Судското рочиште одложено- Штекли доби епилептичен напад - Канал 5

Судското рочиште одложено- Штекли доби епилептичен напад

Судското рочиште против Раде Трајковски Штекли и уште неколку лица обвинети за продажба на дрога е одложено откако Штекли доби епилептичен напад во судница.

Судското рочиште одложено- Штекли доби епилептичен напад

Нападот се случи пред самиот старт на денеска закажаното судско рочиште Раде Трајковски при што тој падна на под а веднаш реагираа присутните адвокати и затворски полицајци по што повикана беше и брза помош.

Докторите го информираа судот дека Штекли добил епилептичен напад но и дека одбил да прими терапија која се дава во такви случаи.

Судијата Илија Трпков првично одлучи судењето да продолжи го продолжи судењето во отсуство на Штекли но во присуство на неговиот адвокат кој ќе го известува за текот на постапката.

Неговиот адвокат Сашко Дуковски реагираше дека епилептичен напад на лице со констатирана епилепсија не може да биде нарушување на редот во судница и побара одложување на денешното рочиште. Следно е закажано за 9ти октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот Самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република Кореја. 

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството

Андоновски се обрати на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит и повика владите да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот до јавни услуги.

Во своето обраќање, Андоновски предупреди дека постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со различни приходи.

„Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и вештини можат забрзано да напредуваат, додека економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите“, истакна Андоновски.

Министерот нагласи дека достапноста на вештачката интелигенција мора да стане јасен развоен приоритет, а како можни механизми ги посочи заедничкото користење пресметковни ресурси, регионалниот пристап и националните програми за развој.

Во тој контекст, Андоновски го претстави значењето на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција. Преку неа, компаниите и јавните институции се поврзуваат со европски суперкомпјутерски ресурси, добиваат поддршка за развој на практични решенија и се создаваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.

Осврнувајќи се на суверенитетот на податоците, министерот истакна дека тој подразбира способност државата да ги развива и проширува сопствените дигитални решенија, да ги заштитува информациите на граѓаните и со доверба да соработува со меѓународните партнери.

„Можноста да се користат придобивките од вештачката интелигенција не смее да зависи од богатството на една држава или од приходите на едно семејство“, заклучи Андоновски.

На маргините на самитот, министерот Андоновски ќе оствари и билатерални средби со заминикот претседател на Светска банка, претставници на Република Кореја и колеги министри, на кои ќе разговара за продлабочување на соработката во дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележана десетгодишнината од Светскиот ден на поправки во Скопје

Поправките ги поврзуваат луѓето“-Одбележана десетгодишнината од Светскиот ден на поправки во Скопје.

Одбележана десетгодишнината од Светскиот ден на поправки во Скопје

Скопје, 18 октомври 2026 година —Здружението АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, МАТА (Македонска Артизанска Трговска Асоцијација) и Домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје, вчера го одбележа Светскиот ден на поправки — по трет пат во Македонија и по повод 10-годишнината од глобалната иницијатива. Настанот се одржа под овогодишното мото „Поправките ги поврзуваат луѓето“ и беше проследен со заеднички обраќања и две работилници за поправки.

„Вклучувањето на постарите лица не е само хуман гест — тоа е зачувување на знаење и мудрост. Затоа денес АРНО потпиша меморандуми за соработка со МАТА и со Домот за стари лица ‘Мајка Тереза’. Денес исто така најавуваме нови активности преку ИПА проект во рамки на кој ќе се учат вештини за поправки овде во „Ништо ново“, но ќе има и доста застапување, промовирање на македонски зелени бизниси и кампањи — за да покажеме дека поправките не се само прашање на лична еколошка свест, туку системска промена која е дел од европското законодавство“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Како долгогодишен партнер и поддржувач на центарот, од Општина Кисела Вода нагласија дека ваквите иницијативи се клучни за заедницата:

„Поправките не претставуваат само начин за продолжување на векот на предметите — тие ги спојуваат генерациите и овозможуваат вредна размена на искуства. Општина Кисела Вода продолжува да биде стабилен партнер, градејќи простор за креативност, едукација и меѓугенерациско поврзување. Нека овој јубилеј биде потсетник дека поправањето е одговорен чин: грижа за предметите, грижа за природата и, пред сè, грижа едни за други“, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалничка на Општина Кисела Вода.

Фокусот кон меѓугенерациското учење и меките вештини го надополнија и од МАТА:

„Денес МАТА е овде да го претстави проектот „Со рачни изработки до личен развој: Развој на меки вештини преку одржлива мода“ (Craft2grow), финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата. Проектот е директно поврзан со развој на меките вештини како ефективна комуникација, тимска работа, емоционална интелигенција и емпатија, и решавање на проблеми преку одржлива мода. Развивме прекрасни алатки кои се достапни на оваа платформа и секој може да ги користи. Се радуваме што ќе соработуваме со АРНО и што знаењето ќе се пренесува и понатаму“, изјави Катерина Златановска Попова од МАТА.

„Нашите корисници силно веруваат во идејата и мотото на Светскиот ден на поправки — ‘Поправи, не фрлај’ — бидејќи тоа секојдневно го живееме во нашиот Дом. Домот за стари лица „Мајка Тереза“ датира од 1964 година, а ние сме горди што нашиот мебел, инвентар и дел од опремата, и по толку години, се сочувани и функционални. Дел од нашите корисници знаат и умеат да поправат работи со сопствени раце, бидејќи тоа им е длабоко вкоренето во начинот на размислување. Преку секојдневните активности го намалуваме отпадот, штедиме ресурси и ја практикуваме оваа филозофија во три клучни области: електрониката, модата и мебелот. Нашата цел е преку соработката со АРНО и МАТА да добиеме поддршка. Секако, вклучувањето на корисниците во активностите директно ќе придонесе за нивна подобра социјализација и активен живот“, изјави Јорданчо Јосифов, раководител на Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Ова е трета година како АРНО го одбележува Светскиот ден на поправки во Македонија, надоврзувајќи се на претходните успешни акции — од собирање и поправање играчки донирани на семејства со помалку можности од Општина Кисела Вода, до минатогодишните едукативни кампањи посветени на софтверското застарување и грижата за дигиталните уреди.

Иницијативата Светски ден на поправки е координирана од The Restart Project и меѓународни мрежи, кои преку собирање податоци и долгогодишен активизам се едни од клучните двигатели во борбата за промена на европското законодавство. Имено, од 2027 година во Европската унија батериите на телефоните ќе мора да се менуваат лесно, гаранциите за уредите ќе траат подолго, а резервните делови ќе бидат достапни по разумни цени.

Одбележувањето на Светскиот ден на поправки заврши со свечено сечење на торта и две практични работилници за возрасни — учење на традиционалната јапонска Сашико техника со дизајнерката Ирина Тошева, како и работилница за креативни поправки на текстил, водена од Оливија Георгиевска од МАТА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната

Засилувањето на НБА тимот, Сакраменто, Бен Симонс, ќе мора да направи долга пауза откако на тренинг ја повреди Ахиловата тетива.

Бен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната

Сакраменто доби исклучително лоши вести. Само неколку дена пред почетокот на лигашкиот дел од сезоната, „Кингси“ останаа без своето летно засилување – 30 годишниот Бен Симонс ја скина десната Ахилова тетива за време на тренинг.

Според првичните прогнози, тој ќе ја пропушти целата сезона. Симонс, скршен по несреќниот настан, се огласи на социјалните мрежи, обидувајќи се да најде утешни зборови за себе, за својата кариера и за навивачите, ветувајќи дека ќе се врати на теренот посилен отколку што беше пред повредата.

„И претходно сум се соочувал со предизвици што ме ставале на тест – ментално, физички и емоционално – но секојпат успевав да најдам начин да ги надминам. Оваа повреда е само уште едно поглавје на мојот пат, а не крај на мојата приказна. Никогаш не е лесно да се биде надвор од теренот и далеку од играта што ја сакам, особено по сè низ што поминав за да се вратам. Сепак, ако сум научил нешто, тоа е дека човекот не е дефиниран од тешкотиите со кои се соочува, туку од начинот на кој реагира на нив. Сум паѓал и претходно, но секогаш сум наоѓал начин повторно да станам. Овој пат нема да биде поинаку“, заклучи тој.

Отсуството на Симонс од теренот не претставува проблем само за играчот избран во првата рунда на драфтот во 2016 година, туку и за екипата на Кингс.

Австралиецот, требаше да и се врати на кошарката и повторно да го демонстрира својот раскошен талент, откако ова лето потпиша едногодишен договор вреден 3,5 милиони долари.

Минатата сезона тој беше дел од Клиперс, но ја пропушти целата година поради закрепнување. Во подготвителниот период тој го пронајде својот ритам, бележејќи просек од 10,5 поени, четири скока и четири асистенции. За жал, Симонс уште еднаш покажа дека едноставно нема среќа. Бројни повреди и проблеми го оддалечија од теренот – местото каде што се очекуваше тој да испише историја во НБА. Неговиот статус како прв пик на драфтот го наговестуваше тоа, но повредите на грбот, проблемите со менталното здравје и многу други препреки му застанаа на патот на Бен Симонс.

Според тоа, Сакраменто ќе мора да ја започне новата сезона без Симонс; првиот натпревар е закажан за ноќта меѓу среда и четврток, во 4:30 часот наутро. Проблем за Кингс не е само Австралиецот, туку и Малик Монк, кој заработи повреда на глуждот. Максим Рено и Дилан Кардвел се надвор од терените до ноември, па така, ситуацијата во која се наоѓа тимот е далеку од идеална.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер