Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
1Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село
СветСудскиот врв на Иран бара јавни и брзи пресуди за „предавниците“ Шефот на иранското правосудство Голам-Хосеин Мохсени-Ежеи упати жестоко предупредување до сите што соработуваат со Израел, нарекувајќи ја таквата соработка акт на предавство што ќе биде најостро казнет.- Без попустливост и со полна решителност, ќе се изрекуваат најстроги казни во најбрз можен рок, изјави тој денеска. Соработката со Израел или со странски разузнавачки служби во Иран често се казнува со смртна казна. Мохсени-Ежеи повика на итни судски постапки и брзо извршување на пресудите, особено во контекст на воената состојба. Инаку, денеска беше егзекутиран уште еден маж осуден за шпионажа за Израел. Тој бил уапсен во 2023 година и осуден според исламскиот закон за „војување против Бог“ и „расипништво на Земјата“. Ова е трета егзекуција за шпионажа во последните неколку месеци, во услови на ескалација на судирот меѓу Иран и Израел, особено по масовните израелски воздушни напади кои почнаа во петокот. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отвореноНа возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури. Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Неготино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново СелоФилипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село, нервозен е затоа што е разобличен.Кога станува збор за СДС и актуелното раководство нема ништо ново освен лаги и манипулации во јавноста. А кога ќе бидат фатени е тогаш стануваат нервозни, зборуваат нелогични работи. Венко Филипче во Ново Село кога ВМРО-ДПМНЕ имаше настан одлучи да прати насилници, трговци на дрога да прават инцидент. Дополнително едниот од нив излезе и самиот ја потврди тезата, односно нашите кажувања. Е сега Филипче е нервозен. Нормално ќе е нервозен кога ова е една од ситуациите во која талогот исплива на површина. Лицата пратени во Ново Село од Филипче не можат да бидат иднина на Македонија. Тие се олицетворение на лицата Зоран Заев, Венко Филипче и слично. За Заев на цела јавност и е јасно дека е аболициран криминалец. За Филипче од каде да се почне му изгореа живи 14 лица во модуларната болница во Тетово, загинаа 16 лица во несреќата кај Ласкарци поради неорганизираниот здравствен систем, за време на корона починаа околу 10 илјади граѓани. Освен овие деца во Ново Село, кои така ги нарекува Филипче, талог во општеството се и лицата кои ја водеа седум години државата. Одговорност нема поради фактот што Заев заедно со другарот Филипче имаат се уште влијание во правосудниот систем. И наместо да се засрамат и да прекинат со срамните и опасни дејствија во општеството, тие продолжуваат по лошиот пат не само што продолжуваат, туку тонат одејќи по истиот пат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook