наумов.

Власта и опозицијата се скараат за состојбата на Студентскиот дом Стив Наумов

Од СДСМ денеска на прес-коференција обвинија за несоодветно реновирање. Еден час подоцна во домот пристигна лично министерката за образование Весна Јаневска, која направи обиколка низ домот и констатираше дека условите се неспоредливо подобри од минатото... Таму беше и нашата Јана Велковска..

Јана ти беше исто во обиколка на домот, од каква природа се оштетувањата и кој ги направил?

Дали има некаков исход од разговите со владата за зголемување на судентскиот оброк?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори Бугарија: И односите со Македонија во фокусот на тв-дебата меѓу Јотова и Ѓуров

Односите со Македонија и францускиот предлог предизвикаа судир на ставови меѓу кандидатите за претседател на Бугарија, во синоќешната предизборна дебата на Бугарската национална телевизија.

Избори Бугарија: И односите со Македонија во фокусот на тв-дебата меѓу Јотова и Ѓуров

Во пресрет на неделниот втор круг од претседателските избори, се вжештува атмосферата меѓу двајцата кандиати за пртетседател на БУгарија, Илијана Јотова и Андреј Ѓуров, а македонското прашање повторно се најде во фокусот на кампањата.

Иако останаа единствени околу официјалната бугарска позиција кон Македонија, Јотова и Ѓуров разменија критики за начинот на кој бил постигнат европскиот консензус. Јотова порача дека Софија треба да го задржи досегашниот курс, оценувајќи дека од потпишувањето на договорот до денес нема подобрување на односите со Македонија. Нејзиниот противкандидат пак ја обвини за промена на ставот кон францускиот предлог, потсетувајќи дека тогаш остро ја критикувала Владата.

-Што се однесува до националната позиција, во мене гледате човек кој нема да отстапи ни еден сантиметар од тоа што е веќе договорено. И покрај тоа што Скопје прави многу сериозни обиди да стават настрана определени протоколи, сакам да напоменам нешто друго: кога г-дин Кирил Петков беше премиер, бугарската позиција буквално беше спасена во „5 до 12“, бидејќи тој сакаше да ја предаде бугарската позиција – изјави Јотова.

-Тогаш претрпевме многу напади и обвинувања дека се предаваат бугарските интереси. Сега кога веќе го имаме францускиот договор пост-фактум сите партии и во Европскиот парламент, а сега ја слушаме и г-ѓа Јотова го поддржуваат безрезервно, и се вели дека тоа е многу добро решение за Бугарија. Така што г-ѓо Јотова, кога сме искрени? Тогаш кога ги атакуваме своите опоненти, или кога гледаме дека тие дејства всушност и помогнале на бугарската позиција? Сега европската позиција е дека Бугарите треба да бидат вметнати во Уставот на Република Македонија и на тој начин да бидат заштитени правата на Бугарите во Македонија,- Андреј Ѓуров.

Наспроти пораките од Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 порача дека Владата ќе продолжи да ги брани националните интереси во евроинтеграцискиот процес. Според него, тешкиот пат кон ЕУ е последица на обврските што ги оставила претходната власт на СДСМ, но нагласи дека има легитимитет од граѓаните да се бори за македонските позиции.

Во пресрет на неделниот втор круг од претседателските избори во Бугарија, неизвесноста останува. Иако предизборните анкети предвидуваа убедлива предност за Илијана Јотова, првиот круг, кој го одбележа исклучително ниска излезност од само 22 отсто, покажа значително помала разлика. Според агенцијата „Мјара“, Јотова освои 35, а Андреј Ѓуров 31,9 проценти од гласовите. Нови релевантни анкети засега нема, но според бугарските социолози, пресудни за исходот ќе бидат излезноста и распределбата на гласовите од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривични

Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. 

Ветувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривични

„Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот.

-Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР.

Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер