Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии со критика до Мицкоски – престанете со нападите кон нас - Канал 5

Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии со критика до Мицкоски – престанете со нападите кон нас

Судството и обвинителството ќе добијат свои посебни буџети со кои ќе бидат целосно финансиски независни од извршната власт, согласно ззабелешките во Известашјот на ЕУ. 

Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии со критика до Мицкоски – престанете со нападите кон нас

Колкави ќе бидат тие буџети и дали ќе се одредуваат како процент од БДП се уште не е пзонато, но премиерот Христијан Мицкоски најави дека компаративните анализи набрзо ќе завршат и законите ќе бидат донесени до Нова година. За ова тој вчера имал состанок и со министрите за надворешни работи, европски прашања и финансии, како што посочи, се барал соодветен модел.

-Ќе го добијат тоа. Еве јавно кажувам ќе го добијат тоа, откако ќе ја направиме деталната анализа и како е тоа во современите земји. Сами нека вработуваат, сами нека унапредуваат, сами нека се гржат за сите оперативни трошоци, сами нека си даваат плата во рамките на Буџетот којшто ќе биде процент онаков каков што е во неколку примери којшто ги дефиниравме. Само една работа ќе бараме- одговорност. За потрошениот денар, народни пари. Тоа ќе го направиме до Нова Година и ќе ги донесеме законите. Еве јас како претседател на Владата сум прв за тоа да го добијат, да видиме тогаш што ќе пречи и очекувам исто така да излезат од Брисел и да кажат браво, изјави Мицкоски.

Судската фела претходно во отворено писмо до премиерот остро реагираше за неговите изјави од изинатиов период. Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии во заедничко јавно писмо наведуваат дека последниот извештај на Европската комисија, јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, а во оваа смисла платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност.

-Господине Премиер, веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите, се наведува во Соопштение на Судски совет, Врховен суд и Здружение на судии.

Мицкоски ваквите прозивки од судската фела не сакаше да ги коментира, рече дека остава на граѓаните да кажат дали се задоволни од нивната работа.

-Јас нема да давам одговор на таков тип дописи, оставам јавноста да каже. Еве граѓаните нека кажат дали се тие задоволни од испораката на правда во Македонија. Еве јас ќе молчам, изјави Мицкоски.

Согласно сегашниот закон, за судството треба да се определуваат по 0,8% од БДП, што би значело околу 115 милиони евра, но со Буџетот за следната година предвдиени се само 45 милиони евра или околу 0,3% од БДП. Дали со новите закони што ги најавува Мицкоски, оваа сума ќе биде зголемена, останува неизвесно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Турција успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија.

Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи од истоимениот антички град.

Враќањето е резултат на правните и научните активности на Министерството за култура и туризам на Туркије. Особено значаен беше случајот од мај 2026 година, кога американска аукциска куќа понуди на продажба артефакти со потекло од Анадолија. По доставувањето научни докази и документација до Обвинителството на округот Менхетен и Службата за истраги на домашната безбедност на САД, продажбата беше запрена, а предметите беа вратени во Турција

На претставувањето присуствуваше и Метју Богданос, заменик-обвинител на округот Менхетен и раководител на Одделението за борба против трговијата со културни добра. Министерот Ерсој ја истакна поддршката на американските институции, Министерството за надворешни работи на Турција и Генералниот конзулат на Турција во Њујорк, упатувајќи благодарност и до „Туркиш ерлајнс“ за безбедниот транспорт на артефактите.

„Нашата цел не е само да ги преместиме артефактите од една изложбена витрина во друга, туку повторно да ги разгледаме во контекст на нивните приказни и културната средина на која ѝ припаѓаат“, изјави Ерсој, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи со борба против нелегалната трговија со културни добра.

Меѓу вратените предмети се издвојуваат 40 артефакти од локалитетот Хорозтепе, во покраината Токат, датирани меѓу 2300 и 2000 година пред нашата ера. Колекцијата опфаќа церемонијални музички инструменти, оружје и метални садови, кои сведочат за развиените металуршки вештини во Анадолија за време на раното бронзено време. Тие беа вратени речиси 70 години по ограбувањето.

Особено вредни се 44-те архитектонски плочи од теракота од селото Дивер, во покраината Бурдур, вратени од колекцијата на Музејот „Џ. Пол Гети“ во Лос Анџелес. По претходните враќања предмети од истиот локалитет од САД, Данска и Музејот на ликовни уметности на Вирџинија, овие плочи во претстојниот проект ќе бидат обединети со другите артефакти од Дивер што се чуваат во Археолошките музеи во Истанбул.

Изложбата „Нема излез: Бубон“, пак, ја раскажува приказната за бронзените статуи од античкиот град Бубон, во близина на селото Ибеџик, во покраината Бурдур, кои биле ограбени за време на нелегалните археолошки ископувања во 1960-тите години и незаконски изнесени од Турција. Статуите потекнуваат од Себастејонот, светилиште посветено на римските императори и царското семејство, а нивните делови со децении биле чувани во различни земји и меѓународни колекции. Нивното потекло и меѓусебна поврзаност биле потврдени преку споредување на трагите од спојување на стапалата со камените постаменти, како и анализи на почвата и анализи на изотопскиот состав на оловото. Деловите од статуите, чии глави, торза и екстремитети со децении биле во различни меѓународни колекции, повторно се обединети. Меѓу нив се и бронзените статуи на римските императори Луциј Вер, Септимиј Север, Каракала и Марко Аврелиј.

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози. Со враќањето на 100-те артефакти и повторното обединување на бронзените статуи од Бубон, Турција продолжува со напорите за зачувување, проучување и враќање на своето културно наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер